Контакт

Македонија

Жерновски и Захариева на фестивал во Струмица

Објавено пред

На традиционалниот фестивал “One Love Tour”, кој се одржа денеска во Струмица, присуствуваа заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, а во име на Република Бугарија, заменикот премиер и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Фестивалот „One Love Tour“, на кој заднички настапуваат македонски и бугарски музички ѕвезди, се одржува трета година по ред. На настанот што е поддржан од УНЕСКО беа преставени и традициите на двете земји како разновидност на македонското и бугарското културно наследство.

За време на посетата на Жерновски на Струмица, заедно со Захариева и градоначалникот на Струмица. Коста Јаневски, се отвори мултифункционалниот социјален центар, кој е реконструиран и опремен со бугарска донација од 270.000 лева. Мултифункционалниот социјален центар ќе им служи на сите ранливи групи граѓани, како и за програмски активности и проекти за побрза и полесна интеграција во општеството и социјално вклучување на целните групи.

Со ваквите проекти се потврдува дека на негувањето на добрососедските односи со Република Бугарија, како и на интензивирањето на долгогодишната соработка во сите области, се посветува посебен интерес.

,,Посакувам оваа наша соработка да продолжи во овој правец и да поттикне нов дух во регионот. Докажавме една нова реалност на Балканот, дека две соседни земји ги надминаа минатите делби и создадоа меѓусебни односи на блиски пријатели”, изјави Жерновски.

Присуството на Захариева на фестивалот „One Love Tour“ во Струмица беше одлична можност да бидат разменети мислења со Жерновски за теми од важност за регионот, како и за перспективите на нашата земја во однос на нејзината европска интеграција.

Во врска со ко-претседавањето со Берлински процес, беше заклучено дека истото претставува одлична можност за понатамошно зајакнување на добрососедските односи и за зајакната улога на нашите две земји во регионалните прашања. Исклучително важно ќе биде да се успее во јасно дефинирање на приоритетите и идентификување уште во рана фаза кои може да се конкретни резултати од претседавањето, заклучија Захариева и Жерновски, разговарајќи на оваа тема, соопшти МНР.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Царовска, Бајрактар и Шкријељ: Драчево добива нова градинка за 125 деца

Објавено пред

Нова, енергетски ефикасна градинка се гради во Драчево, во општина Кисела Вода. Градинката е наменета за 125 деца, од сите возрасни групи. Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски направија увид во градежните работи што се изведуваат за дополнителниот објект за предучилишно образование.

„Во овие две и пол години инвестиравме 180 милиони денари во инфраструктура и покажавме дека предучилишното образование е приоритетна тема за оваа Влада. Дополнително, ги зголемивме платите кај воспитувачките и негувателките за 26%, се со цел да инвестираме во квалитетот на предучилишното образование . Се развиваат и нови модерни програми во градинките, коишто понатаму би требало да дадат подготовка на децата за современите начини на живеење, за да можеме да добиеме попродуктивни граѓани. Инвестицијата во предучилишно образование е најисплатлива инвестиција за секоја држава затоа што така создавате деца коишто понатаму во школувањето постигнуваат подобри резултати и се поподготвени да ја движат економијата“, изјави заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Царовска, додавајќи дека со отворање на услуги во заедницата, меѓу кои и отворање на градинки, жените добиваат можност поинтензивно да се вклучат на пазарот на труд.

Градинката ќе се простира на површина од 600 квадратни метри, на приземје и еден кат. Таа, според заменик министерот за труд и социјална политика Бајрактар, ќе ги намали листите на чекање за градинка на децата од ова населено место.

„Целта на Министерството и на оваа Влада е да опфатиме што повеќе деца во предучилишно образование. Битна ни е не само згрижувачката туку и воспитната функција на предучилишното образование, и затоа тоа треба да биде достапно и задолжително за сите деца“, укажа Бајрактар.

Според дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Шкријељ, зголемувањето на капацитетите за деца од предучилишна возраст е важно затоа што  обезбедува еднакви можности и еднаков старт на секое дете.

„Токму затоа во изминатиот две и пол годишен период инвестиравме во градинки посебно во руралните средини, кои долго време беа запоставени, се со цел да обезбедиме еднакви можности како за децата од урбаните така и од руралните средини. Во буџетот на Министерството за 2020 година издвоени се 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градинки. Дополнително, со помош од Светска банка, обезбедени се 15 милиони евра. До крајот на 2024 година е планирано да се креираат нови 7.500 места за згрижување на деца од предучилишна возраст. Сакам да напоменам дека работиме не само на инфраструктурата, туку силно инвестираме и во програмите за рано учење и развој. Нашата држава во изминатите две години беше прва држава во регионот којашто ги пилотираше програмите за социо-емоционален развој, кои од оваа година ќе се применуваат на национално ниво“, посочи Шкријељ.
Општина Кисела Вода ќе добие градинка по сите стандарди, нагласи и градоначалникот на Кисела Вода Темелковски.

„Рокот на изведба на објектот е 16 месеци. Уверен сум дека дечињата од Драчево ќе имаат одлични услови за предучилишно образование. Во изминатите две и пол години имавме одлична соработка со Министерството, се решија многу проблеми, пред се вработувањето на голем број негуватели и воспитувачи кои со години беа држени со договор на дело. Со тоа и нашите деца добија поквалитетно претшколско образование“, изјави Темелковски.
Општината планира изградба на уште една градинка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров во работна посета на Чешка

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре и задутре заминува на работна посета на Прага, Република Чешка.

Првиот ден од посетата ќе биде посветен на билатерални средби со чешките домаќини, министерот за надворешни работи, Томаш Петричек, а предвидени се и состаноци со претседателот на Долниот дом на чешкиот Парламент, Радек Вондрачек, и со државната секретарка за европски прашања, Милена Хрдинкова, како и учество на панел-дискусија во Институтот за европска политика – ЕУРОПЕУМ.

За време на вториот ден од посетата, Димитров ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група – V4 и земјите од Западен Балкан – WB6, којшто се организира во рамки на чешкото претседавање со Вишеградската група. Состанокот се очекува да овозможи отворена дискусија на министрите и претставниците на ЕУ-институциите за состојбата и очекувањата поврзани со евроинтегративните процеси во  регионот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ѓорѓиевски: Заев е главата на октоподот, тој мора да падне, повик за марш во 18 часот пред ЈО

Објавено пред

Зоран Заев три години владее криминално и деспотски во Република Македонија. Тој е главата на октоподот, кој штелува обвиненија, диктира пресуди и мести милионски тендери во исто време, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев нарачува, Врховен извршува, а Катица Јанева е запознаена за сè. Сите чувме како без Заев не може да помине одлука на Врховен суд. Како без Заев, Катица ништо не правела, како без Заев судскиот систем не може да одлучува самостојно.

Аудиоснимката пуштена во јавност е доказ дека во изминативе три години во Македонија нема поделба на власта на извршна, законодавна и судска. Имало еден човек кој бил сè, тоа е Зоран Заев, главата на октоподот, шефот на мафијата во Република Македонија. Ова не е европска иднина.

Ова е само еден од редицата случаи во кои Заев директно се вмешал. За други случаи, како што вели и тој самиот, судиите кои ги притискал веќе знаат како размислува и носеле одлуки по негов терк и без да прашаат.

Ова е причината поради која угледниот магазин „Економит“ ја прогласи Република Македонија под Заев за хибриден режим. Криминалот, корупцијата и рекетот мора да запрат. Македонија нема повеќе време за губење.

Ве повикуваме сите граѓани на Република Македонија кои не сакате криминалот да продолжи да царува да ни се приклучите на протестниот марш организиран од ВМРО-ДПМНЕ во 18 часот, кој почнува од пред ЈО на платото на МОБ, до Врховниот суд на Република Македонија“, порача Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Македонија2 часа

Патник од Дубаи заврши на Инфективна клиника, се прават тестирања за коронавирус

Пред неколку часа на Инфективната клиника во Скопје е примен пациент кој пред неколку дена допатувал од Дубаи, каде што...

Актуелно3 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија3 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион3 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт5 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија5 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет5 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет16 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт16 часа

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет17 часа

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија19 часа

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет21 час

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа21 час

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија23 часа

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Свет1 ден

Шведска – земја во која пратениците немаат привилегии, дури и кафето го плаќаат од својот џеб

Народните избраници во Шведска имаат право на канцелариски простор од седум квадратни метри, мали станови за службени лица и строги...

Македонија1 ден

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија1 ден

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија1 ден

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Досие