Македонија
Етничките вработувања не престануваат – ДУИ ја приватизира Царината, велат од Левицата
„Огромиот број предизборни огласи за вработувања во државните институции продолжува. Криминогеното владеачко дуо на СДС-ДУИ ги партизира сите пори на државниот апарат преку вработувања партиски послушници во институции од секаков тип: министерства, општини, фондови, управи, јавни претпријатија, државни инспекторати, јавни здравствени установи, казнено-поправни домови, основни училишта и градинки за да пробаат да го ублажат поразот на следните избори“, велат од Левицата.
„Се разбира согласно нелегалниот Рамковен договор овие вработувања не се водат по објективен мерит систем туку под етнички клуч, односно ДУИ како пар екселанс пример за картел партија ја користи позицијата на уценување за укотвување на своите партиски кадри, согласно тоа дури 40% огласи се за граѓани од Албанска припадност. Типичен пример за оваа рамковна тиранија е ситуацијата во Царинската управа каде што има нови 15 огласи за вработувања од кои 13 места се „чуваат“за граѓани од Албанското малцинство, едно место за турското малцинство и едно место за ромското малцинство, со што, практично ДУИ ја приватизира Царинската управа“, додаваат оттаму.
Ја потсетуваат јавноста дека Левицата се залага за поништување на Охридскиот рамковен договор и вработувања по етнички клуч како извор на меѓуетничка омраза во Републиката, каде што не се вработува лице во согласност со неговите квалификации, туку по етнички клуч, што воедно претставува и навреда за вработените што се вработени на овој начин – не според заслугите, туку според етничноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„На ТОАРИЛУЦ се правеле набавки без план за да профитира раководството од СДС и ДУИ, ја оставиле Клиниката на цедило без основни медицински средства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„За СДС и ДУИ здравството било само област од која треба да профитираат поединци. Клиниката ТОАРИЛУЦ или Траума, ортопедија, реанимација и интензивно лекување ја оставиле во хаос“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Прво, контролите од надлежните покажуваат дека се aнгажирале лица со договор на дело незаконски. Или повеќе од 60 лица на почетокот на оваа година биле ангажирани со договор на дело на Клиниката без согласност од Министерството за финансии, односно спротивно на член 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос. Казната за лице кое го сторило ова дело е казна затвор од шест месеци до три години.
Второ, Клиниката дополнително се соочува со недостаток на медицински сестри, а раководството не се грижело за тоа.
Трето, раководство на ТОАРИЛУЦ на Клиниката направило финансиски обврски во износ од 840.000 денари и истите не биле во процедура согласно Законот за јавни набавки. Јавните набавки се правени без план за потребите на Клиниката. Оттука е дојдено до целосно исцрпување на договори и оставање на Клиниката без основни медицински средства и опрема.
Ова е само еден од многуте примери на уништување на здравството! Одговорност ќе има за секој еден кој не го почитувал законот!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада
„Една од заложбите на Владата е посветено да се работи и да им се помага на земјоделците. Затоа издвоени се 1 милијарда денари за исплата за заостанати субвенции за земјоделците. Над 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето производство. Кај дел од нив се доцни дури 4 години со исплатата“, велат од Владата.
„Првата одлука на оваа Влада беше со ребалансот да се обезбедат средства и до крајот на годината нема да има субвенции со кои се доцни кај земјоделците.
Домаќинското и посветено работење на Владата ќе придонесе значајна поддршка за земјоделското производство.
На овој начин се исправаат и неправдите кон земјоделците кои со својот труд печалат за себе и своите семејства“, се наведува во соопштението на Владата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен слаб дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Од среда врнежите наместа ќе бидат пообилни, повремено поројни.