Македонија
Д-р Живко Груевски: Изборна пловидба со „Титаник“ за кочничарите на прогресот во Струмичко

Д-р Живко Груевски:
Неколкумина лидери на граѓанското здружение „Здрава котлина“ од Струмица еуфорично одлучија да облечат два-три броја поголеми „политички костуми“ и активно да учествуваат на овие локални избори со нагласени лични амбиции за себе да обезбедат платени политички функции во советите на општините Струмица, Босилово и Ново Село. Логично, за нив гласаа нивните фамилии и блиски пријатели, но како што се очекуваше рационалното одлучување и разумот преовладаа кај мнозинството од нивните сожители. Имено, огромен број или околу 95 проценти од жителите на овие општини кои го искористија правото на глас, јасно им порачаа „Стига е!“ или доста е за најголемите кочничари на прогресот и изградбата на просперитетни и економски стабилни општини, регион и држава.
Наместо далеку поодговорен и поинвентивен настап на позитивна граѓанска конструктивност, со монотоното повторување на небулозните, апокалиптични сценарија, говорот на омраза преку агресивните повици на граѓански бунт – по секоја цена да се забрани и спречи изградбата на „Рудникот на смртта“ (??), тие се самопотопија во живиот песок создаден од нивната деструктивна мисла, лична злоба и фрапантна доза на незнаење.
Нивните сожители јасно им порачаа дека по петгодишното манифестирање на лажна загриженост и евтин популизам со кој во континуитет го труеја јавното мислење, нема и понатаму да дозволуваат да ги заведуваат и да им ја „убиваат“ иднината. Одлучија со својот глас да ги поддржат визиите и понудените проекти од кандидатите за градоначалници и нивните советнички листи каде со слободен избор препознаа реално остварливи патишта кон прогрес и подобар живот во нивните општини – Сега и веднаш! Околу 95 проценти од гласачите одбија да го следат ретроградниот патоказ за „status quo“, поставен од оние кочничари на развојот кои единствено им ветуваат продолжено живуркање или преживување, а не конечно остварување на едно од основните човекови права и цели за среќен и достоинствен живот.
Како директни последици од глобалната ковид-криза со епски пропорции, во актуелниве времиња кога секој разумен човек е сосема оправдано загрижен за егзистенцијалните проблеми во сегашноста и непосредната иднина, евалуирајќи ги експертските предупредувања за очекуваната голема енергетска криза, порастот на цените на сите производи и нагласени инфлаторни предизвици, нивната празна реторика и заплашувачките пароли кои се базираат на крајно паушални и лаички проценки, се најблаго речено – длабоко неодговорни!
Се прашувам уште колку генерации ќе треба да потрошиме за да ја стекнеме потребната мудрост и знаење дека вистинската формула за ефикасно подобрување на условите за живеење е всушност во безрезервната подготвеност за промени, за брза и конкретна акција во реализација на приоритетните проекти. Високите достигнувања за поквалитетен живот на граѓаните и забрзан економски развој, не се остварливи доколку останеме заробени од говорот на омраза, радикално негативистичкиот и исклучив пристап. Токму овие тројца „инстант“ политичари со платени функции во трите општински совети, мораат прво да го пронајдат одамна изгубениот пат во сопствените заблуди и вкоравени предрасуди со чие промовирање несвесно нанесуваат само зло на нивните сожители. Со заложбите против промени само го засилуваат чувството на бесперспективност, посебно за помладите генерации кои во недостиг на робусни инвестиции во економијата ја изгубија надежта за посветла иднина и во огромен број се иселија во странство или, пак, се подготвуваат за тој трауматски процес.
Имам чувство дека овие локални избори претставуваат евидентен пораз за нивната популистичка опсесија – борба по секоја цена да ја спречат реализацијата на една од најголемите странски инвестиции во земјава, френетично тврдејќи дека се единствените веродостојни претставници на интересите на сите (?) жители од Струмичкиот и под Огражденскиот Регион. Со неподнослива леснотија ги етикетираат сите оние кои ете се одважиле да имаат различно мислење и став од нивниот, како „расипани и корумпирани профитери кои немаат капацитет да размислуваат со своја глава“ (?). Упорно ја игнорираат реалноста дека само богати и економски развиени општини, региони и држави можат ефикасно да си дозволат непречено реализирање на сите ветени инфраструктурни и комунални проекти, значително да инвестираат во потребната грижа за заштита на животната средина, да обезбедат високи стандарди и технички услови во делот на хигиената и здравјето на луѓето, во образованието културата… или воопшто во креирање на квалитетни параметри за современо и среќно живеење.
Неспорно е дека локалниот граѓански активизам е извонредно важен фактор во цивилизираната имплементација на транспарентниот процес на партиципативна демократија, но да се разбереме, користењето на природните богатства или во конкретниов случај – рудните депозити, сигурно не се ничија приватна сопственост и не се типично локално или пак регионално прашање туку доминантно спаѓа во суверените ингеренции и јурисдикција на државата и надлежните државни институции затоа што ги засега суштинските интереси и добробитта, без никаква дискриминација, апсолутно на сите граѓани од сите краеви на нашата држава!
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време, попладне со изолирана појава на пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени, велат од УХМР.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во следните денови се очекува во попладневните часови на повеќе места да биде нестабилно со дожд и грмежи и локална појава на поинтензивни процеси во вид на невреме. Температурите ќе бидат без поголема промена.
Македонија
Ковачевски и Мицкоски денес ќе се соочат на лидерска средба

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Клубот на пратеници ќе се состанат на лидерска средба.
Како што соопштија од владината прес-служба, на средбата ќе се разговара пред сѐ за уставните измени со цел продолжување на европската интеграција, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.
По завршувањето на средбата, предвидени се изјави за медиумите.
Претходно неделава, Мицкоски го повтори партискиот став дека нема да поддржи уставни измени по бугарски диктат.
Македонија
(Видео) Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

Разрешениот директор на Кардиологија Сашко Јовев вели дека добил голема поддршка од заменик-министерката Маја Манолева која имала многу состаноци на кои го подржала, а добил поддршка и од СДСМ, но сепак тврди дека разрешувањето не тргнало како политички реваншизам. Почнало како суета, но за Јовев е очекувано да се претвори во политички пазар.
„Јас сметам дека не сум жрва на политички реваншизам, но ова веќе може да пресане во такво нешто. Иницијалната каписла воопшто не е политика. Иницијалната каписла може да е некоја суета, некое недоразбирање, апсолутно. Како таа оди нагоре, сакаат да жртвуваат некој што направил нешто во овој живот и за оваа држава, јас 25 години се трудев да отворам кардиохирургија, многу генерации наназад моите ја создаваа оваа држава. Ние имаме чесно и интелектуално портфолио и не може да си играте играчки со такви луѓе. Воопшто не почна политички, како се егзацербира, веќе може да има некој, за мене, беспотребен политички пазар“, рече кардиохирургот Јовев.
Тој денес на прес-конференција пред Клиниката се посомнева дека е сменет бидејќи за настанот од 27 мај на кој се пофалија со хибридна операциона сала за брзо оздравување на пациентите, згрешил во протоколот. Министерот Меџити се почувствувал навреден оти прво бил поканет премиерот Димитар Ковачевски, а потоа тој, ккао министер за здравство.
Адвокатот на Јовев, Мите Михајловски, најави тужба по решението за разрешувањето во кое е образложено дека единствена причина за смената се листи за исплата на дежурства од 2022 година без потпис на министерот. Адвокатто Михајловски смета дека одговорноста што немало согласност за исплата на дежурствата не е на директорот туку токму на министерот.