Македонија
Единствена Македонија: Марионетската влст е во очајнички обид да ја уништи Македонија

Марионетската власт во Скопје е во очајнички да ја уништи цела Македонија за само 365 дена од своето владеење, сметаат од партијата Единствена Македонија.
„Утре во Преспа, македонските јаничари и одродени македонци со изгубено национално чувство по налог на своите странски газди ќе потпишат таканаречен договор со Грција за името составен на приватната забава на Заев и Ципрас. Таканаречениот договор за името е без правно дејство бидејќи е спротивен на домашното и меѓународното право и затоа новата легална власт на Единствена Македонија веднаш ќе го поништи таквиот договор. Се ближи моментот кога Единствена Македонија ќе победи и ќе расчисти со националните предавници, а сите кои учествувале во националното предавство со промена на името нема да стигнат ниту до границата при нивниот обид за бегство од државата“, соопштуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека е сè законски, но ова е од морален чин.
Не може да каже во име на другите функционери, но очекува да го следат неговиот пример.
Костадинов не открива каде ќе работи сега неговата мајка, но вели дека нема да биде во државна институција.
Фанија Костадинова беше вработена во Cентрален регистар во Струмица. Оставката следува по изјавата на премиерот Зоран Заев дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места.
Во меѓувреме, антикорупциска ги проверува вработувањата на 18 роднини на функционери дали имало влијание и судир на интереси.
Македонија
Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се дојде до заеднички кандидат за претседател на државата.
Во Кубот на пратениците ќе се одржи работна средба меѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, по што еден час подоцна Заев ќе има средба и со претседателот на ДПА, Мендух Тачи.
Македонија
Кисела Вода додели нови 55 ваучери на новороденчиња

Општина Кисела Вода додели нови 55 ваучери за новороденчиња, од кои 28 за женски и 27 за машки деца.
Локалната самоуправа еднократната парична помош, која е во висина од 6 000 денари, ја доделува на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија.
Од општината соопштија дека заинтересираните за добивање на оваа помош потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал