Контакт

Македонија

Еден час возење од Карпош 4 до Ѓорче Петров, асфалтирањето на „Партизанска“ го блокира сообраќајот

Објавено пред

Булеварот Партизански одреди, на потегот од Карпош 4 до населбата Ѓорче Петров, останува и натаму блокиран поради градежни работи на потегот од мостот „Влајко“ до надвозникот во Влае. Претходно, од надвозикот во Влае до кружниот тек кај Ѓорче Петров се одвиваше првата фаза на асфалтирање и траеше еден и пол месец. Затворањето на дел од лентите поради градежните работи предизвикува сообраќаен хаос за што возачите коментираат дека им треба повеќе од еден час да поминат во овој дел од градот.

„Монти Пајтон! На лето, во шпиц-сезона, ова се дешава во Охрид, наесен, кога сите се враќаат во Скопје, се случува во главниот град“, „Прават квадрат по квадрат, не смеат да го завршат бидејќи ќе платат пенали“, „Ова е катастрофа, два месеца реконстурираат една улица, а ние 500 метри треба да ги возиме еден час“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Возачите велат дека блокирани се и другите споредни улици и дека немаат алтернатива како да стгинат до населбата Ѓорче Петров. На парашњето што „Макфакс“ го упати до Град Скопје за тоа зошто градежните работи не се одвиваат со побрзо темпо, од таму велат: „Реконструкцијата се одвива според планираните и зададени рокови и нема отстапувања во нив. Се работи во согласност со сите прописи за безбедност во сообраќајот, а викендите кога има најмала фреквентност на возила, се користат за поголеми асфалтирања на коловозот“.

„Оваа траса се реконструира првпат по првичната изградба на овој булевар пред повеќе од 40 години. Се работи во согласност со сите прописи за безбедност во сообраќајот, а викендите кога има најмала фреквентност на возила, се користат за поголеми асфалтирања на коловозот. Паралелно со реконструкцијата на коловозот на булеварот, на повеќе неговии локации работеа и екипите на БЕГ, кои интервенираа во топловодната мрежа“, велат од Град Скопје.

Граѓаните се револтирани бидејќи немаат друг приод до општината Ѓорче Петров затоа што секој приод е блокиран. Тие бараат од Град Скопје решавање на сообраќајниот хаос додека трае реконструкцијата, а од Град Скопје велат: „Очекуваме градежните работи, доколку дозволат временските услови, да завршат во наредните две недели“.

 

Македонија

Николовски: Јавниот сектор нема да напредува со вработување на неквалификувани кадри

Објавено пред

Не можеме да очекуваме напредок и резултати од работата на јавниот сектор, доколку изборот на вработени не се одвива според предвидените квалификации за одредено работно место. Ова го истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на презентацијата на резултатите од проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“, во организација на Државната комисија за спречување корупција и „Транспаренси интернешнл“ – Македонија.

Николовски потенцираше дека непотизам и корупција при вработувањата во јавниот сектор имало секогаш и истото не може лесно да се искорени, но Владата е цврсто одлучна да ги употреби сите механизми за спречување на оваа појава во иднина.

„Не можеме да очекуваме напредок доколку вистинските луѓе не дојдат на вистинските позиции. Во целиот процес за превенирање и откривање на корупцијата потребна ни е ефикасна и професионална администрација, на што во следните четири години ќе посветиме сериозно внимание“, изјави вицепремиерот Николовски.

Во насока на превенирање на корупцијата и непотизмот при вработувањата во јавниот сектор, Николовски посочи дека на последната владина седница беше усвоен новиот Кодекс за етичко однесување на Владата и функционерите, кој предвидува значително построги правила и принципи во делот на отчетноста, не само на министрите, туку и за сите функционери, како што се директори на јавни претпријатија, агенции, АД во државна сопственост. Сите функционери до најниско ниво веќе поднесуваат изјави на интерес и имотна состојба. Но, сега задолжени да го прават истото ќе бидат и нивните советници, со цел да се спречи конфликтот на интерес и кај нив. Посебен член назначен од Владата ќе ја надгледува имплементацијата на Кодексот и ќе има право, доколку утврди непочитување, директно да го опомени функционерот, да му побара оставка и да предложи разрешување на седница на Владата.

Николовски истакна и дека во најкусо време ќе предложи и формира тим за следење и кратење на дискреционите права на министрите и директорите.

„Ќе се подготват измени во законите кои предвидуваат широки дискрециони овластувања. Реформата ќе биде крупна и капитална, најавувам дека со неа ќе се опфатат значаен број закони. За ова барам широка политичка поддршка од сите политички чинители, првенствено вклучувајќи ја опозицијата, но секако и невладиниот сектор како и целата експертска јавност“, изјави Николовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Објавено пред

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе одговори во најкус можен рок, истакна премиерот Зоран Заев пред на претставниците на родителите во Владата.

На средбата присуствуваа и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, како и министерот за здравство Венко Филипче.

Претставниците на родителите упатија барање до премиерот и министрите за времено продолжување на мерката за продолжено породилно отсуство од еден до два месеца, со цел полесна адаптација на новонастанатата ситуација и поефикасно згрижување на нивните деца, а претседателот на Владата Заев ги увери дека приоритет на Владата е здравјето и благосостојбата на децата и сите нејзини граѓани и дека Владата ќе покаже слух и разбирање за нивните барања, особено за специфичните барања и потреби на одредени групи родители.

„Земаме обврска да ги разгледаме вашите барања и потреби и да ви дадеме повратен одговор во најкус можен рок. Ќе покажеме максимална флексибилност за одредени специфични случаи. Што се однесува до епидемиолошката слика, ние будно ги следиме препораките на Комисијата за заразни болести и следствено, секогаш размислуваме за донесените одлуки, нивната оправданост и потребата за нивна корекција. Здравјето на граѓаните е наш приоритет, но мораме да научиме да живееме со пандемијата“, подвлече премиерот.

Министерот Венко Филипче истакна дека секоја новодонесена мерка отвора нови прашања и дека мерките ќе трпат промени согласно новонастанатата ситуација и специфичните потреби на одредени родители.

„Со соодветна медицинска документација, родителите на деца кои влегуваат во ризична група, може да бидат изземени од обврската да се вратат на работа. Сепак, ќе нагласам дека најмалите деца имаат прилично висок имунитет и досега немаме случај на сериозно заболено дете од оваа популација“, истакна министерот Филипче.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ги увери родителите дека, согласно сондажите што ресорното министерство ги прави на терен, во градинките има многу слободни места за сите оние родители кои досега не ги запишале своите деца.

„Нашите инспектори будно ја следат состојбата на терен и ве уверувам дека ситуацијата е целосно контролирана. Исто така, упативме апел до родителите кои ги запишале своите деца во градинка, а не ги носат, да ги ослободат местата за родителите на кои ваквото згрижување им е неопходно. Овој процес понатаму треба да го следат и контролираат градинките и општините“, подвлече Шахпаска.

На крајот на средбата премиерот Заев и двајцата министри им ја пренесоа на родителите цврстата решеност целосно да бидат во дослух со нивните потреби и дека Владата ќе ги носи одлуките секогаш имајќи го предвид нивниот најдобар интерес.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски: Продолжуваме со подобрување на условите за работа на полицијата

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го посети Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ каде што деновиве ќе почне монтажата на соларни системи за греење вода на сите објекти, каде што се сместени припадниците на Одделот за специјални полициски операции (ОСПО). Овој проект на МВР, чија вкупна вредност е околу 3,5 милиони денари, е во насока и на една од владините цели – трансформација на енергетски план, која опфаќа зголемено учество на обновливите извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност, со што се овозможуваат поголеми заштеди, намалени емисии на штетни гасови и заштита на животната средина.

„Изминативе три години, првично бевме фокусирани на решавање на фундаменталните проблеми, како приоритет за натамошното функционирање на полицијата. На стратешко ниво, реформата на безбедносниот систем не беше прашање на избор, туку прашање на опстанок, силно изразена волја на јавноста за конечно да се воспостават норми и концепт кои ќе бидат и гаранција за да ги етаблираме принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста, како еден од круцијалните фактори за просперитет на државата. На оперативно ниво, свесни за незавидните материјално-технички, социјални, професионални прилики во коишто беше затекната полицијата, односно МВР, решивме да одиме дел по дел во надминувањето на постојните и создавање нови услови за нормално функционирање на полицискиот систем. Примарно се насочивме на генерално подобрување на материјално-техничките услови за работа токму на оние од коишто зависи спроведувањето на законите – а тоа е полицијата“, истакна Спасовски за време на посетата.

МВР во изминатиот период инвестираше средства од буџетот во висина од над 100 милиони денари во обезбедување опрема за униформираните полициски службеници од сите организациски единици, беше набавена комплет спортска опрема за припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и за Посебната единица за поддршка (ПЕП), беа заменети 45 години старите возила во ПЕП со нови интервентни возила, како и опрема за јавен ред и мир. Воедно, делумно или целосно беа реконструирани 50-тина објекти во сите сектори за внатрешни работи, за што беа издвоени речиси 140 милиони денари. Министерот Спасовски потсети дека во тек е и изградбата на Центарот за санирање од катастрофи и обезбедување  континуитет во работењето во Прилеп, а во напредна фаза е изградбата на зградата на крим-техника, со современа форензичка лабараторија, со што ќе се влијае на брзината на постапките.

„Во годинешниов буџет на МВР планирани се и течат постапките за набавка на нови униформи за ЕБР, ПЕП, ЕСЗ и ЕИП, на осум интервентни и пет теренски возила, нови радиоврски, зимски и летни чизми за секој полициски службеник, нова ски-опрема, пиштоли за трите единици на ОСПО и вежбовна муниција, а наскоро ќе стартува и комплетно реновирање на павилјон во Полицискиот центар ‘Ѓорче Петров’ со донација од САД. Со вградувањето на соларните системи за греење вода практично целосно го заокружуваме тој наш проект, давајќи јасно до знаење дека на секој полициски службеник треба и мора да му се обезбедат елементарни предуслови за нормално работење, и дека интегиритетот, опременоста, статусот на полицискиот службеник се императив без којшто е невозможно спроведување на каква било системска реформа во тој домен“, рече Спасовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Македонија2 часа

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија2 часа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија3 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Свет3 часа

(Видео) Насилни протести во САД поради случајот со Бреона Тејлор, ранети се двајца полицајци

Двајца полицајци од Луисвил, во американската држава Кентаки, беа застрелани во средата вечерта во центарот на тој град среде масовни...

Регион5 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ5 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија5 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија5 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија6 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа7 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија7 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа8 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет8 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет18 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет20 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет22 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет22 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија22 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Досие