Контакт

Македонија

(Видео) Жугиќ: Заев и Шилегов не инвестираа ниту денар за подобрување на квалитетот на воздухот

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа протест во Скопје, Струмица, Битола, Тетово и Куманово против, како што велат, неодговорната политика за најгорливото прашање – загадениот воздух. Тие апелираат, поради загадениот воздух, но и пандемијата на Ковид-19, да бидат ослободени од работа бремените жени и хронично болните и во државниот и во приватниот сектор.

Поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 во земјава, од партијата одлучиле денешниот протест да го спроведат со намален број на присутни, почитувајќи ги законските мерки на присутност на протест. На протестот се обрати Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ, која порача дека на прагот на грејната сезона мерните станици за загаденост на воздухот мерат 5-6 пати зголемено количество на канцерогени ПМ-10 честички во воздухот во Скопје, така и во Битола, Тетово, Кичево и во други градови низ Македонија.

„Загадениот воздух убива кога власта е неспособна. Зоран Заев пред 4 години вети дека откако ќе дојде на власт веднаш ќе го подобри квалитетот на воздухот и ќе го намали загадувањето. Зоран Заев ветуваше дека државата ќе инвестира во подобрување на квалитетот на животната средина и атмосферскиот воздух. 4 години потоа Зоран Заев нема спроведено ниту една мерка во насока на намалување на загадувањето. Македонија секоја зима се гуши. Скопјани дишат отров наместо воздух. И ниту Заев, ниту Шилегов како градоначалник на Скопје не направија ништо конкретно за намалување на загадувањето.

Зоран Заев, човекот што на цел глас викаше, верувам се сеќавате „Ајро, Ајро, Ајро“ сега седи во премиерската фотелја во зградата зад нас, дели тендери на потесното семејство и воопшто не му е грижа за граѓаните кои се гушат во смог.

Воздухот никогаш не бил позагаден, а негрижата на власта за здравјето на сопствените граѓани никогаш не била поголема.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва остави тегли со чист воздух од врвот на Водно пред Влада, бидејќи воздухот што го дишеме е сè само не е чист. Чистиот воздух станува привилегија. Граѓаните се осудени да се гушат во смог поради неспособната власт и нема да нè изненади ако некоја следна бизнис-идеја за која ќе бидат потрошени народните пари биде токму чист воздух во тегла. Иронично, но за жал крајно, крајно трагично!

Дека нема напредок воопшто и подобрување на полето на квалитетот на воздухот нотира и ЕК(Европската комисија) во нејзиниот најнов извештај за Македонија, каде тие кажуваат дека власта нема направено ништо за намалување на загадениот воздух, ниту централната, ниту локалната, иако се и двете под една партија.

Ова почитувани граѓани е црвен картон и за Заев и за Шилегов.

И сега кога светот е погоден од најголемата пандемија на новиот век загадениот воздух е опасен катализатор за вирусот, бидејќи тој служи како трансмитер на истиот. Се соочуваме со проблеми од невидени размери. Токму затоа побаравме власта најитно да ги ослободи од работа хронично болните и бремените жени, кои се под особена опасност како од пандемијата која галопира, така и од енормно загадениот воздух.

Бараме наместо милијардите дадени за поткуп, тендери и други проневери да се обезбедат пари за намалување на загадувањето, и тоа веднаш. Здравјето на граѓаните нема цена“, порача Жугиќ.

Македонија

Судијата Иван Џолев нов претседател на Судско-медиумскиот совет

Објавено пред

Судско-медиумскиот совет (СМС) го избра раководството кое ќе го претставува во следните две години. Претседател во новиот состав е Иван Џолев, судија од Основен кривичен суд, а потпретседател е Христина Беловска, новинарка од Телевизија 24. На состанокот присуствуваа 12 од вкупно 15 членови на Судско-медиумскиот совет.

„Под влијание на СМС, судиите и новинарите почнаа повеќе да комуницираат, почна да се развива меѓусебна доверба, размена на информации, се надополнувавме , но и се критикувавме едни со други, а бенефитот од сето ова го имаа граѓаните  кои добиваа навремени, точни информации. На овој начин директно, но и индиректно влијаевме и во зајакнувањето на демократските капацитети, а на некој начин воспоставивме и нов систем на граѓанска контрола на судското постапување, но и на владење на правото“, рече Џолев.

Беловска кажа во периодот што следува ќе се бара пристап до пресуди, решенија за притвор и други документи.

„Ако на новинарите им е забранет пристапот до судница или увидот во судски документи, автоматски и граѓаните ќе немаат можност да видат како некој е осуден и дали се применуваат законите без привилегии и дискриминација. Затоа ние судските известувачи се залагаме преку СМС да се променат работие. Изминатиот мандат, издејствувавме пресудите во Кривичниот суд да се снимаат целосно и да се стримаат на Фејсбук и во живо. Ќе бараме пристап до пресуди, решенија за притвор и други документи. Притоа членувањето во СМС не значи компромиси на штета на новинарството, напротив преку правните школи кои ги организиравме добиваме поостручени, поинформирани новинари кои ќе критикуваат и понатаму, не манипулативно, туку аргументирано и издржано“, вели Беловска.

Новиот состав на Судско-медиумскиот совет брои 15 члена, од кои осум се новинари од различни медиуми, а седум се од редот на судиите од различни апелациони подрачја.

Учеството во ова тело е базирано на волонтерска основа.

Во насока на поголема соработка и отворање на судовите кон јавноста, Судско-медиумскиот совет се формираше првпат во Северна Македонија, но и во Европа, во септември 2018 година, по претходни искуства на две вакви советодавни тела во Соединетите Американски Држави.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Од изјавите на Заев дознаваме дека сепак имало преговори со Бугарија

Објавено пред

Од изјавите на Заев дознаваме дека, сепак, имало преговори со соседна Бугарија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во статус објавен на социјалните мрежи.

„Дали трговецот премиер во заминување Заев на овој начин ја продава Македонија и за какви интереси? Зошто оваа средба се држи далеку од очите на јавноста? Зошто Заев преку портпаролот лажеше дека нема средби кога сепак сам потврди дека имало?“, прашува Мицкоски.

Тој го повика народот да излезе на протестите најавени за денеска, а на кои опозицијата бара оставка од премиерот Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

В среда завршува анкетата за креирање идеи и проекти за подобар живот во општина Центар

Објавено пред

Остануваат уште два дена до завршување на анкетата за креирање идеи и проекти за подобрување на животот во општина Центар.

Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ ги повикуваат сите жители да се вклучат, да го одговорат анкетниот прашалник за Општина Центар да биде подобро место за живеење.

Веднаш по завршувањето на анкетата, в четврток и в петок (3.12. и 4.12.) ќе се одржат и буџетските форуми.

„Поради состојбата со Ковид-19 пандемијата, оваа година граѓанските буџетски и проектни форуми ќе се одржат онлајн, а учество ќе можат да земат сите жители на општината и со дебата и дискусија, да предложат дополнителни проекти и истите по важност да ги приоретизираат“, информираат од општината.

Седма година Општина Центар ги организира и реализира граѓанските буџетски и проектни форуми, на кои граѓаните преку свои предлози, идеи и проекти учествуваат во креирањето на буџетот на општината и подобрување на условите за живот и престој.

Граѓаните анкетниот прашалник можат да го најдат на општинската веб-страница.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа состанок со директорите на ковид-центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој...

Македонија2 часа

Престануваат да важат мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци

Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата. „Согласно...

Европа2 часа

Во поранешниот берлински аеродром наскоро ќе се вакцинираат по 4.000 луѓе дневно

Големиот натпис „Добре дојдовте“ сè уште виси пред берлинскиот аеродром Тегел, кој месецов беше затворен засекогаш. Но, наскоро се очекува...

Економија2 часа

За време на пандемијата 15.000 лица останале без работа

За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се...

Економија2 часа

Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со денешната...

Македонија3 часа

Плевнелиев: Скопје да даде гаранции за реформи, Софија да се откаже од ветото

Oднecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни, вели поранешниот бугарски претседател...

Свет4 часа

Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде пуштена во промет во декември

Вакцината „Епиваккорона“ против Ковид-19, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, може да биде пуштена во промет...

Македонија4 часа

Граѓански здруженија бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина

Четириесет и четири граѓански здруженија и иницијативи бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина....

Македонија5 часа

Дачиќ: Заев знае дека неговите изјави не се точни, но му треба согласност од Софија за ЕУ

Претседателот на српското Националното собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот Зоран Заев не е политички незнајко и дека знае оти...

Регион5 часа

Во Словенија 51 починат од коронавирус и 428 нови случаи

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 428 нови случаи на коронавирус од 1.880 тестирани, а починале 51 лице....

Регион5 часа

„Франс прес“: Здравствените системи на Балканот се преоптоварени поради коронавирусот

Недоволниот број на кревети и лекари и масовниот пораст на инфекции со коронавирус ги доведоа болниците на Балканот на работ...

Македонија6 часа

Воено-медицински персонал ќе се распореди во ковид-центрите на Клинички

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри, од денеска се вклучува во работата на...

Регион7 часа

„Фајненшл тајмс“: Бугарија проблематична членка на ЕУ која тоне во коруција

Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување...

Регион7 часа

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка. Директорот на Фондот за здравствено...

Свет7 часа

(Видео) Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат....

Македонија7 часа

Снег на Попова Шапка и Страцин

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови

ВМРО-ДМНЕ најави дека денеска ќе протестира во 11 градови. „Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди...

Свет22 часа

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија23 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија1 ден

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Досие