Контакт

Македонија

ЕК-извештај: Новинарите изложени на самоцензура, медиумите финансиски неодржливи, а МРТ со најнизок буџет во последните 10 години

Објавено пред

Општиот контекст останува поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите и покрај сериозните наоди што се дел од овој извештај. Особено влијание на работата на новинарите имаше кризата предизвикана од Ковид-19, со што беше зголемена тензијата во секторот, го пренесува Здружението на новинарите на Македонија извештајот на Европската комисија, што се онесува на медиумите.

Во извештајот се наведува дека нападите кон новинарите се зголемиле, а ветената нулта толеранција не се оствари зошто степенот на неказнивност остана висок. Реформите што се ветуваа во МРТ и во Агенцијата за медиуми останаа уште една година нереализирани. Уште еден заклучок е дека потребно е да се продолжат напорите за прифаќање на саморегулација во медиумите, кои би биле проследени со конкретни резултати и кои би ги задржале професионалните стандарди на новинарството, како и тоа да се обезбеди поголема транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции и политичките партии.

МРТ, освен со најмал буџет, и со истечен мандат на советници, каков што е случајот и во Агенцијата за медиуми

Финансиската самостојност како и мерит-системот за избор на менаџментот во овој медиум се два основни предуслова за независноста на јавниот сервис.

Извештајот вели дека властите од нивна страна треба да ги зголемат напорите за реформа на МРТ обезбедувајќи ја неговата независност и финансиска одржливост. Буџетот на МРТ е 13,1 милиони евра, како што е нотирано во извештајот, и тоа е најнискиот буџет во последните десетина години што го има овој медиум. Јавниот радиодифузен сервис усвои петгодишна стратегија за развој, но процесот на реформи е отежнат поради доцнењето во именувањето на членовите во неговиот Програмски совет и во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, кои имаат истечен мандат.

Малиот пазар и социо-економската несигурност на медиумските работници останува сериозен проблем

Дополнителни економски проблеми предизвика кризата од Ковид-19. Во извештајот се нагласува дека медиумите беа вклучени во пакетот за помош, но работничките права на новинарите сѐ уште остануваат сериозен предизвик. Финансиската одржливост на медиумите и расположливото финансирање продолжуваат да ја зголемуваат загриженоста за интегритетот и независноста на медиумите. Потребни се дополнителни мерки за поддршка на професионалното и истражувачкото новинарство. Се наведува и истражувањето спроведено од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), кој покажа дека 23 % од медиумските работници немаат здравствено и социјално осигурување, 19 % одговориле дека менаџментот на медиумите не дозволува работниците да формираат синдикат. Ниските приходи, како и непочитување на Законот за работните односи од страна на работодавците, се заеднички и постојани предизвици за новинарите. Поради лошите работни услови, новинарите и медиумските работници се изложени на самоцензура.

Во делот за препораките означено е дека оние што беа донесени во текот на 2020 година остануваат валидни, но се нагласува дека в година земјата потребно е да ја ревидира правната рамка во областа на медиумите во согласност со правото на ЕУ и европските стандарди, како и да ги финализира составите на Програмскиот совет на МРТ и Советот на Агенцијата за медиуми. За потсетување, мандатите на членовите во двете дела се истечени, а Собранието не ја почна постапката за избор на новите членови иако во два наврата имаше објавен повик на кој се пријавуваа заинтересирани кандидати.

Заканите и насилството врз новинарите се зголеми и нултата толеранција резултира со двоцифрен број на посериозни инциденти

Во овој дел потребно е да се спроведе пристап за нулта толеранција во врска со заплашување, закани и акти на насилство врз новинарите во остварувањето на нивната професија и да се обезбеди сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата. Случаите на физичко и вербално насилство и закани кон новинари и медиумски работници се зголемија, а нивните работни услови, особено работничките и социјалните права, остануваат тешки.

Во извештајот е наведена и статистика во врска со напад врз новинари. Во 2020 година во Министерството за внатрешни работи се регистрирани 10 случаи на заплашување новинари, а ЗНМ регистрира 2 физички напада и 12 форми на вербални закани за животот и други заплашувања. На почетокот на 2021 година исто така се регистрирани еден физички напад и една смртна закана. Се препорачува органите за спроведување на законот и Јавното обвинителство да ги следат инцидентите со новинарите, но потребна е подобра координација помеѓу разните институции за побрзо постапување по пријавените прекршоци и спречување неказнивост на сторителите. Се предлагаат нацрт-измени на Кривичниот законик со цел да се зајакне заштитата на новинарите и другите медиумски работници со нивно сместување во групата професии што ќе добијат дополнителна заштита кога ќе бидат изложени на напади и закани поради природата на нивната работа. Оваа препорака е делумно исполнета бидејќи измените на овој закон сѐ уште не се изгласани во Собранието на РСМ.

Понатаму, се вели дека Здружението на новинарите, како и меѓународните медиумски организации, забележа зголемување на заканите кон новинарите од страна на политичари и јавни службеници, како и малтретирање преку интернет и вербални напади, вклучително и на социјалните мрежи.

Платената политичка програма останува проблем

Извештајот исто така се осврнува и на проблемот што се однесува на платената политичка програма и вели дека „можноста политичките партии да користат државно финансирање за политичко рекламирање во медиумите останува загриженост меѓу медиумските асоцијации, поврзана со можното влијание врз независноста на медиумите“. Говорот на омраза е незаконски и онлајн и офлајн, но останува распространет преку интернет.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кого штити владата за автобуската несреќа?

Објавено пред

„Дали бизнисот со хероин кој го крие власта е причина за несреќата и 45 загинати патници во Бугарија?

Никој во државата не одговара за сомнежите дека автобусот кој изгоре во Бугарија при што животот го загубија 45 наши сограѓани превезувал високозапаливи течности – киселини, кои се користат за производство на хероин.

Дали тие киселини се причината поради која според очевидци на настанот силно горел автобусот, но и банкините на патот?

Зошто автобусот 140 пати поминувал граница без дозвола? Кој дозволувал 140 пати да се поминат сите контроли?

Зошто и по неколку дена од несреќата нема одговорност, ниту одговори од владата и институциите во земјава?

Кој во врвот на власта го штити Беса транс? Оставки веднаш!“

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Прикажи повеќе...

Македонија

Попладне дожд, на планините снег

Објавено пред

Времето ќе биде променливо облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд кои особено во западните делови ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м2 за 12 часа).

На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 8 степени, а дневната од 13 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, а попладне и до крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 16 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почина новинарот Тодор Пендаров

Објавено пред

Денеска, по подолго боледување, почина долгогодишниот новинар Тодор Пендаров.

Тој беше политички аналитичар, а работеше и како советник за односи со јавност во Собранието, како дел од кабинетот на спикерот Трајко Вељаноски.

Пендаровски имаше долга и успешна новинарска кариера, а редовно беше присутен во јавноста на ТВ-дебатите, анализирајќи ги темелно политичките случувања.

Тој неодамна го прележа коронавирусот, но неговата здравствена состојба се влошила поради низа други здравствени проблеми.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет46 минути

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија18 часа

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија19 часа

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија20 часа

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија22 часа

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија22 часа

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија23 часа

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет24 часа

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет24 часа

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Македонија24 часа

Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“. Отпуштените се во добра и стабилна состојба,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на „Беса-транс“ да поминуваат граница над 100 пати без дозвола?

„Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата. Скоро 140...

Македонија1 ден

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката...

Регион2 дена

(Видео) Пукање во автобус со калашников во Косово, убиени возачот и двајца ученици

Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири...

Македонија2 дена

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада. Според нив,...

Топ2 дена

Скопјанец повикан во полициска станица поради говор на омраза за автобуската несреќа

Скопјанец бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45...

Популарно2 дена

Македонија ќе игра против Италија во полуфиналето на плејофот за Светското првенство во Катар

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Денешната ждрепка во Цирих...

Македонија2 дена

Возачите на автобусот што изгоре не биле вработени во „Беса транс“

Ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса транс“ кој изгоре не бил вработен во компанијата. Еден од...

Македонија2 дена

Автобусот бил технички исправен, годинава 113 пати ја поминал државната граница

Автобусот на „Беса транс“ минатата година во 22 случаја остварил влез – излез од државата, додека, пак, во 2021 година...

Македонија2 дена

(Видео) Утре ќе бидат префрлени во Скопје првите двајца преживеани во автобуската несреќа

Утре ќе бидат донесени првите двајца од седумте преживеани во автобуската несреќа во Бугарија. Тие прво ќе бидат сместени на...

Македонија2 дена

19 починати и 434 новозаболени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.026 тестирања,...

Досие