Контакт

Македонија

Забрана за камиони на Стража, Плетвар и на патот Маврово – Дебар

Објавено пред

Од изутринава има забрана за движење тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, на Плетвар и на планинскиот премин Стража. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Кула, Крушево, Крива Паланка – ГП Деве Баир и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека, информира АМСМ.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и за оние што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија

За 24 часа осум лица ги прекршиле мерките за изолација

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава на 435 лица им биле издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници биле извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани биле осум лица кои ги прекршиле ваквите.

Во однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани биле 641 прекршок.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Чибишев: Нема да изненади ако се потврдат шпекулации дека власта ги крие бројките на новозаболени

Објавено пред

Ситуацијата со коронавирусот целосно излезе од контрола. Mинистерството за здравство, Комисијата за заразни болести и надлежните институции засега немаат решение за неконтролираното влошување на состојбата, изјави д-р. Андон Чибишев.

„Но, затоа знаат со голема леснотија да го менуваат бројот, односно да го зголемуваат бројот на новозаболени во едно деноноќие. Нема да изненади ниту ако се потврдат шпекулации дека власта ги крие бројките на новозаболени, истите ги дозира, а целта е таа – да не се остави впечаток дека нема услови ниту на 5 јули да се одржат избори. Со тоа ќе се исполнат инструкциите да се креира лабава атмосфера на новото нормално.

Ова е поигрување со здравјето на граѓаните! Срамен чекор на власта!

Сведоци сме на влошување на сите параметри кои не водат кон епидемиолошка катастрофа со несогледиви последици. Ваквите бројки не искачија на врвот, ама на оној каде се бројат заболените и починатите од КОВИД 19 вирусот!

За жал, неколку дена имаме најмногу заболени и починати од Kовид 19 на милион жители од сите држави во најблиското опкружување!

Додека земјите од регионот веќе подолг период, неколку седмици, немаат заболени, или имаат по еден-двајца, ние сигурно се движиме кон пикот со двоцифрени бројки на новоинфицирани во едно деноноќие. Во последните два дена Македонија има повеќе новозаболени колку што имаат сите држави од опкружувањето заедно.

И на сето ова, во јавноста излегуваат неодговорни политичари и не убедуваат дека ситуацијата се стабилизира и вирусот слабее, и дека сега е моментот кога треба да одиме на избори! Тоа се опасни и крајно несериозни тези кои за кратко време можат да не доведат во многу тешка ситуација каква што гледавме во некои европски држави!

Дали надлежните институции ја чувствуваа загриженоста на граѓаните, бизнисмените, студенетите, учениците, оние кои три месеци претходно беа во првите редови во борба со пандемијата. Очигледно е дека Комисијата за заразни болести, наместо да работи и делува независно и стручно, работи по диктат на политичарите носејќи мерки и одлуки кои се менуваат на дневна основа и предизвикуваат несигурност кај граѓаните.

Свестете се! За здравјето на граѓаните станува збор“ порача Чибишев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Најголем дел од заболените во Скопје се од Чаир

Објавено пред

Најголем број од активните случаи на коронавирус во Скопје се од Чаир, по што следат Сарај, Аеродром, Бутел и Гази Баба, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Во Скопје заклучно со вчера активни се 392 случаи, или дадено по општини: во Чаир активни се 97, Сарај – 47, Аеродром – 47, Бутел – 47, Гази Баба – 38, Центар – 24, Карпош – 17, Кисела Вода – 17, Студеничани – 13, Ѓорче Петров 11, Илинден 10, Шуто Оризари – 9, Арачиново – 8, Петровец – 5, Сопиште -2.

Од денес од 21 часот до понеделник до 5 часот наутро се ограничува движењето на граѓаните на сите општини од град Скопје.

Од Министерството за здравство велат дека полицискиот час е воведен во цело Скопје  бидејќи градот е една функционална единица. На вчерашната прес-конференција министерот за здравство, Филипче, истакна дека не станува збор само за една единствена мерка, туку надополнување на многу специфични мерки кои се имплементираат во општините, а согласно податоците кои се добиваат од епидемиолошките анкети.

„Скопје е една функционална единица. Многу луѓе, покажаа и анкетите од прашалникот со заболените, со нивните контакти циркулираат низ целиот град. Со оваа мерка го штитиме целиот град Скопје“, истакна Филипче.

Од денеска од 21 часот до понеделник 5 часот наутро ќе има целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, како и општина Карбинци. Во сите други градови полицискиот час ќе трае од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. В петок, сабота и недела полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Најголем дел од заболените во Скопје се од Чаир

Најголем број од активните случаи на коронавирус во Скопје се од Чаир, по што следат Сарај, Аеродром, Бутел и Гази...

Регион35 минути

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет1 час

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет1 час

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет2 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија3 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија13 часа

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија13 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија15 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ18 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија19 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија20 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија21 час

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија22 часа

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет1 ден

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа1 ден

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет1 ден

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа1 ден

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион2 дена

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Досие