Контакт

Македонија

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Објавено пред

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во моментов воздушниот простор е затворен и не е можна евакуација.

„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба“, велат од Министерството.

Оттаму додаваат дека во оваа фаза,препораката до македонските државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено.

„Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба. Во случај на потреба од помош граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив телефон +972 54 500 8566, телефон +972 54 967 0546 и е-пошта: telaviv@mfa.gov.mk, како и во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на телефон +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk. Министерството, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој“, додаваат од МНР.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт6 минути

Мбапе го надмина Меси и стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства

Францускиот капитен Килијан Мбапе испиша историја на Светските првенства, откако со двата гола против Англија во натпреварот за третото место...

Спорт10 минути

Рајс: Ова е најдобрата Англија после долго време

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс изјави дека оваа генерација е најсилната што Англија ја имала во последните години, по победата над...

Спорт20 минути

Kолку заработи Англија со бронзата на Светското првенство

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај...

Култура25 минути

Стоечки овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот...

Спорт7 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт10 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...

Црна хроника11 часа

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран...

Забава11 часа

И по разводот функционираат како тим: Џенифер Гарнер го пофали Бен Афлек дека е одличен татко

Џенифер Гарнер ретко зборува за односот со поранешниот сопруг Бен Афлек, но во ново интервју откри дека тој е „неверојатен...

Црна хроника11 часа

Се превртел багер во Гостивар, тешко повреден 38-годишен маж

Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведувал работи се превртел на улицата...