Контакт

Македонија

ДУИ ќе го проверува спроведувањето на Тиранската платформа?

Објавено пред

ДУИ ги повика лидерите на албанските парламентарни партии на состанок утре во „Александар Палас“ за да ја разгледаат заеднички имплементацијата на т.н. Тиранска платформа или барем она што остана од неа.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението од ДУИ , во согласност со „Заедничка декларација на албанските политички партии донесена на 7 јануари оваа година“ и обврските што произлегуваат од неа се повикуваат лидерите на четирите парламентарни албански партии да дојдат на редовниот состанок и заеднички да го оценат процесот на имплементацијата.

Според најавите од ДУИ, наскоро во парламентарна процедура треба да се најде законот за употреба на јазиците.

Македонија

МО за Ковачки: Кривична одговорност ќе има и за сторителите но и за организаторот и поттикнувачот на овој криминал

Објавено пред

Министерството за одбрана како и досега професионално и одговорно ги извршува своите задачи и транспарентно известува за сите случувања, посочуваат од ова министерство по напишаното од страна на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој информирше дека од Министерството за одбрана биле украдени документи со назнака „строго доверливо“, и побара одговорност од Славјанка Петровска.

dobivaj vesti na viber

„За случајот со кражбата во одделението за одбрана кое е привремено сместено во просториите на Јавно претпријатие, отворена е истрага од релевантните надлежни организациони единици во Министерството за одбрана кои во соработка со МВР треба да ја завршат оваа постапка. Во однос на обвинувањата на политичката партија претставена од поранешниот припадник на Армијата а сега пратеник Ковачки, информираме дека кривична одговорност ќе има и за сторителите но и за организаторот и поттикнувачот на овој криминал. Во однос на тоа со каков степен на класификација се документите никој не може да зборува пред да се заврши истрагата“, велат од МО.

„Го повикуваме пратеникот Ковачки да се воздржи од ширење дезинформации и да ги прочита законските прописи кои изминатиот период покажа дека не му се јака страна. Ја известуваме јавноста дека не станува збор за документи кои можат да наштетат на виталните интереси на државата, бидејќи такви документи нема во компјутерите на подрачните одделенија за одбрана“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: МВР е целосно отворено за соработка со Црвениот крст во справувањето со хуманитарните последици на миграциите

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Струга присуствуваше на настан посветен на отпочнувањето со реализација на регионалната програма за миграции – Хуманитарен аспект на мешани миграциски текови, во организација на Црвениот крст на Македонија, поддржана и финансирана од страна на Швајцарскиот Црвен крст, Швајцарската Агенција за Развој и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

dobivaj vesti na viber

На настанот присуствуваа и претставници од Македонско здружение на млади правници, Министерството за труд и социјална политика, Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, Меѓународната организација за миграции, Центарот за управување со кризи, како и универзитетски професори. Министерот Спасовски се заблагодари на Црвениот крст на Република Северна Македонија за поканата да биде говорник на денешниов настан на тема која што, како што рече тој, по својата специфичност, по сложеноста, но и според потребата за еден мулти институционален и не само државен, туку и меѓународен пристап, објективно заслужува да биде предмет на постојан заеднички ангажман.

„Како што, впрочем, беше миграциската криза од 2015/2016 година, кога низ територијата само на нашата држава, како дел од т.н. „Балканска миграциска рута“ кон крајната цел – западноевропските земји – минаа помеѓу 800.000 до 1 милион мигранти од Блискиот и Среден Исток и од северна Африка”, истакна министерот Спасовски, потенцирајќи дека заради првичната глобална неподготвеност да се проценат реалните димензии на кризата, во прв план беа ставени хуманитарните прашања.

„Она што многу брзо се сфати е дека е потребен систем, мултилатерален, и по содржина и по функција, кој може да превенира, администрира, документира, и секако – да згрижи”, заклучи министерот Спасовски, при што рече дека Македонија во изминативе неколку години, во соработка со земјите од регионот, со Европската Унија, со низа релевантни меѓународни асоцијации и организации специјализирани за проблематиката со миграциите, активно учествуваше и се етаблираше како важна алка во креирањето и градењето на нови нормативни, системски и други мултилатерални решенија во насока на подготвеност при евентуални слични мигрантски кризи.

„И во сите тие идеи и концепти важно место имаат институциите со веќе етаблиран кредибилитет во кризно-хуманитарната сфера, како што е впрочем и Црвениот крст, кој што по природата на своето постоење и ангажман секогаш е на самиот врв на кризното менаџирање. Оттаму, дозволете ми да ја изнесам својата лична констатација – дека натамошната активност на Црвениот крст и во делот на миграциите, во конкретниов случај реализацијата на Програмата за миграции – Хуманитарен аспект на мешани миграциски токови, не само што е потребен, туку и неопходен”, рече Спасовски.

Истакна дека Министерството за внатрешни работи е целосно отворено за соработка во натамошното развивање на капацитетите на Црвениот крст, да помогне со практични искуства и стручни согледување, а во интерес на остварување на благородните мисии на Црвениот крст. „Во конкретниов случај, тоа е справувањето со хуманитарните последици на миграциите, за зачувување на човечкото достоинство и човечкиот живот, како што тоа го налага меѓународното право, односно Женевските конвенции“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски со раководството на Синдикатот на УКИМ – во фокусот зголемувањето на платите

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски и министрите за финансии и за образование и наука, Фатмир Бесими и Јетон Шаќири, денеска се сретнаа со раководството на Синдикатот на УКИМ.

dobivaj vesti na viber

Тема на состанокот беше барањето на Синдикатот на УКИМ за зголемување на платите на професорите и потпишување посебен колективен договор за УКИМ независно од веќе постојниот колективен договор со СОНК потпишан минатата година.

На состанокот од страна на премиерот и на министрите беше истакнато дека навистина треба да се цени и вреднува работата на професорите, но и дека мора да ги имаме и предвид состојбите во државата во услови на економска криза.

Исто така, беше посочено дека во изминатите четири години платите на вработените на универзитетите се зголемени вкупно 20 %, односно 5 % од септември 2019 година, 8 % од септември 2021 година и 7 % од септември годинава. Исто така, од страна на премиерот и министрите беше посочено дека ќе се направат детаљни анализи и пресметки за да продолжи зголемувањето на платите во високото образование и наука и в година, но и беше побарано од Синдикатот да се направи реорганизација на факултетите и воведување нови атрактивни студиски програми, кои ќе ги зголемат сопствените приходи на високообразовните установи.

Владата, освен што работи на зголемување на платите во образованието, работи и на унапредување на научноистражувачките проекти за јавните научни установи, но и за набавка на опрема за лаборатории, акредитација на лаборатории за научноистражувачка дејност, информираат од владиниот кабинет.

Дополнително, ги вративме и воведовме нови стипендии за постдипломски и докторантски студии во државата. Со оваа политика на стипендирање ги поттикнуваме успешните студенти да се надградуваат и да се занимаваат со научноистражувачка работа, но и да останат во државата како кадар на универзитетите и институтите.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа23 минути

Вучиќ: Ни претстои најтешкиот период, можеби дури и потежок од деведесеттите години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствувајќи на презентацијата на комплетот книги „Собраните дела на Милорад Екмечиќ“ во Домот на вооружените...

Македонија2 часа

Обвинителството: Зеќири го оштетил буџетот за речиси 1,5 милион евра, парите завршиле во приватни фирми

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службената положба...

Економија3 часа

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја...

Свет3 часа

Бербок го обвини Путин за терор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е подготвен за мировни...

Свет4 часа

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со тешки последици, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ...

Свет6 часа

Азербејџан ја гранатира Ерменија, нови судири на граничниот премин меѓу двете земји

Азербејџанските војници синоќа со минофрлачи и мало оружје ги гранатираа граничните позиции на Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија....

Свет6 часа

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украински региони, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Ко Сон Хуи...

Свет6 часа

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Јан, кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Јан на Флорида и во Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови вторпат...

Свет6 часа

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет7 часа

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансира проектил

Откако Северна Кореја лансира ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет7 часа

(Видео) Северна Кореја лансира проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја лансира балистичка ракета, која утринава прелета над Јапонија првпат по пет години, што предизвика предупредување до населението на...

Регион19 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа21 час

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет21 час

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија1 ден

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија1 ден

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија1 ден

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија1 ден

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...