Македонија
Жерновски-Буриќ: Советот на Европа го поздравува донесувањето на Законот за ЈО

Заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, имаше средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, на која беше поздравено донесувањето на Законот за јавно обвинителство.
Заеднички се констататира дека со овој чин Република Северна Македонија демонстрира силна политичка волја за продолжување на реформите во областа на борбата против организираниот криминал и корупцијата, испраќајќи силна порака кон меѓународната јавност за политичката заложба на нашата земја кон носење конзистентни одлуки во еден комплексен предизборен период, кога станува збор за преземање неопходни чекори за продолжување на европскиот курс на земјата.
Генералниот секретар на Советот на Европа, Буриќ, ги поздрави судските реформи во нашата држава, оддаде признание за севкупниот направен прогрес и даде отворена поддршка за сите процеси кои имаат за цел подобрување на нашето опптество.
Заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, за време на посетата на Женева оствари повеќе средби и разговори со министрите за надворешни работи на Германија, Мас; на Франција, Ле Дриан; на Данска, Кофод; на Австрија, Шаленберг; на Хрватска, Радман; на Грција, Никола Дендиас; односно ЗМНР на Албанија, Агрон Таре; на Романија, Корнел Ферута; на Катар, Лолва Рашид Ал Катер; на Обединетите Арапски Емирати, Ахмед Ал Агарман и на Јапонија, Оми Асако.
На средбите од страна на Жерновски беа повторени стратешките приоритети на земјата, како и побарана поддршка за кандидатурата за членство на земјата во Советот за човекови права на ОН за периодот 2025-2027. Воедно, кусо информираше и за активностите кои во континуитет на национален план се преземаат, со цел доследна промоција и заштита на човековите слободи и права.
Во фокусот на разговорите со колегите од земјите членки на ЕУ беа и европските интеграции на Република Северна Македонија, а во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.
Од страна на соговорниците беше посочено дека методологијата ги задоволува барањата на земјите членки, што го враќа оптимизмот во процесот на проширување, враќајќи го со тоа и кредибилитетот на Европската Унија во регионот, кој по октомвриските самити беше значително нарушен.
Жерновски упати оптимизам во пресрет на пролетните самити на ЕУ, под палката на Хрватското претседателство, при што нагласи „Очекуваме Советот да ја исполни обврската која си ја постави, ова е наш заедничкиот влог, нека темата за проширувањето на ЕУ биде точка на обединување меѓу земјите членки”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Апасиев: Партиската полиција на Спасовски не престанува со тортурата врз левичарите

Непосредно пред одбележувањето на годишнината од раѓањето на таткото на македонската нација – Гоце Делчев, повеќе членови на Централниот комитет на Левицата, како што велат од партијата, без никаков повод и причина, утрово координирано биле повикани на информативен разговор во полициските станици во Македонија.
„Партиската ПОЛИЦИЈА на Спасовски не престанува со тортурата врз левичарите. Сабајлево, десетина модератори на локалните разграноци на Левицата во Македонија беа повикани на информативен разговор во полициски станици!“, велат од Левицата.
Од партијата додаваат дека Владата и министерот Спасовски продолжуваат со тактиките за заплашување и притисок врз Левицата како единствена антифашистичка партија со теренска поддршка бидејќи, како што велат, целта е да се задуши народниот антифашистички порив.
Инаку, претходно беше најавено за сабота засилено полициско обезбедување, а на настанот ќе присуствува државниот врв и, како што соопшти претседателот Пендаровски, се работи за настан од висок ризик.
Македонија
(Видео) Каевски: Неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните

„ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски продолжуваат со добро познатата пракса на скапи и нетранспарентни задолжувања. Мицкоски најави, а неговите градоначалници спроведуваат скапи задолжувања на општините кои важат за едни од финансиски најстабилни“, рече денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
Каевски напомена дека „Аеродром, Бутел, Гази Баба, Прилеп се општините кои преку општински обврзници ќе ги задолжат своите граѓани. Заедничко за сите задолжувања е што тие сè прават без да се наведе за што ќе се употребат парите, без да биде наведен рокот на отплата, а никој не знае ни колкави ќе бидат каматните стапки, кои поради економската криза стануваат сè повисоки“.
„Она што се знае е дека овие обврзници ќе може да ги купи секој, вклучително и крупниот бизнис и големи компании, кои потоа може да влијаат врз работата и носењето одлуки на градоначалниците и советите. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку Владата што ја предводи ги раздолжи општините. 50 милиони евра беа исплатени кон општините за да се расчистат долговите што локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги направи до 2017 година. По 12-годишното владеење со општините, ВМРО-ДПМНЕ остави задолжени општини, општини со блокирани сметки и општини без проекти“, порача тој.
Македонија
Три возила се судрија на Стража: превртено комбе, возачот повреден

Три возила се судриле, а комбе со скопски регистарски таблички е превртено пред превојот Стража. Од МВР за „Макфакс“ велат дека едно лице е пренесено и во болница. Екипа со јавен обвинител излегла на терен.
„Се случи сообраќајна несреќа, во која учествувале три товарни моторни возила (комбиња): ‘ивеко’, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Р. Б. од Прилеп, ‘фиат’, со скопски ознаки, што го управувал 39-годишниот скопјанец Ц. М., и ‘пежо’, исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот скопјанец И. А.“, велат од МВР.
Сообраќајот повеќе не е во прекин, а возилото е отстрането.
„Во несреќата телесни повреди добил возачот на ‘пежото’, И. А., кој бил пренесен во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’ за укажување лекарска помош“, додаваат од МВР.