Контакт

Македонија

ДУИ се оградува од пукањето на партиските собири, изјави премиерот

Објавено пред

Челниците на ДУИ, кои работат во Владата, се оградиле од пукањето во Тетово и Желино, но и во Чаир, за време на нивните партиски собири.

Премиерот Зоран Заев повика МВР да постапува и да открие кој славеше со пукање во воздух среде маса луѓе, партиски поддржувачи.

Заев повика полицијата да постапи во секој ваков случај и да ги открие сторителите посочувајќи дека веќе се работи на тоа.

„На состаноците со нив, бидејќи секојдневно работиме заедно, тие се оградуваат. Тие повикуваат МВР да си постапи по сите вакви случаи бидејќи треба да ги одвратиме. Прво, не мислам дека тоа некому му носи добро. Тоа одвраќа гласачи, поддршки, позитивен амбиент. Второ, тоа е кривично дело. Тоа е нарушување на јавниот ред и мир. Веројатно и злоупотреба на законот за оружје. МВР ги има веќе снимките, објавени се и истражува за точно да ги најдат сторителите. Јас апелирам до граѓаните, ако имаат снимка од тоа, да помогнат во истрагата. Буквално анонимно, не мора да се знаат. Дел од истрагата се води не само со анализа на самата снимка и кој тоа го направил, туку треба и дополнително да се помогне за да се утврди идентитетот на група, лице и слично“, рече Заев.

Првата снимка од пукање за време на изборен собир на ДУИ се појави пред два дена. На неа се гледа дека додека актуелниот пратеник Изет Меџити зборува на митингот, од страна едно лице крева пиштол во воздухот и пука. Ова не е првпат ДУИ да слави со пукање.

Македонија

(Видео) СДСМ: Ништо не е готово за мнозинството во Советот на Град Скопје

Објавено пред

За мнозинството во Советот на Град Скопје ништо не е завршено. Битката во Скопје е во недела, по што ќе видиме кој има реално мнозинство, рече Љубица Јанчева од СДСМ како реакција на денешните изјави од ВМРО-ДПМНЕ дека парламентарната опозиција во македонското собрание, согласно бројот на освоени гласови, има апсолутно мнозинство градскиот совет.

Меѓутоа, според Јанчева, денешните изјави само потврдиле дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се едно исто.

„Како што знаете ќе има прегласување на едно место во Шуто Оризари и во зависност од резултатот може да дојде до нов распоред на советничките места.

Дополнително, сите независни листи, реалните гласови на граѓаните не можат да бидат надвор од Советот на Град Скопје, СДСМ ќе ги вклучи и нив.

Во недела е потребно обединување на демократските, прогресивните сили во Скопје, во недела е потребно обединување на гласот за напредок.

Да не дозволиме остатоците од режимот здружени со лажните левичари да добијат можност да го уништуваат Скопје како што тоа го правеа 27 години“, порача Јанчева додавајќи дека Скопје мора да продолжи да се развива, да се гради како европска метропола, а не, како што рече, како метропола на кичот и барокот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Теранова тврдеше дека бил пратен од Мијалков, а адвокатот кај што бил рече дека нему му се претставил во име на Груевски

Објавено пред

Серјожа Марков, сведок во “Плацеви на Водно” негираше дека Александар Ивановски-Теранова потпишувал документи во адвокатската канцеларија “Марков-Чукиќ”. Тој спротивно на сведочењето од Ивановски-Теранова, кажа дека истиот немал оставено бланко потписи. Според Марков, ниту нотар би дозволил да се прифатат бланко потписи, без странката да биде запознаена со документот кој го заврува.

“Алек Теранова ми приложи полномошно со сите потребни документи за основање домашно друштво со странски капитал. Јас имам адвокатско друштво со повеќе адвокати специјализирани за одредени области. Од моментот кога дојде Алек кај мене во канцеларија, а инсистираше да биде лично со мене, со тврдење дека не е за преку телефон, ми образложи каква правна помош му е потребна, повикав адвокат кој работи во областа на статусно право. Тој кога дојде кај мене приметив ароганција, а пред да ми каже за што е работата рече дека е пратен од премиерот Никола Груевски и дека тоа го работи за него”, рече Марков.

Марков во својство на сведок, кажа дека Александар Ивановски – Теранова, се повикувал на авторитети, односно дека се завршуваат работи за Никола Груевски, тогашен премиер.

“Ми најави дека директор ќе биде Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски. Не го познавав лично Новачевски, но ми најави дека ќе дојде во следните денови. Присутна беше адвокатката Менка, и кажав со нејзе да ја видат коресподенцијата. Неа и кажав директно да го известува Алек Ивановски на писмено. Во наредните денови дојде Ристо Новачевски, јас излегов, се запознав, средбата не траеше повеќе од три минути. При првата средба со Алек Ивановски, имајќи во предвид авторитетот, му реков дека услугата ќе биде бесплатна. Но го замолив да ги плати трошоците кои како што се сеќавам беа за превод, како и нотарските трошоци за заверка. Нотарските не можам да се сетам, мислам ги платија директно кај нотарот, а за преводи, бидејќи не беа платени, а ја добив поплали, дадов налог да се платат од мојата канцеларија”, рече сведокот.

По ова, Мијалков му поставуваше прашња на сведокот Сержоја Марков.

“Дали можам да заклучам дека сведокот на првата средба не потпиша ништо?”, праша Мијалков, а Серјожа рече: “На првата средба немаше предавање документи. Во целата постспка нема никакво потпишување во нашата канцеларија. Целата документација се заведува преку нотар. Немало што да се потпише, тој дојде без документ. За оваа работа кај мене не се јави никој друг освен Алек и Ристо”.

Претходно, по тврдењето дека не потпишал никаква одлука поврзана со фирмата “Сирах инженеринг” и “Сирах лимитед”, освен полномошното, адвокатот Сашко Дуковски бранител на Ристо Новачевски, му предочи на сведокот Александар Ивановски-Теранова и други документи на сведокот каде стои неговиот потпис. За нив, сведокот рече дека не ги знае, а дека потписот е негов, најверојатно оставен на бланко лист.

“Ќе се согласите дека сте запознаени со одредбите на ова полномошно?”, праша Сашко Дуковски, адвокат на Ристо Новачевски.

“Со овие одредби до крај не сум бил запознаен. Ми беше кажано само дека овластувам некој да отвори компанија ќерка во Македонија”, кажа Александар Ивановски-Теранова.

“Ќе се согласите дека потписот на крајот е вашиот, каде се наведува дека сте полномошник на фирмата ‘Сирах лимитед’ од Белизе?”, рече Ивановски-Теранова, а тој одговори: “Да”.

“Во одредени ситуации кај адвокатите се оставаат бланко потписи. Овие одлуки сега првпат го гледам”, рече Ивановски-Теранова откако му беа предочени и други документи освен полномошното за кое тврдеше дека е единствено нешто што го има порпишано за фирмата “Сирах инженеринг” и нејзино основање во Македонија.

“Како полномошник на ‘Сирсх лимитид’, сте потпишале одлука за избор на управител”, праша Дуковски, а сведокот одговори: “Ова е мој потпис најверојатно оставен бланко. Нема логика да поставам управител кој не го познавам”.

Прикажи повеќе...

Македонија

Седумнаесетгодишна пациентка почина од коронавирус

Објавено пред

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово од коронавирус почина 17-годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар. Според информациите од Министерството за здравство, младата пациентка имала хронично заболување јувенилен Diabetes Melitus Tipe 1 и не била вакцинирана.

Тегобите кај пациентката биле девет дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје. Според лекарските извештаи, на 18.10, пациентката за првпат побарала лекарски преглед во болницата Битола, каде што била примена со ниска сатурација, отежнато дишење и болки во телото и мускулите.

Овие симптоми ги имала неколку дена пред да побара лекарска помош.

Поради сериозност на состојбата задржана е во болница и поставена на перманентна кислородна поддршка. За пациентката, поради тежината на состојбата, возраста и коморбидитетите, веднаш е организиран транспорт на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

На 19.10 пациентката со возило на итна помош е донесена на Клиниката во многу тешка состојба. Во тек на престојот дошло до прогресивно влошување на состојбата, а во текот на вчерашниот дена драматично се влошиле виталните параметри на пациентката, што довело до срцево белодробно попуштање.

„И покрај сите преземени дијагностички, тераписки и реанимациони мерки пациентката денеска во раните утрински часови почина“, велат од МЗ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Седумнаесетгодишна пациентка почина од коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово од коронавирус почина 17-годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар. Според...

Македонија3 часа

Борисов: Гарантирам дека нема да преговараме со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде во Уставот

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов истакна дека нема да има преговори со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде внесено...

Македонија4 часа

Арсовска: Срамно е што моето семејство станува цел на црната кампања

Ниската црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го моето најтесно семејство, реагира независната кандидатка за градоначалничка...

Македонија4 часа

(Видео) Петровска: И сопругот на Данела Арсовска има бугарска лична карта

СДСМ објави дека и сопругот на кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, има бугарска лична карта....

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на Град Скопје, рече Митева

Парламентарната опозиција во македонското собрание согласно бројот на освоени гласови на претстојните локални избори има апсолутно мнозинство во Советот на...

Македонија4 часа

Судење за „Плацови на Водно“ – сведок кажуваше како се купувале плацовите и становите на Груевски

Александар Ивановски-Теранова, во својство на сведок во случајот „Плацови на Водно”, посочуваше како биле купувани плацовите, но и становите на...

Забава6 часа

Пиштолот на Алек Болдвин испукал оловен проектил, вели шерифот

Револверот „колт“ со калибар 45, користен на сетот на филмот „’Рѓа“, не бил темелно проверен пред да му го дадат...

Македонија6 часа

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела, на 31 октомври 2021...

Свет7 часа

Рекордни 48 милиони внатрешно раселени лица во светот

Бројот на внатрешно раселените лица поради конфликтот ширум светот достигна 48 милиони на крајот на 2020 година, што е највисока...

Регион8 часа

Во Србија сè поголем број деца заразени со Ковид-19, на респиратор приклучени и бебиња

Уште 64 лица починаа од инфекција со коронавирус во Србија вчера. Истиот ден шест деца биле приклучени на респиратор и...

Европа8 часа

(Видео) Ураганот продолжува да ја уништува Сицилија, драматични сцени од поплави

Југот на Италија се подготвува за уште два дена разорни дождови и поплави, додека реткиот медитерански ураган наречен Медикен го...

Свет19 часа

(Видео) Тројца ракувале со пиштолот со кој пукаше Болдвин – пронајден смртоносниот куршум

Полицијата тврди дека поседува куршум испукан од пиштолот што го користел актерот Алек Болдвин кога случајно ја застрела и уби...

Македонија24 часа

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет1 ден

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија1 ден

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија1 ден

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет1 ден

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион1 ден

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија1 ден

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Досие