Македонија
Единствена Македонија: Марионетската власт лаже дека добива покана за членство во НАТО

Партијата Единствена Македонија преку соопштение ги осуди, како што велат оттаму, бесрамната пропаганда и новинарскиот терор врз нацијата од марионетската власт во Скопје во обидот да прикаже дека Републка Македонија на самитот на НАТО во Брисел ќе добие покана за членство во НАТО.
„Ова е една голема лага бидејќи Република Македонија во Брисел добива само обично ветување дека во блиска иднина ќе добие покана за членство во НАТО иако таквото ветување само по себе е неизвесен факт, необврзувачка изјава и претпоставка за која уште сега може да потврдиме дека во иднина и навистина нема да се оствари“, се наведува во партиското соопштение.
Од Единствена Македонија додаваат дека лагата е уште поголема ако се знае дека природата на поканата за пристапување во НАТО е јасно пропишана во членот 10 од северноатлантскиот договор од 4 април 1949 година.
„Го повторуваме повеќепати кажаното во јавноста дека Република Македонија ниту ќе стане членка на НАТО ниту ќе го промени името. Единствено, ќе останат срамот и одговорноста на марионетската власт во Скопје во очајничкиот обид да избрише сè што е македонско, која требало да размислува не само за моментот, оти се доведе во ситуација да се срами од нив и нивните поколенија“, велат од партијата на Јанко Бачев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Манчевски: Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

Повисоки плати, поголема заштита за инспекторите со Законот за инспекциски надзор, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
„Очекуваме позитивно да влијае врз фирмите, особено помалите кои најчесто мора да затвораат пред да им се даде шанса да ги исправат неправилностите.
Манчевски рече дека во сите служби има вкупно 1 000 инспектои, што е недоволно и дека до претходните правила никој не можел да стане инспектор.
За платите, вели Манчевски, предност имаат оние кои се изложени на ризик, како пазарната инспекција, кои работат ноќе во клубовите со алкохолизирани лица, што не е исто со инспектори во образование.
„Планот е платите да се зголемуваат годишно за 10 отсто и да достигнат до 30 проценти“, истакна Манчевски.
Македонија
Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не само од власта туку и од опозицијата.
Тој на денешната прес-конференција рече дека со години алармирале за непотизам додека СДСМ бил во опозиција, но тогаш јавноста не била информирана како сега.
На прашање зошто сега се бараат откази откако изби скандалот со вработувањата, а СДСМ е на власт две години, тој повтори дека овие теми ги отвориле и кога биле во опозиција.
Во однос на анализата што се прави за начинот на вработувањата и дали имало непотизам и судир на интереси, министерот рече дека извешаите ќе ги доставеле до антикорупциска.
Во иднина Манчевски посочи дека ќе се менува начинот на кој се бираат луѓе во јавната служба. Проблемот, според него, е во раководната служба и со новите законски решенија кои се во подготовка ќе се консултираат експерти, невладини организации и сл.
Македонија
МЗЗПР: Работодавачите да ги пријават настраданите од автобуската несреќа за дополнителни бенефиции

Според Законот за безбедност и здравје на работа, сите патници што настрадаа во автобуската несреќа кај селото Ласкарци, а кои биле во работен однос и патувале кон својот дом, при што се повредиле или загинале во сообраќајната несреќа, потребно е од страна на работодавачите да бидат пријавени во Државниот инспекторат за труд како несреќи на работното место, соопшти Македонско здружение за заштита при работа. Оттаму предупредуваат дека непостапувањето на овој начин е прекршување на Законот и е предмет на прекршочна постапка.
Со пријавата од страна на работодавачите, на повредените вработени ќе им следуваат следните законски можности:
-Да имаат можност полн износ (100%) од платата да им биде исплатен за време на периодот на заздравување (имајте предвид дека при боледување, а кое не е поврзано со несреќа на работното место, можно е исплатената плата да биде помала и до 70%);
-Отсуството од работното место да биде заведено како „повреда на работа”, а со тоа, во понатамошниот работен век, доколку се појават одредени компликации, истите да може да се утврдат од каде потекнуваат и да се придонесе за превенција;
-По враќањето на работното место, вработените е неопходно веднаш да бидат упатени на насочени медицински прегледи, а со тоа да биде утврдена нивната преостаната работна способност. Ова е исклучително важно за секој од нив индивидуално доколку се јават одредени ограничувања во можностите за нивно целосно исполнување на работните задачи, а со првенствена цел да се заштити здравјето и интегритетот на работникот!, додаваат од здружението.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал