Македонија
Единствена Македонија: Спасовски потврди дека Македонија си за ја замислуваат како лото-игра

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска изјави дека нема ништо спорно во тоа што Џезаир Шаќири како исламско-фундаменталистичкиот фанатик и извршител на убиството на припадник на МВР е поставен за советник за безбедност на Зоран Заев. Според министерот Спасовски, такви контроверзни имиња ја водат државата од 2002 година до денес, алудирајќи дека и власта на ВМРО-ДПМНЕ назначувала функционери кои работат директно против македонскиот народ и македонската држава. Единствена Македонија го потсетува Спасовски дека смислата на владеењето со Македонија не е да погодуваме, дали СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ повеќе ја уништувал државата, туку, власта на СДСМ треба да ги спречи и отстрани опасните работи кои ги правела претходната власт.
„Со денешната изјава на Спасовски дојде директната потврда дека марионетската власт на СДСМ си ја замислува Македонија како лото-игра во која треба само да погодуваме кој повеќе, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, учествувал во рушењето на Македонија и Македонците. Единствена Македонија и македонскиот народ ќе ја победат погубната антимакедонска определба на партијата ‘Погреб за Македонија’ составена од хунтата на СДСМ и режимот на ВМРО-ДПМНЕ, и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што Европската комисија, според најавите, ќе одлучува до крајот на јануари следната година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
РСЕ имала увид за таканаречениот „нон-пејпер“ потпишан од Австрија, Чешка, Естонија, Италија, Латвија, Литванија, Малта, Полска и Словенија како придонес за идната методологија во преговорите за пристапување со земјите од Западен Балкан.
Со назнака „Нашата врата останува отворена“, во документот на деветте држви се подвлекува „надградба на постојниот консензус за проширување“ треба „да се заснова на постојниот консензус за проширување“ врз основа на следниве принципи: „полноправно членство во ЕУ како крајна цел; прво основи; пристап заснован на заслуги“ ; строга, но фер условеност; поттикнување на регионална соработка и добрососедски односи; компатибилност со постојната рамка за преговори “.
Деветте земји членки бараат од Европската комисија да ги групира поглавјата за преговори во главните области во идната методологија и да ги отвора паралелно наместо последователно.
Тие сметаат дека ова ќе ги направи меѓувладините конференции на ЕУ и земјите кандидати „повеќе политички релевантни и интерактивни“.
Девет земји членки на ЕУ посветуваа особено внимание на поглавјата 23 и 24 на владеењето на правото.
Овие држави сакаат да му дадат пристап на владеењето на правото преку приоритети, јасни препораки и временски рокови.
Тие веруваат дека ЕУ и нејзините земји членки треба „да дадат поголема поддршка за спроведувањето на правото на ЕУ“, особено во борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Тие посочуваат дека разгледувањето на законите на земјите кандидати во врска со овие две поглавја треба да започне во моментот кога ќе се добие статусот на кандидатот.
Државите потписнички предлагаат, како политички поттик, годишни состаноци ЕУ-Западен Балкан на ниво на лидери, како и поголемо учество на претставници од регионот на неформални состаноци на Европскиот совет (Самит на ЕУ).
Исто така, се предложува „ефективен и насочен финансиски стимул“ кој „ги наградува и го олеснува напредокот“.
Австрија, Чешка, Естонија, Италија, Латвија, Литванија, Малта, Полска и Словенија сметаат дека треба да се подобри проценката на напредокот на реформскиот процес, земајќи го предвид реалното влијание на реформските мерки на теренот. Според нивниот документ, треба да бидат вклучени граѓанското општество, пратеници, локалните власти.
Исто така, се предложува да се одржи годишна „европска конференција“ на Западен Балкан за „консултации и промовирање на дијалогот“.
Овој „нон-пејпер“ е уште еден придонес за развој на нова методологија подготвена од Европската комисија, градејќи се на предлогот на Франција, која кон средината на ноември ги претстави своите предлози за „обновен и зајакнат пристап“ кон процесот на пристапување.
Европскиот комесар за проширување Оливер Ваџеи потврди дека во јануари Европската комисија, врз основа на сите придонеси на земјите членки, ќе формира нов предлог за промена на методологијата на процесот на пристапување.
Овој „обновен пристап“ до преговорите за прием е неопходен за Франција да дозволи отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, што може да се очекува на Европскиот самит на март 2020 година, под услов новата методологија да ја добие потребната поддршка од сите земји членки, пишува Радио Слободна Европа.
Македонија
Николовски: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, греењето во „Стив Наумов“ е функционално

Државниот студентски дом целосно ги отфрла тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека во студентскиот дом „Стив Наумов“ нема парно греење и дополнително има пукната цевка и поплавен ходник со вода. Од Државниот студентски дом велат дека студентите имаат топли радијатори, нема пукната цевка, ниту вода во ходниците.
„Ние за нецели две години успеавме долгот од речиси 5 милиони евра да го намалиме за безмалку 3 милиони евра и обезбедивме нови инвестиции во сите студентски домови. По долги години и режиските трошоци кои изнесуваа над 1,5 милиони евра заедно со помош на Владата ги сведуваме на нула“, изјави Дарио Николовски, директорот на Државниот студентски дом.
Николовски потенцираше дека Владата сериозно вложува во нови инвестиции во сите студентски домови кои ги подобруваат условите на студентите.
Македонија
Димитриев: Ако имаше поддршка од Владата, фабриката „Кранфилд фаундри“ ќе ја почнеше сега втората линија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев и поранешен технички премиер, по повод започнувањето со работа на новата фабрика „Кранфилд фаундри“ изјави дека оваа инвестиција во земјава е дојдена уште во 2014 година, а првиот договор за нејзино инвестирање во нашата држава и во Пробиштип е со договор со претходната влада во 2015 година.
Тој истакна дека се работи за инвестиција од околу 20 милиони евра, а првичните планови биле со поразлични тајминзи.
„Ако одеше проектот сè како што треба и ја имаше потребната поддршка од Владата онака како што треба денеска ние требаше да бидеме сведоци на отпочнување со работа на втората линија од оваа фабрика. Првата линија требаше да почне со работа некаде 2018 година и да ги оптимизира оние првично планирани околу 250 вработувања и некаде овој период да биде во средина градбата на втората линија со оптимизирање на над 300 директни вработувања и околу стотина индиректни вработувања“, рече Димитриев.
Тој додаде оваа зона има капацитет и за други компании, бидејќи во Пробиштип и регионот има одлични средни училишта со машинска и електро насока. Овој крај подолго време работи во областа на металургијата, рече Димитриев, кој изрази уверување дека тоа се предности за привлекување на инвеститорите.
„Добро е што денеска претседателот на Владата се надмина и призна дека сепак оваа инвестиција е започната од претходната влада, дека некој се потрудил да дојде оваа инвестиција и мислам дека ова мое задоволство го делеа веќе вработените 60 луѓе и потенцијалните нови вработувања и начин на осигурување на перспективата во овој крај“, додаде Димитриев.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми