Македонија
„Еурофарм“ одбележува 25 години развој: од една аптека до национален фармацевтски синџир со над 620 вработени
Скопје, 9 декември 2025 – Еурофарм, еден од најпрепознатливите фармацевтски брендови во државата, оваа година одбележува значаен јубилеј – 25 години од започнувањето на развојниот пат од една аптека до национална мрежа која ја сочинуваат 123 современи аптеки, и препознатлива улога во македонскиот фармацевтски сектор и заедницата.
Целата приказна за досегашниот развој на Еурофарм е преставена преку видео.
Основана во 2000 година како семеен бизнис, компанијата денес вработува околу 620 лица – дипломирани фармацевти, фармацевтски техничари како и економисти, правници и друг персонал. Во изминатите 25 години компанијата ја градела својата позиција преку систематска работа, вложување во човечки ресурси и создавање мрежа од современи аптеки со отворен пристап, професионална грижа и континуирана едукација на фармацевтите. Во последните пет години, Еурофарм редовно се наоѓа помеѓу 100-те најголеми компании во Македонија, што го потврдува континуираниот раст, стабилност и квалитетен развоен модел.
„Горда сум што она што почна како мала, семејна и искрена идеја, денес е национален бренд на кого му го доверуваат здравјето илјадници граѓани. Нашиот раст никогаш не бил случаен, туку резултат на јасна визија, долгогодишна работа и посветеност на тимот составен од исклучителни професионалци“, изјави м-р спец. фарм. Татјана Стерјева, сопственичка и генерален менаџер на Еурофарм Дооел и една од првите основачи на ланецот аптеки Еурофарм.

Во изминатите години компанијата вложи значителни средства во развој на продажната мрежа, модернизација на капацитетите за складирање, унапредување на дистрибуцијата, како и во континуирана едукација и професионален развој на фармацевтите и останатиот кадар.
„Нашата најголема инвестиција секогаш биле луѓето – фармацевтите, фармацевтските техничари и сите професионалци кои го создаваат Еурофарм. Верувам дека квалитетна услуга може да се понуди само ако континуирано се вложува во знаење, стандарди и услови за работа“, додава Стерјева.
Паралелно со одбележувањето на јубилејот, Еурофарм најавува нов значаен проект: изградба на нова, современа веледрогерија, дизајнирана по највисоките светски стандарди во логистика, автоматизација и безбедност при дистрибуција на лекови. Новиот објект ќе претставува клучен чекор во следната фаза од развојот на компанијата, со цел подигнување на ефикасноста, проширување на капацитетите и обезбедување уште повисок квалитет и достапност на лекови и фармацевтски производи.
„Иднината ја гледам како продолжување на успешната приказна на Еурофарм, но со нова енергија. Ќе инвестираме во дигитални услуги, во модерни фармацевтски решенија, во образование на фармацевтите, во уште попристапни аптеки. Но најважно, ќе продолжиме да бидеме човечки бренд. Свесна сум дека здравството се менува, технологијата се менува, но довербата останува најважна. Нашата мисија за следните 10 години е многу едноставна: секој пациент да се чувствува сигурно, разбрано и поддржано“, посочува Стерјева.

Тргнувајќи од тоа дека успехот што го остварува компанијата има вистинско значење само ако е споделен со заедницата, Еурофарм во континуитет во изминатите две и пол децении реализира бројни општествено одговорни иницијативи и проекти за поддршка на заедницата, од донации во образовни и здравствени институции, до поддршка на спортски, едукативни и културни програми. Во 2023 година, компанијата ја доби и Националната награда за општествено одговорна практика за проектот „Семејно здравје“.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Трифонов по инцидентот во Скопје: Со сила, убавина не бива – ЕУ ќе ја гледате низ искривена леќа
Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“ Слави Трифонов се огласи во врска со инцидентот во бугарската амбасада во Скопјe. На 11 јануари, напаѓач фрли камен кон вратата на дипломатската мисија. Чинот беше снимен на безбедносните камери на амбасадата, по што мажот беше уапсен, а настанот опишан како изолиран случај и осуден од страна на македонските власти.
Според Трифонов, проблемот не е скршеното стакло, туку ставот. Обично сакате да го скршите стаклото на некој што не го сакате, нагласува Трифонов.
Тој истакна дека пред години бил во Скопје и видел огромен знак со големи црни букви: „Бугари, умрете“ во близина на бугарската амбасада. Според него, ништо не се променило од тогаш.
Мудриот бугарски народ има една соодветна изрека: „Со сила, убавина не бива“, истакна тој.
„Ако не сакате, ќе останете во Северна Македонија, ќе ги гледате глупавите, одвратни црни натписи, ќе скршите некое стакло од време на време, тајно ќе сонувате да имате бугарски пасоши, ќе доаѓате на море во Сончев Брег секогаш кога е можно, ќе ги праќате своите деца да студираат во Бугарија и ќе ја гледате Европската Унија низ искривена леќа. Објективно кажано, токму тоа го заслужувате“, истакна Трифонов, пренесе „Њуз.бг“.
Македонија
ДОМ: Конкретни решенија за една изборна единица, а не само декларативност
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) во пресрет на најавената меѓупартиска лидерска средба закажана за 14 јануари 2026 година од премиерот Христијан Мицкоски, ја поздравува можноста за дијалог за суштински политички консултации околу важни реформски закони и процеси што треба да ја зајакнат нашата држава и демократија.
„Како партија цврсто и доследно стоиме зад нашата долгорочна заложба за системски промени во изборното законодавство кои ќе обезбедат пообјективно и пофер политичко претставување на граѓаните на Република Македонија. Во таа насока, апелираме и бараме на агендата на лидерската средба да се стави и да се разговара конкретно за:
· Промена на изборниот модел, односно наместо постоечкиот пропорционален систем со шест изборни единици да се воведе изборен модел со една изборна единица.
ДОМ продолжува со своите заложби и иницијативи за една изборна единица како модел што го поддржуваме со години и сметаме дека е неопходен за подобра репрезентативност и еднаков глас за секој граѓанин:
* Една изборна единица гарантира еднаков глас за сите — без регионални нееднаквости и нерамноправности во вредноста на гласот на гласачите од различни делови на државата.
* Овој модел го зголемува степенот на пропорционалност во распределбата на мандатите, што е клучно за воспоставување пофер и поквалитетно демократско претставување.
* ДОМ ја поддржува идејата изборниот модел да биде со отворени листи и без праг за да се поттикне поголема одговорност на кандидатите кон граѓаните наместо кон партиските врвови.
* 50% жени на листите бидејќи родовата рамноправност не е само бројка, туку цивилизациска вредност. Затоа сметаме дека жените неопходно е да бидат рамноправно претставени во политиката и во процесите на донесување одлуки со цел доследно почитување на сите демократски вредности и приниципи на инклузивност.
За ДОМ ова не е партиски интерес туку општествена потреба што ќе го зајакне демократскиот процес и ќе овозможи гласовите на сите, без исклучок да се рефлектираат реално и праведно во составот на парламентот, како и можност, а во исто време и право на сите политчки субјекти рамноправно да ги презентираат и промовораат своите програмски определби пред сите граѓани. Сето тоа придонесува за поголема доверба на граѓаните во политичкиот систем.
Ја повикуваме власта и сите парламентарни групи да излезат од своите удобни позиции и да ја прифатат оваа заложба и иницијатива за рамноправен простор за сите политички субјекти. ДОМ како вонпарламентарна партија која долги години се залага за воведување една изборна единица ги става на располагање сите свои експертски и организациски ресурси со цел активно да придонесе во обликувањето на законските измени и во спроведувањето на неопходните реформски процеси“, велат од ДОМ преку соопштение.
Македонија
СДСМ ги повикува институциите да постапат по обвинувањата за тендери во општини под контрола на ВМРО
Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска пирамида“, во кој јавните средства завршуваат кај фирми блиски до владејачката партија.
„51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма“, се наведува во соопштението, со оценка дека додека нема средства за зголемување на платите и пензиите, пари има за тендери.
Од СДСМ јавно прашуваат зошто Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата не преземаат ништо, и бараат одговорност за наводните злоупотреби.
Партијата најавува дека ќе продолжи да објавува докази за, како што наведува, мрежа на сомнителни тендери и дека, според нив, „работата не е завршена“.

