Контакт

Македонија

Усвоена декларацијата на самитот ЕУ-Западен Балкан

Објавено пред

Европската Унија во консултација со земјите од Западен Балкан ја усвои декларацијата од 17 точки на самитот на ЕУ-Западен Балкан.

Како што претходно соопшти „Макфакс“, во декларацијата не стојат имињата на земјите од регионот по настојувањата на Шпaнија, Косово да не добие третман на држава на претстојниот самит. Исто така, може да се забележи дека во текстот во декларацијата се користи терминот „нашите партнери од Западен Балкан“ наместо именување на државите.

Во согласност со документот, ЕУ и на овој самит ја потврди поддршката за европската перспектива на Западен Балкан и изрази одлучност да ја зајакне својата вклученост на сите нивоа за да ја поддржи политичката, економската и социјалната трансформација на регионот.

Понатаму, во една од точките во декларацијата се вели дека ЕУ се обврзува значително да ја поттикне поврзаноста во транспортната, енергетската, дигиталната и економската сфера, а се додава и дека ЕУ се согласува да промовира поволна пазарна и инвестициска средина во Западен Балкан за тој побргу да се придвижи кон дигиталната економија и кон одржливите општества што ги почитуваат одредбите за климата во согласност со парискиот договор.

„Енергетската безбедност ќе стане приоритетна како преку подобрена енергетска ефикасност, подобра прекугранична поврзаност, диверзификација на изворите и на рутите, така и преку балансирано мешање на енергијата интегрирајќи ја тука и обновливата енергија. Посебен акцент ќе биде ставен на создавањето на понатамошните можности за младите, истовремено грижејќи се тоа да придонесува за социоекономскиот развој на Западен Балкан“, се вели во декларацијата објавена на самитот во Софија.

Унијата вети соработка и кај безбедносните предизвици, меѓу кои ги посочи мигрантската криза и борбата против тероризмот и екстремизмот вклучувајќи ги финансирањето, радикализацијата и враќањето на странските терористички борци.

Меѓу заклучоците во декларацијата ЕУ се осврна и на борбата против корупцијата и организираниот криминал за која велат дека е суштинска за политичката и социоекономската трансформација на регионот, како и за регионалната стабилност и безбедност, кои се од најголем интерес за неговите граѓани.

Во врска со заедничката надворешна и безбедносна политика на земјите од Западен Балкан, ЕУ го поздрави придонесот и изрази очекување за прогресивно продлабочување на соработката во оваа сфера.

 

 

Македонија

(Видео) Центар официјално ќе одбие стотина барања за градење по одлуката на Уставен суд

Објавено пред

Во исчекување на објавата на одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот за градење во период од 30 дена, Општина Центар ќе ги затвори како одбиени сите досега поведени постапки за одобренија за градење. Официјално затворени ќе бидат и барањата што физички биле поднесени во Општината и барањата поднесени по електронски пат.

Овој чекор Општината го презема за да не се случи автоматски по барањата што биле поднесени електронски и по евентуално укинување на мораториумот по одлуката на Уставен суд, да биде почната постапката за добивање одобрение.

„На сите што ќе аплицираат, а влегуваат во категоријата забрана за издавање одобренија за градење, односно почнување постапка, им следува одговор од наша страна од секторот за урбанизам дека не може да почнат постапка бидејќи е донесена одлука од Советот на Општина Центар, кој воедно ги носи плановите, дека тие планови не може да се извршуваат. Сите постапки ќе бидат затворени како одбиени. Во моментот кога ќе заврши мораториумот од наша страна, без разлика дали ќе донесеме нов или ќе преземеме други правни лекови, тогаш ќе може повторно да продолжат со тие постапки. Има над стотина без разлика дали станува збор за доградба, за нова градба, градба што на каков било начин влегува во фазата за неиздавање одобренија“, вели градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Тој се изјасни дека нема да прифати укинување на мораториумот за градење во Центар оти е во интерес на граѓаните и најави нови правни мерки со кои ќе биде стопирано градењето по одлуката на Уставен суд. Кои се мерките ќе објави откако судот ќе ја каже одлуката што беше донесена во средата минатата недела, но с è уште не е објавена на веб-страницата на судот, ниту во „Службен весник“.

„Не е во прашање дали се тајна или не, тоа е подготовка во зависност од тоа каква одлука ќе биде објавена, мораме и неа да ја разгледаме и врз основа тоа да го преземеме тој чекор што сме го спремиле“, рече градоначалникот Богдановиќ.

Претседателката на Советот на Општина Центар, Јана Белчева-Андреевска, и по одлуката на Уставен суд, очекува поддршка за мораториумот во Центар како единствен начин да прекине хаосот во урбанизмот.

„Кога ние би имале малку поголема поддршка сега и од централната власт и тоа да биде една одлука што можеби како домино-ефект ќе успее да тригерира и други институции да си ја завршат работата и да не дозволат да се пренесуваат овие грешки што тука сме ги утврдиле во други општини или во други региони на Македонија, ќе биде многу добро. Од друга страна, ми се чини дека ние со одлуката правиме и еден чекор кон она што и меѓународната заедница го бара од нашата држава – да завладее правото, да се врати достоинството на живеење на луѓето, институциите да не се прогласуваат ненадлежни, туку одговорноста што ја имаат да ја фатат во свои раце и да се борат против корупцијата бидејќи оваа одлука, точно за да ги спречи сите тие незаконски донесувани одлуки или неквалитетно донесувани одлуки за граѓаните, е крајната цел за да го вратиме достоинството на секој човек и мислам дека за тоа треба да добиеме поддршка и од централната власт“, вели претседателката Белчева.

Поради нереагирањето на институциите, Белчева-Андреевска вели дека државата ни е сè уште заробена и апелира институциите да почнат да го штитат јавниот интерес наспроти интересот на поединци. Во такви услови претседателката вели дека Советот на Центар е подготвен да бара алтернативни начини како да го продолжат процесот на квалитативна евалуација на детаљните урбанистички планови за да се изработат нови со поправени грешки, да се намали ризикот за граѓаните и да се донесе ново уредување на просторот по мерка на човекот.

Уставниот суд минатата недела прифати да расправа за иницијативата на Стопанската комора на Македонија и на Стопанската комора на северозападна Македонија за испитување на уставноста на мораториумот за градење во Центар, кој сметаат дека му носи голема штета на градежниот бизнис. Судот одлучи, додека се донесе конечна одлука во рок од 30 дена, да се укине мораториумот на 29 детаљни урбанистички планови.

Граѓаните оваа одлука ја нарекоа скандалозна оти ги штити бизнис-интересите наместо јавниот интерес.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Славева:Да се откријат нарачателите и потпалувачите на трската во Охридското Езеро

Објавено пред

Во моментов се случува окупација и узурпација на брегот на Охридското Езеро, а власта премолчува и не презема ништо.Палењето на трската на најразлични локации на брегот на езерото јасно ја покажува неодговорноста и негрижата на природното богатство и Охридското Езеро како македонски бисер, од страна на централната и на локалната власт. Очигледно е дека се работи за смислено и добро испланирано сценарио. Самиот факт дека надлежните се исклучително пасивни по однос на зачестените палења на трската, особено пред почетокот на летната туристичка сезона, наведува дека позадината на овие случувања е сосема друга, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, можно е исто како и на езерото Матка крај Скопје, преку ноќ да никнат нови платформи, нови плажи или темели од некој објект. И додека се чека реакција од страна на институциите на државата, можеме повторно да бидеме сведоци некој да побара и легализација на овие објекти и повторно сите да се прогласат за ненадлежни.

,,Можеби Антикорупциската Комисија повторно ќе се јави дека е надлежна и за овој проблем.Ги повикуваме владиниот Инспекциски совет, Државниот градежен инспекторат, Инспекторатот за земјоделие и Државниот инспекторат за животна средина кои вршат контрола на целото крајбрежје, вклучително и на плажите на кои веќе повеќе од две години им се истечени договорите за концесионирање, веднаш да излезат со официјална информација и да ги откријат нарачателите и потпалувачите на трската. Бареме брзи и ефикасни мерки и казни за сторителите на ова кривично дело”, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Македонија

МОСТ:Собранието е потранспарентно, но потребни се дополнителни подобрувања за поквалитетни процеси

Објавено пред

Во организација на Граѓанска асоцијација МОСТ, се одржа конференција на тема „Транспарентноста на Собранието како предуслов за вклученост на граѓаните – Добри практики од граѓанските организации од Велика Британија“.

Целта на настанот беше да се дискутира за транспарентноста и вклученоста на засегнатите страни во работата на Собранието и комисиите, евентуалните подобрувања или влошувања и да се дадат препораки за понатамошната работа на Собранието. На конференцијата беа презентирани резултатите од сумарниот извештај од Индексот на одговорност, транспарентност и продуктивност на Собранието за 2017 и 2018 година, подготвен од страна на МОСТ во рамките на истоимениот проект. Во рамките на конференцијата исто така беа презентирани искуства од граѓанските организации од Велика Британија во однос на нивниот придонес во зголемувањето на транспарентноста на британскиот парламент.

На настанот присуствуваа и говореа претседателот на Собранието, британската амбасадорка, пратеници во Собранието, претставници на меѓународната заедница, како и претставници на институции и граѓанскиот сектор.

Претседателот на Собранието,Талат Џафери, при отварањето на конференцијата истакна: ,,Верувам сите се согласуваме дека без вистинска транспарентност, нема ниту вистинско Собрание, ниту вистинска парламентарна демократија. За да се достигне високо ниво на транспарентност во работењето на Собранието потребни се повеќе предуслови. Од конкретна нормативна рамка па се до високо развиено чувство за одговорност, како и соодветна политичка култура на сите нас кои сме вклучени во остварувањето на основните функции на секој парламент а тоа се донесување на квалитетни закони, потоа надзорната функција и секако претставничката димензија„.

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј истакна: „Конференцијата денес е одлична можност на едно место да се соберат претседателот на Собранието, пратениците и собраниските служби, кои заедно со граѓанскиот сектор може да дискутираат за работата на Парламентот, за тоа што било добро во однос на транспарентноста и отчетноста, а што може да се подобри. Парламентот е огледало на општеството. Неговата различност ја претставува различноста на општеството, место за битка на политичките идеи. Исто како што ги гледаме дебатите во Парламентот на Обединетото Кралство. Парламентот има одговорност за политичкиот дијалог во земјата, за квалитетот на законите кои се носат и ги поставува стандардите на политичката култура“.

Во текот на дискусијата учесниците посочија дека транспарентноста на Собранието за 2018 година е зголемена во споредба со 2017 година, а посебно во однос на 2016 година. Сепак, има делови од процесот кои заслужуваат внимание и политичка волја која е неопходна за суштински промени. Конференцијата беше организирана во рамки на проектот „Индекс на одговорност, транспарентност и продуктивност на Собранието“, кој Граѓанската асоцијација МОСТ започна да го имплементира во јуни 2018 година, а е поддржан од Британска амбасада Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

(Видео) Центар официјално ќе одбие стотина барања за градење по одлуката на Уставен суд

Во исчекување на објавата на одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот за градење во период од 30 дена,...

Топ2 часа

20-те закони што Иванов ги врати во Собранието пратениците повторно ќе ги гласаат

Претседателот Ѓорге Иванов до Собранието врати уште пет закони, со што вкупниот број укази на закони што шефот на државата...

Македонија2 часа

(Видео) УЈП сè уште го истражува имотот на верските заедници

Сè уште не е завршена постапката што ја отвори Управата за јавни приходи за имотот, парите и даноците на верските...

Македонија3 часа

Мијалков: Контактите и имотот во странство ги имав и досега, не помислувам да бегам

Мојот имот во странство, престој во Чешка и наводните мои контакти ги имав и порано и сега. Под истите околности...

Македонија3 часа

ИВЗ: Нема компромис за џамијата во Охрид, ние ќе градиме

Реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата на 32-метарското минаре за Исламската верска заедница е завршена работа. Градежните работи...

Македонија4 часа

(Видео) Најбогатиот Македонец заработил 3,5 милиони евра

Најбогатиот Македонец во 2017 е скопјанец, кој остварил 212 милиони денари, пријавени како бруто-приход. Зад него следува друг скопјенец, кој остварил приближно...

Македонија6 часа

„Фејсбук“: Избришани над 2.000 лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија за кои навела дека...

Топ7 часа

Автомобил удри во шестгодишно дете од Кумановско

Вчера, во селото Опае, општина Липково, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (24) од село Лопате, Кумановско,...

Топ7 часа

Обвинителството гони две лица и инспектор поради сечење трска во Струга

Основното јавно обвинителство од Струга поведе постапка против две лица и инспектор од Министерството за животна средина поради сечење на...

Економија8 часа

Акционерите од „Топлификација“: Поради лажниот стечај, оштетени сме за повеќе од 34 милиони евра

Акционерите од „Топлификација“ испратија отворено писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, и други институции во државата. Во писмото тие информираат...

Македонија10 часа

Aпелација ќе одлучува за притворот на Сашо Мијалков

Апелациониот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор, која му...

Македонија22 часа

Спасовски за инцидентот во Марино: Секој ќе одговара за направеното, нема кој да влијае врз истрагата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го осуди насилството во дискотеката во Марино каде со нож беше избоден полицаец и...

Свет23 часа

Трамп ја призна Голанската Висорамнина како територија на Израел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша декрет со кој официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, која Израел ја...

Македонија1 ден

Министерството за правда ги чека амандманите од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавното обвинителство

Министерството за правда ги очекува амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за Јавното обвинителство. Од Министерството се надеваат на...

Топ1 ден

Каменуван воз на влезот во Тетово

Вчера на железничката станица на влезот од Тетово непознато лице го каменувало патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје –...

Македонија1 ден

(Видео) Децата без родители до Царовска: Државата, наместо да ни биде мајка, таа нè брка надвор

До кога децата без родители ќе завршуваат на улица, а ќе се удирате в гради дека има закони и дека...

Топ1 ден

Мицкоски се сретна со пратениците исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во Собранието, се сретна со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и...

Македонија1 ден

(Видео) Власта со Беса и Алијансата ќе обезбедува мнозинство за СЈО

Фадил Зендели од Беса денеска информира дека биле повикани на работна средба за СЈО, но до власта порача дека тие...

Македонија1 ден

14,5 илјади евра отштета за клевета и навреда бара Фрчкоски од Стојан Андов

Во решението на скопскиот Граѓански суд за привремената мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и...

Свет1 ден

(Видео) Шпанскиот крал заглави во авионот за време на посетата на Аргентина

Посетата на добра волја на Аргентина од страна на шпанскиот кралот Фелипе Шести имаше урнебесен почеток кога кралот и неговата сопруга, кралицата...

Досие