Контакт

Македонија

Ексглавниот оперативен работник во УБК, Пешовски, е осуден на 3 години затворска казна

Објавено пред

Ексглавниот оперативен работник во УБК, Петре Пешовски, е прогласен за виновен и осуден на 3 години затворска казна.

Пешовски ќе треба и да надомести штета од 39 милиони и 470 илјади денари, а притворот е продолжен до правосилност на пресудата.

Пешовски претходно денеска во судот призна вина за злоупотреба на службената каса во тајната полиција. Покрај него, обвинети се уште тројца поранешни вработени во УБК, Тони Јакимовски, Стево Маџовски и Кристина Јосифовска. Обвинителката Ивана Трајчева во воведниот говор рече дека обвинетите ги уништиле евиденциите за потрошени парични средства, односно главните книги, без посебно одобрение од директорот, без формирање комисија за ништење и без записници.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение за злоупотребени пари од над 820 илјади евра.

Во временскиот период од 2007 до 2017 година, во 172 наврата за потребите на касата за исплата на средствата за посебни намени на УБК, од одделот за финансии при Министерството за внатрешни работи подигнале парични средства за кои поднесувале барања и признаници за износите.

Без да имаат посебно одобрение од директорот на Управата, без да биде формирана комисија за ништење материјална документација и без записници, ги уништиле евиденциите за потрошените средства заедно со документацијата за исплата. Со ваквите дејства го оштетиле државниот буџет.

Македонија

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се очекува Советот на ЕУ и Европскиот Совет да донесат одлука за датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

Во рамки на посетата, министерот Димитров ќе има размена на мислења со членовите на Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент. Ова ќе биде прво обраќање на Димитров пред новиот состав на овој Комитет, по европските избори одржани во мај 2019 година.

Од МНР преку соопштение велат дека Димитров ќе се заблагодари за континуираната поддршка на Европскиот Парламент на европската перспектива на земјата и ќе изрази очекување дека таа ќе продолжи и ќе се зајакне со актуелниот состав на Парламентот.

Димитров за време на посетата ќе оствари и поединечни средби со пратениците од Европскиот Парламент.
Во оваа клучна недела во која се очекува Советот да ја донесе одлуката за почеток на пристапните преговори, Министерот ќе се сретне и со дел од министрите кои ќе учествуваат на Советот за општи работи на 15 октомври 2019 година.

На 17 и 18 октомври, Европскиот совет ќе одлучува дали Северна Македонија и Албанија ќе ги почнат преговорите за членство во Еропската Унија.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Се сечат дрвјата кај „Инекс-Горица“ во Охрид

Објавено пред

Се сечат дрвјата кај хотелот „Инекс-Горица“, во Охрид, а акцијата ги вознемири охриѓани.

Откако активностите околу хотелот наидоа на низа реакции од охриѓани, од хотелот велат дека акцијата е спроведена бидејќи дрвјата претставувале опасност за минувачите и за гостите на хотелот.

Како што е наведено во решението од градоначалникот на Град Охрид, „Инекс Горица“ се задолжува да пресече четири кедари и три бора, но како компензација треба да засади соодветни дрва.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривична против стружанец кој изградил автокамп без одобрение

Објавено пред

Полицијата од Струга поднесе кривична пријава против 50-годишниот Б.К. од селото Калишта, струшко, поради бесправно градење.

„Во текот на 2019, на подрачјето на Струга, пријавениот како сопственик и инвеститор, без добиена согласност и одобрение за градба, изградил автокамп и два помошни објекти“, информираат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ14 часа

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион14 часа

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура14 часа

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија17 часа

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија18 часа

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа18 часа

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија20 часа

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет20 часа

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија1 ден

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија2 дена

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Македонија2 дена

Заев очекува позитивна одлука за ЕУ, Мицкоски смета дека можно е да нема датум

Лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски денеска испратија пораки за очекувањата во врска...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: По примерот на Мицкоски и Заев да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел

По примерот на Христијан Мицкоски и премиерот, Зоран Заев, да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел. Ова...

Спорт2 дена

Македонија подготвена за полската „стапица“ (галерија)

Македонската фудбалска репрезентација го оддржа официјалниот тренинг на „ПГА Народови арената“ во Варшава, каде што утре од 20.45 часот не...

Македонија2 дена

Соботка: Блокирањето на преговорите штети на кредибилтетот на ЕУ

Претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка истакана денеска, во пресрет на состанокот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Белград, дека секој...

Македонија2 дена

Европската народна партија повика на започнување разговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија

Следната недела, земјите-членки на Европската унија (ЕУ) ќе се соочат со стратешки избор во врска со започнувањето на пристапните преговори...

Регион2 дена

Словенија го менува законот – невработените со надомест од 402 евра

Владата на Словенија предложи измени и дополнувања на Законот за пазарот на трудот, со што би се зголемила минималната бруто...

Македонија2 дена

Меркел ќе го убедува Макрон да попушти за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател Емануел Макрон утре треба да остварат средба, која според уверувањата на дипломатите, е...

Бизарно2 дена

(Видео) Тепачка за ,,Патики на Исус“ со мирис на темјан кои чинат 3 000 долари

MSCHF, компанија со седиште во Бруклин, на пазарот пушти во продажба патики кои ги нарече Jesus shoes (Патиките на Исус),...

Топ2 дена

Над 160 казни за возачи во Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11.10.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот...

Досие