Контакт

Македонија

Ексминистерот Горан Сугарески нов директор на Царината

Објавено пред

Ексминистерот Горан Сугарески е нов директор на Царинската управа на местото на Ѓоко Танасоски, кој на денешната седница на Владата е разрешен од оваа должност.

Сугарески во претходниот владин состав беше министер за транспорт и врски.

По предлог на владината Комисија за именување, на денешната седница Кети Василеска е именувана за вршител на должностa директор на Државниот управен инспекторат, орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација.

Зулфикар Зејнулаи се именува за в.д. заменик на директорот во Дирекцијата за заштита и спасување.

Владата го разгледа предлогот на Управниот одбор на Јавната установа Национален парк Галичица, Охрид, за разрешување на Васко Паскали од должноста директор на установата по поднесена оставка поради извршување друга функција и го разреши од должноста директор на негово барање и за вршител на должноста директор на установата го именува Александар Миљовски.

Владата се информира за оставката на Нехри Емрула од должноста директор на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија и заклучи да му препорача на Управниот одбор на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија да го разреши од должноста директор, а за вршител на должноста директор да го именува Дарио Николовски.

Владата го именува Исамедин Азизи, научен соработник – доцент во Институтот за национална историја, за член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е втор на списокот со плата од 85.113 денари, покажуваат податоците објавени на веб-страната на Владата за платите на премиерот, вицепремиерите и министрите за декември 2020 година.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, е трета на списокот според висината на платата со 74.273 денари нето-плата.

По неа се министерките за одбрана и култура, Радмила Шекеринска и Ирена Стефоска. Шекеринска зема 72.989 денари, а Стефоска 72.670.

Со плати над 70.000 денари се и вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби (70.102 денари), вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи (71.385 денари), вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров (71.385 денари), министерот за надворешни работи Бујар Османи (70.102 денари) и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски  (70.102 денари).

Прикажи повеќе...

Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 286 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало  15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 95 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 19 пациенти. Вкупно 286 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 119 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.
Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Објавено пред

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените реформи во основно образование со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). На средбата се присутни академици од Одделението за општествени науки, министерката за образование и наука Мила Царовска, заменик министерот Арафат Шабани како и членовите кои работеа на развој на концепцијата и претставници од Бирото за развој на образованието. Консултациите за концепцијата продолжуваат и во наредниот период со различни групи засегнати страни.

Главни теми коишто се наметнаа во дискусијата, а се и најбројни меѓу пристигнатите забелешки до МОН, се динамиката со којашто ќе се спроведуваат реформите како и обуките коишто им претстојат на наставниците.
„Го имаме најтранспарентниот процес до сега. Од големо значење е и мислењето на академиците коишто доаѓаат токму од Одделението за општествени науки за предвидената интеграција на предмети за поефикасно учење кое треба да ги подобри резултатите. Добивме многу конструктивни коментари, особено од наставници од пракса во изминатиот период, но и од други засегнати страни кои ќе бидат земени предвид“, рече Царовска.Министерката посочи дека досегашните резултати од меѓународните и домашните тестирања покажуваат функционална неписменост кај ученици.

„Сите меѓународни и домашни извештаи и анализи упатуваат дека се потребни реформи со кои нашиот образован модел ќе се прилагоди на оној во земјите со современи образовни системи. Тоа укажува дека ни се нужни неодложни реформи во основното образование, ако навистина се грижиме за идните генерации и сакаме да фатиме чекор со современиот свет. На нашите деца им треба квалитетно образование коешто ќе ги донесе до врвот“, рече Царовска на средбата.
По носењето на концепцијата, планот е таа да се имплементира постепено во период од 6 години, почнувајќи во прво и четврто одделение од идната учебна година. За успешно спроведување на целиот процес МОН и Бирото за развој на образование се обврзуваат дека реформата ќе ја дочекаат подготвени и ќе се направи максимум наставниците да ја поминат потребната обука.

Реформата во основно образование е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование и е дел од владината програма. Во нејзината изработка беа вклучени универзитетски професори, наставници, а земени се предвид и ставовите на родителите и учениците, соопшти Министерство за образование и наука.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е втор на списокот...

Македонија21 минута

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените...

Регион45 минути

Мира Фурлан починала од западнонилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста...

Европа1 час

Урсула фон дер Лаен: ЕУ ќе мора што побргу да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини за коронавирус за Западен Балкан „што е можно поскоро“, рече претседателката на...

Свет2 часа

Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, и се закани дека ќе ги тужи другите заради...

Европа2 часа

ЕУ воведува темноцрвени зони на епидемиолошката карта на Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави воведување нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона, од...

Свет3 часа

Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија,...

Свет13 часа

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа15 часа

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Македонија16 часа

Филипче: Попис во време на пандемија е голем предизвик, но може да се спроведе

Спроведувањето на пописот во време на пандемија е голем предизвик, но процесот може да се спроведе и заврши по сите...

Македонија18 часа

15 починати и 356 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на...

Свет18 часа

(Видео) Најмалку петмина мртви во пожарот што ја зафати зградата на најголемиот светски производител на вакцини

Голем пожар избувна денес во Индискиот институт за серуми (SII), фабрика за производство на вакцини во градот Пуна. Пожарот го...

Македонија20 часа

Фетаи: Oд доказите произлегува дека изборот на жртвите е да се Македонци

Обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ да бидат осудени на доживатна казна затвор, на Фејзи Азири да му биде...

Македонија22 часа

Собранието го изгласа законот за попис

По 19 години, во април ќе се одржи попис на населението во земјата. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без...

Македонија22 часа

Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Северна Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ „Хепи“ изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и...

Македонија23 часа

Фетаи за „Монструм“: Овој чин не заслужува ништо помалку од доживотен затвор

Обвинителката Фатиме Фетаи, која го застапува случајот „Монструм“, преку анализа на доказите, односно вештачењата и сведочењата, му докажуваше на судот...

Македонија24 часа

Матурантите ја бојкотираат наставата

Матурантите го бојкотираат почетокот на второто поллугодие. Тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура. „Сојузот на...

Македонија1 ден

Обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина

Скопското Обвинителство поднесе обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина....

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Состојбата со коронавирусот е стабилна

Во согласност со неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец се бележи стабилизација на епидемијата во земјата,...

Европа1 ден

Научниците од „Оксфорд“ подготвуваат вакцина против новите видови коронавирус

Научниците од Универзитетот „Оксфорд“ се подготвуваат што побргу да произведат нови верзии на вакцина, кои ќе може да се борат...

Досие