Македонија
Жичницата на Водно ќе работи по зимско време

Јавното сообраќајно претпријатие соопшти дека од утре жичницата ќе има зимско работно време кое ќе важи до 1 март.
Жичницата ќе работи од 10 до 17 часот, последното возење нагоре ќе биде во 16-16:30 часот, а последно возење од надоле ќе биде 16:45 часот.
И понатаму, неработни денови на жичницата ќе бидат понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот.
Од утре, ќе има измени и во возниот ред на линијата 25, која сообраќа од Транспортниот центар до Средно Водно.
ЈСП соопшти дека се укинуваат досегашните поаѓања од Транспортен центар во 16:20 и 17:20 часот, односно поаѓањата во 16:40, 17:40 и 18:40 часот од Средно Водно.
И понатаму, линијата 25 во понеделник не е во функција. Возењето на линија 25, (Транспортен центар – Средно Водно), 25А (Стара железничка станица – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Крвав четврток
Груевски на Фејсбук: Прородлжува политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук, за вчерашните приведувања на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, како дел од истрагата на Основното јавно обвинителство, за настаните од 27 април.
„Малку им е обвинението и незаконската политички нарачана казна затвор дека сум влијаел да се набави блиндирана кола бидејќи сум сакал да бидам награден со тоа што и јас како премиер понекогаш ќе сум бил превезуван во неа покрај странските гости.
Малку им е апсурдното обвинение дека сум барал автопатот Кичево-Охрид да се заврши побрзо наместо побавно оти сум сакал граѓаните да ме наградат со тоа што ќе гласаат за мене на следните избори.
Малку им е обвинението дека наводно сум нарачал шамари кои никогаш никому не биле удрени.
Малку им е обвинението дека сум злоупотребил службена должност со тоа што општината срушила недоизградена класична и подоцна од судот потврдена дивоградба за која и самиот инвеститор признал дека е дивоградба давајќи барање до општината да му се преиначи градежната дозвола и да биде согласно веќе почнатата дивоградба.
Малку им е обвинението каде без еден доказ, сведок против мене или мој потпис ме обвинуваат за неправилно финасирање на партијата оти некој донирал па после дал изјава дека не донирал или дека не се сеќава дали донирал 500 или 1000 евра на партијата.
За сите овие лажни обвиненија за кои уште немам пресуда нарачателите на прогонот проти мене веќе побарале од судот да ми одреди максимална казна затвор од законски можната.
Малку им е тоа.
Сега решиле за почеток да ме осомничат а потоа и обвинат за непостоечки тероризам.
Македонија
Царовска: Создаваме подобри услови за достоинствено активно живеење на постарите лица

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствува на првиот Совет за стареење во Анкара, со кој претседава турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Таа имаше свое обраќање на коешто истакна што Република Северна Македонија прави за активно живеење на старите лица.
„Повозрасните не треба да бидат пасивни, туку активни членови на секое општество и да учествуваат во сите политчки и општествени процеси. Наша задача е да создадеме услови за ова. Повозрасните опфаќаат 12% од нашето население, а според проценките на ОН овој процент ќе достигне 18,8% до 2030 година. За да им овозможиме подобри услови, активно и исполнето секојдневие ги унапредуваме законите, институционалните и алтернативните услуги, а воведовме и социјална пензија, за оние на 65 години, кои го граделе нашето општество, но не стекнале право за пензија и немаат друг извор на приход од кој можат да се издржуваа“, истакна Царовска.
За оваа цел, Владата ги реализира активностите од Националната стратегија за развој на социјалната заштита и Националната стратегија за постари лица 2010 – 2020.
Царовска најави дека МТСП во соработка со експерти од БиХ започнува пилот програма за подобрување на дневните центри, кои се клучни за социјализација и активација на постарото население.
Исто така, со поддршка на Светска банка изготвена е студија за функционирање на пензионерските домови којашто даде јасна слика за сегашната состојба на домовите. Оваа студија содржи јасни препораки за подобрување на пензионерските домови.
Во насока на подобрувањето на состојбите со сместувачките капацитети за грижа на старите лица и утврдената потреба за дополнителни сместувачки капацитети, особено во Градот Скопје, Министерството за труд и социјална политика започна активности за адаптација на објект, кој во минатото беше користен за згрижување на деца, кој во иднина ќе функционира како установа за згрижување на стари лица, а ќе биде со капацитет за сместување на околу 100 стари лица.
Со новиот предлог Закон за социјална заштита ќе се воведе нова услуга “помош во домот“ која ќе треба да обезбеди поддршка на старите лица во домашни услови и поддршка за живот во местото на живеење.
Целта на Советот што се одржува во Анкара е да се најде начини за подобрување на квалитетот на активното живеење на постарите лица, бидејќи на светско ниво се зголемува процентот на стари лица.
Македонија
Манчевски: Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите со новиот закон за инспекциски надзор, најави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
„Очекуваме позитивно да влијае врз фирмите, особено помалите кои најчесто мора да затвораат пред да им се даде шанса да ги исправат неправилностите.
Манчевски рече дека во сите инспекциски служби има вкупно 1 000 инспектои, што е недоволно и дека со претходните правила никој не можел да стане инспектор.
За платите, вели Манчевски, предност имаат оние кои се изложени на ризик, како инспекторите во пазарната инспекција, кои работат ноќе во клубовите со алкохолизирани лица, што не е исто со инспекторите во образованието.
„Предвидени се зголемувања на палтите но ќе дадеме предност на ризичните категории. Планот е платите да се зголемуваат годишно за 10 отсто и да достигнат до 30 проценти“, истакна Манчевски.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал