Контакт

Македонија

Жбогар најави финансиска помош од ЕУ за справување со еколошките проблеми

Објавено пред

Следната година во рамки на Берлинскиот процес со кој ќе ко-претседаваат Бугарија и Република Северна Македонија, во фокусот на агендата ќе биде животната средина, што би значело и обезбедување  финансиска помош за земјите од регионот за решавање на еколошките проблеми. Ова го изјави шефот на Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар, кој денеска оствари средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

На средбата се разговараше околу решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот и се разменија искуства како другите земји ги решаваат овие проблеми и што би можела С.Македонија да преземе во таа насока.

Министерот Нуредини ја изрази својата благодарност за поддршката која Европската Унија ја обезбедува за нашата земја во заштитата на животната средина со уверување дека ќе бидат вложени максимални напори за успешно искористување, со цел успешна реализација не само на тековните туку и на многу други идни проекти со цел заштита на животната средина и подобрување на животот на граѓаните.

На средбата беше потврдена досегашната поддршка и соработка од страна на Европската Унија, како и заложбата за понатамошно развивање на соработката која Европската Унија ја дава на Република Северна Македонија во заштитата на животната средина и климатските акции.

Амбасадорот Жбогар ја нагласи потребата од подигање на јавната свест на граѓаните во Република Северна Македонија, особено на младата популација, за прашањата за животната средина и информираше за екоактивизмот кои Европската Унија го иницира во нашата земја, во таа насока и активностите што се спроведуваат во рамки на кампањата што се спроведува под слоганот „Чисто, како дома исто“.

Министерот Нуредини ја поздрави иницијативата и истакна дека на граѓаните на Република Северна Македонија, а посебно на младите, треба да им се даде шанса да учат од другите земји, да споделуваат искуства, да применуваат најдобри практики, секако со заедничка поддршка и инвестирање во проекти за заштита на животната средина.

 

Македонија

Мицкоски во Париз обвини дека Заев ја попречува правдата

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов во Париз остварија средба со членовите на францускиот Сенат, Марта Де Сидрак и Арно Базин кој е и претседател на групата за француско-македонско пријателство.

На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања поврзани со стратешките интереси на Македонија.

Мицкоски во рамки на средбата ја афирмираше заложбата за напредок на планот на евроинтеграциите. Тој пред соговорниците нагласи дека ќе ја стави државата на брза патека што ќе подразбра итни реформи кој ќе ја извадат Македонија од, како што вели, слепата улица по која ја донела актуелната Влада.

Мицкоски ја потенцираше цврстата определба за бескромпомисна борба против криминалот, и нултата толеранција за корупција. Воедно нагласи дека потребни се чекори кој ќе доведат до економски напредок и подобрување на стандардот на граѓаните.

„За жал денес имаме состојба во која главна пречка за правдата е премиерот на државата“, истакна Мицкоски, додавајќи дека потребно е олсободувње на правосудниот систем од политичките стеги и владеење со правото.

„Обновата за која се залага ВМРО-ДПМНЕ се однесува на промени кон подобро во сите сфери и области, спроведување на политика базирана принципи и вредности“, истакна на средбата Мицкоски.

Воедно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека се залага стратешко партнерство со Република Франција и продлабочување на заедничката економска и политичка соработка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Објавено пред

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што Европската комисија, според најавите, ќе одлучува до крајот на јануари следната година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).

РСЕ имала увид за таканаречениот „нон-пејпер“ потпишан од Австрија, Чешка, Естонија, Италија, Латвија, Литванија, Малта, Полска и Словенија како придонес за идната методологија во преговорите за пристапување со земјите од Западен Балкан.

Со назнака „Нашата врата останува отворена“, во документот на деветте држви се подвлекува „надградба на постојниот консензус за проширување“ треба „да се заснова на постојниот консензус за проширување“ врз основа на следниве принципи: „полноправно членство во ЕУ како крајна цел; прво основи; пристап заснован на заслуги“ ; строга, но фер условеност; поттикнување на регионална соработка и добрососедски односи; компатибилност со постојната рамка за преговори “.

Деветте земји членки бараат од Европската комисија да ги групира поглавјата за преговори во главните области во идната методологија и да ги отвора паралелно наместо последователно.

Тие сметаат дека ова ќе ги направи меѓувладините конференции на ЕУ и земјите кандидати „повеќе политички релевантни и интерактивни“.

Девет земји членки на ЕУ посветуваа особено внимание на поглавјата 23 и 24 на владеењето на правото.

Овие држави сакаат да му дадат пристап на владеењето на правото преку приоритети, јасни препораки и временски рокови.

Тие веруваат дека ЕУ и нејзините земји членки треба „да дадат поголема поддршка за спроведувањето на правото на ЕУ“, особено во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Тие посочуваат дека разгледувањето на законите на земјите кандидати во врска со овие две поглавја треба да започне во моментот кога ќе се добие статусот на кандидатот.

Државите потписнички предлагаат, како политички поттик, годишни состаноци ЕУ-Западен Балкан на ниво на лидери, како и поголемо учество на претставници од регионот на неформални состаноци на Европскиот совет (Самит на ЕУ).

Исто така, се предложува „ефективен и насочен финансиски стимул“ кој „ги наградува и го олеснува напредокот“.

Австрија, Чешка, Естонија, Италија, Латвија, Литванија, Малта, Полска и Словенија сметаат дека треба да се подобри проценката на напредокот на реформскиот процес, земајќи го предвид реалното влијание на реформските мерки на теренот. Според нивниот документ, треба да бидат вклучени граѓанското општество, пратеници, локалните власти.

Исто така, се предложува да се одржи годишна „европска конференција“ на Западен Балкан за „консултации и промовирање на дијалогот“.

 

Овој „нон-пејпер“ е уште еден придонес за развој на нова методологија подготвена од Европската комисија, градејќи се на предлогот на Франција, која кон средината на ноември ги претстави своите предлози за „обновен и зајакнат пристап“ кон процесот на пристапување.

Европскиот комесар за проширување Оливер Ваџеи потврди дека во јануари Европската комисија, врз основа на сите придонеси на земјите членки, ќе формира нов предлог за промена на методологијата на процесот на пристапување.

Овој „обновен пристап“ до преговорите за прием е неопходен за Франција да дозволи отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, што може да се очекува на Европскиот самит на март 2020 година, под услов новата методологија да ја добие потребната поддршка од сите земји членки, пишува Радио Слободна Европа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ манипулира, греењето во „Стив Наумов“ е функционално

Објавено пред

Државниот студентски дом целосно ги отфрла тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека во студентскиот дом „Стив Наумов“ нема парно греење и дополнително има пукната цевка и поплавен ходник со вода. Од Државниот студентски дом велат дека студентите имаат топли радијатори, нема пукната цевка, ниту вода во ходниците.

„Ние за нецели две години успеавме долгот од речиси 5 милиони евра да го намалиме за безмалку 3 милиони евра и обезбедивме нови инвестиции во сите студентски домови. По долги години и режиските трошоци кои изнесуваа над 1,5 милиони евра заедно со помош на Владата ги сведуваме на нула“, изјави Дарио Николовски, директорот на Државниот студентски дом.

Николовски потенцираше дека Владата сериозно вложува во нови инвестиции во сите студентски домови кои ги подобруваат условите на студентите.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Македонија5 часа

Се укинува законот за зелените пазари

Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане...

Македонија5 часа

Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање...

Македонија6 часа

Обвинителството испитува кој ги објавува аудиоснимките поврзани со „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето што ги објавува...

Свет7 часа

Австралиските пожарникари сами собираат средства за квалитетни маски за дишење

Пожарникарите во Нов Јужен Велс, Австралија, поведоа итна акција за собирање средства за набавка на подобра безбедносна опрема кога открија...

Македонија9 часа

Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јутјуб-каналот U6e Big се појавија нови аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој личи на...

Македонија10 часа

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор Пецо Неданов, кој на „Фејсбук“ објави дека...

Свет10 часа

Разбиена мрежа на педофили, снимале силување бебиња, уапсени 33 лица во 11 земји

Заедничката акција на полициските сили во дури 11 држави доведе до апсење 33 лица осомничени за малтретирање деца, прикажување, добивање...

Македонија11 час

Речиси половина милион жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна

Честопати Северна Македонија е ставена на листата со рекордери во загуби на храна и отпад од храна, а истовремено се...

Свет12 часа

Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда за мир како протест поради Хандке

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните...

Свет12 часа

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во пукање во Њу Џерси

Најмалку шест лица, меѓу кои и еден полицаец и двајца осомничени вооружени лица, загинаа во повеќечасовно пукање кај гробиштата и...

Регион13 часа

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница. Тие се пронајдени во регионот Еврос, на грчко-турската граница, во периодот од...

Македонија1 ден

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија1 ден

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет1 ден

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион1 ден

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија1 ден

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија1 ден

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија1 ден

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија1 ден

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Досие