Контакт

Македонија

Жерновски-Радман: Северна Македонија e приоритет за хрватското претседателство со Советот на ЕУ

Објавено пред

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, учествуваше на четвртиот состанок на министрите за надворешни работи на јадранската трилатерала – Хрватска, Албанија и Црна Гора, кој се одржа во Задар.

dobivaj vesti na viber

Главни теми на состанокот беа проширувањето на Европската Унија во пресрет на претседавањето на Хрватска со Советот на Европската Унија во првата половина од 2020 година, соработката во рамките на НАТО, а беа разменети мислења и за актуелните прашања и предизвици во регионот.

На маргините на настанот Жерновски оствари одделна билатерална средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

„Очекуваме одлука за почнување на пристапните преговори со Северна Македонија и завршување на постапката на зачленувањето во НАТО за време на нашето претседателство со ЕУ“, истакнал хрватскиот министер.

Жерновски потенцирал дека Северна Македонија како држава созрева преку својата битка.

„Ние ги насочуваме нашите напори кон иднината. Очекуваме позитивни вести за време на хрватското претседателство како валоризација на досега сработеното“, порачал заменик-министерот за надворешни работи.

Како што информираат од ресорното Министерство, Жерновски остварил билатерални состаноци и со своите колеги од Албанија и Црна Гора.

 

 

Македонија

(Видео) Невреме во Неготино – паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили

Објавено пред

Големото невреме кое денеска го зафати Неготино зад себе остави паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили.

dobivaj vesti na viber

Силниот ветер носел покриви од куќи, а паднатите дрвја го блокирале патот Дуброво-Војшанци.

Невремето траело кратко но предизвикало големи материјални штети на тамошните жители.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски од Бигорски: Маврово и Ростуше е сплотено во поддршката за Медат Куртовски

Објавено пред

Со посета на манастирот св. Јован Бигорски, каде претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски се сретна со епископот Партениј, започна агендата на претседателот во општина Маврово и Ростуше.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Ковачевски истакна дека граѓаните на Маврово и Ростуше се сплотени во поддршката за кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски и СДСМ затоа што знаат дека токму тие се гарант дека развојот на општината ќе продолжи со несмален интензитет.

„Кандидатот на СДСМ, Куртовски во својата досегашна работа се истакна со реализација на над 60 проекти за што се инвестирани блиску 32 милиони евра. Со Куртовски, Маврово и Ростuше добива нов лик, и токму затоа граѓаните се обединети, со силна поддршка за СДСМ и кандидатот за градоначалник Куртовски.“ порача Ковачевски.

При денешната посета, претседателот Ковачевски ќе се сретне и со жителите на Требиште, Велебрдо, Ростуше и Јанче.

Прикажи повеќе...

Македонија

МЗШВ: Од први септември започнува ловот на дивите свињи како една од мерките во борбата против болеста Африканска свинска чума

Објавено пред

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска донесе решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита. Со ова решение започнува итна максимална депопулација на дивите свињи според акционен план дефиниран помеѓу МЗШВ и АХВ. Ловната сезона започнува на 1. септември на сите ловиштата на територија на државата освен во ловиштата во општините Македонска Каменица, Виница, Кочани и Делчево.

dobivaj vesti na viber

Одобрувањето на почеток на лов на диви свињи е една од мерките за спречување на ширењето на болеста Африканска свинска чума, која сериозно го загрозува свињарскиот сектор. Ваквата одлука беше донесена врз основа на координативните состаноци помеѓу министерството, АХВ и сите релевантни страни засегнати од опасноста од ширење на оваа болест.

Согласно Законот за ловство, дивечот е во државна сопственост и како добро од општ интерес на државата ужива посебна заштита и подлежи на законски мерки во случај на појава и ширење на заразни болести.

Концесионерите на дивечот во ловиштата, управувачите со државните ловишта ЈУ „Национални паркови“ и ЈП„Национални шуми“ – Скопје како привремени управувачи на ловиштата без концесионер, потребно е да го прилагодат своето работење согласно одредбата од донесеното Решение за одобрување на лов.

Концесионерите на дивеч во ловиштата се должни ловот да го организираат во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и доктор по ветеринарна медицина, а застеланиот дивеч по завршувањето на ловот да се складира на одредено место обележано од страна на Концесионерите на дивечот во ловиштата. Исто така, се задолжуваат Концесионерите и управувачите со државни ловишта во рок од 5 дена да определат ловни денови за засилен отстрел на диви свињи и да ги превземат сите мерки пред почетокот на ловот кој согласно денешното Решение ќе започне на 01. септември.

МЗШВ континуирано ја следи состојбата со болеста Африканска свинска чума и во координација со АХВ и другите институции превзема навремени мерки. На иницијатива на министерот Николовски беше предложено итно формирање на Координативно тело како една од мерките за мониторинг и спречување на болеста Африканска свинска чума. Ова Координативно тело активно ќе ја следи состојбата и ќе дава идни препораки за потреба од превземање на дополнителни мерки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Невреме во Неготино – паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили

Големото невреме кое денеска го зафати Неготино зад себе остави паднати дрвја, бандери, поплавени дуќани и автомобили. Силниот ветер носел...

Топ11 час

Скопјанка киднапирала бебе во ГТЦ и со такси го однела во Ѓорче Петров

Денеска полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.С. од Скопје, набрзо по добиена пријава околу 11.30 часот...

Македонија14 часа

Вилма Русковска е суспендирана, дисциплинска за уште две обвинителки

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска добила решение за суспензија.  Според информации на „Макфакс“, одлуката е...

Македонија16 часа

Обвинителството ќе го испитува регистрирањето на бугарските здруженија во Македонија

Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата...

Македонија16 часа

ВМРО-НП: Тие што гласно се чудат да се прашаат зошто некој манипулирал и ги учел со лажни податоци

ВМРО-Народна партија го поздравува напредокот на двете историски комисии како чин на позитивниот пат на Северна Македонија кон Евро-атланската интеграција....

Економија16 часа

Од септември мерки за штедење на струја, државните институции ќе мора да ги намалат сметките за 15 отсто

Државните институции од септември ќе мора да ги намалат сметките за електрична енергија за 15 отсто во однос на истиот...

Македонија17 часа

Регистрирани 590 нови случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови,...

Македонија19 часа

Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се...

Регион21 час

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, сè уште се во тешка...

Македонија21 час

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...

Македонија21 час

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа...

Европа21 час

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори, или уставни измени веднаш во Собрание или оставка и избори

„Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат. Константните притисоци од власта на Ковачевски кон пратениците...

Европа22 часа

Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво

Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија. „Тоа е едноставно глупаво. А оние...

Европа22 часа

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби на четири регионални одделенија. Според декретите објавени на претседателската веб-страница, Серхи Зајац беше...

Македонија2 дена

Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум твореле во бугарската голема средновековна држава, се вели во препораката за заедничко чествување

Тоа што живееле и твореле на денешната територија на Македонија, во бугарската голема средновековна држава им е единственото заедничко на...

Македонија2 дена

(Видео) Комисијата препорача заедничко чествување на цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум, ќе има и измени на антиката во учебниците

Комисијата за историски прашања даде препораки за заеднички чествувања на цар Самоил, светите Кирил и Методиј и светите Климент и...

Македонија2 дена

Петровска: Одлуките за донација на воена помош за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на...

Македонија2 дена

Бугарска фондација стави бугарско знаме пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје и се пофали дека го исчистила

Бугарската фондација „Македонија“ на социјалната мрежа Фејсбук објави дека го исчистила споменикот на Гоце Делчев во Скопје, ставајќи до него...

Регион2 дена

Лончар: Едно дете е оперирано, а на еден патник му беше ампутирана ногата

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар по посетата на повредените во несреќата во Бугарија изјави дека нема загинати. „Ги...