Македонија
Општина Аеродром: Заврши криминалот на СДСМ во Аеродром, по четири години, децата добија топол оброк преку транспарентна постапка
Првпат по четири години, во општина Аеродром учениците на првиот училиштен ден имаа топол оброк, обезбеден во транспаретна и законска постапка, без фаворизирање блиски фирми, како што беше случајот во времето на владеењето на СДСМ.
Фактот дека по неколку години, конечно, е срушен монополот на фирмата блиска до СДСМ, е причина за нервозата и незадоволството во редовите на партијата. Помина времето кога парите на граѓаните на Аеродром дадени за храна за децата во училиштата завршуваа во партиската каса на СДСМ, велат од таму.
Оваа година, според информациите од училиштата добиени по завршувањето на набавката, основните училишта на нашата територија избраа 4 снабдувачи, а во минатите четири години локалното партиско раководство на СДСМ со примена на разни методи се погрижи само една блиска фирма да го добива тендерот во сите училишта.
Повторувањето едно исто соопштение по неколкупати е само бесмислен и смешен начин на замајување на јавноста од погубните процеси и политики што оваа партија ги спроведува во Македонија и идеја што произлегува од тендерската матрица во која функционира СДСМ подолг временски период.
Жално е да зборуваме за тендери и мед во период кога во општината Аеродром се работи законски, кога децата првпат имаат квалитетен и навремено обезбеден оброк, кога се градат училишта и градинки и кога општината, конечно, доживува промени по четиригодишен застој, се додава во соопштението од Општина Аеродром.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Ѓорѓиевски: Обезбедено ново противпожарно возило за потребите на Кисела Вода
Кисела Вода обезбеди противпожарно возило кое има за цел да ги заштити животите и имотот на граѓаните. Како што објави на прес конференција градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ова возило кое е донација од “Шпаркасе Лизинг”, ќе и биде понудено на Противпожарната Бригада-Скопје, со цел таа да може поефикасно да одговори на идните предизвици и да ги заштити жителите на општина Кисела Вода. Се заблагодари на компанијата за покажаната општествена одговорност, а директорот Марјан Манчев му ги предаде клучевите од возилото и најави дека ова е почеток на соработката од која треба да произлезат бројни проекти во интерес на граѓаните.
-Со големо задоволство денес сакам да објавам дека во насока на зголемување на безбедноста на нашите граѓани, со цел да се заштитиме од непредвидливите и разорни последици на пожарите, Општина Кисела Вода успеа да обезбеди противпожарно возило. Секое лето, а посебно изминатово, сите видовме колку лесно и брзо може да се запали и прошири пожар, загрозувајќи го животот, домот и природата и за жал увидовме дека е неопходно подобрување на капацитетите на нашата Противпожарна Бригада. Голема е мојата благодарност до компанијата “Шпаркасе Лизинг”, која ги препозна нашите намери и како општествено одговорна компанија, покажа исклучителна грижа за безбедноста на нашата заедница, донирајќи ни го ова противпожарно возило. Ваквите партнерства меѓу приватниот сектор, општините и јавните служби се и повеќе од потребни кога за цел имаме подобрување на условите за живот на сите граѓани. Она што е наш следен чекор, како локална самоуправа е да и’ го понудиме ова возило на Противпожарната Бригада, со цел, таа да може побрзо и ефикасно да реагира и да ги заштити граѓаните, а пред се’ жителите на општина Кисела Вода. Сметам дека снабдувањето со ново возило претставува значајна помош, особено во моменти кога навистина е неопходно брзо и ефикасно да се реагира-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Директорот на “Шпаркасе Лизинг”, Марјан Манчев истакна дека како компанија која е длабоко посветена на општествената одговорност и поддршката на локалните заедници, го препознаваат значењето на соработката меѓу приватниот сектор и јавните институции и ја продолжуваат таа традиција преку донацијата на противпожарно возило на Општина Кисела Вода.
-Знаеме дека секоја општина се соочува со предизвици кои бараат брзи и ефикасни одговори, особено во ситуациите кога е загрозена безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Противпожарното возило кое ќе помогне во спасувањето на животи и намалувањето на штетите во моменти кога секоја секунда е важна. Со оваа донација, се надеваме дека ќе придонесеме кон уште побрза и поефикасна реакција на противпожарните служби за жителите на општина Кисела Вода. На крајот, би сакал да потенцирам дека и понатаму ќе останеме отворени за соработка и поддршка на вакви и слични иницијативи. Заеднички, можеме да направиме многу повеќе за нашата заедница и нашата иднина-изјави директорот Манчев.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче префрлил 7 милиони евра од здравството на фирма на роднина
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната власт предводена од СДСМ и ДУИ за несоодветно управување со здравствениот систем во земјата. Актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во својот мандат, според партијата, не само што не успеал да направи значајни реформи, туку и потрошил значајни средства на сомнителни тендери.
„Откога Филипче седна на министерската фотелја на 25 декември 2017 година, се префрлија 7 милиони евра од Министерството за здравство и здравствените установи во Македонија на сметката на ‘Синерџи’. ‘Синерџи’ е компанија во сопственост на Горан Филипов, партнерот на Катерина Савеска, тешта на Филипче. Или тештата Савеска и Филипов се јавуваат заедно како инвеститори. Само за една година од здравството на ‘Синерџи’ му биле префрлени два милиона евра“, пишува во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, актуелната реалност што ја оставила владата на СДС е испреплетена со корупција, криминал и руинирани институции.
„Македонија е на дното во регионот по сите параметри“, велат од партијата додавајќи дека единствениот начин за напредок е да се знае вистината за минатото.
„Неспособноста завршува со нив. Ние работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина“, завршија од ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи ја својата посветеност на подобрување на состојбите во здравствениот сектор.
Скопје
Пожарот во зградата во Чаир уште активен
Пожарот во зградата во Чаир уште е активен, информира утрово Центарот за управување со кризи. Утрово интервенираат три возила.
Синоќа, пожарот во скопски Чаир се одвиваше отежнато поради големата количина чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина запаливи материјали, информираа од Центарот за управување со кризи.
Пожарот, кој почна во подриумските простории, кои се користеле како магацин, гори од вчера во 1.50 часот. Од обејктот беа евакуирани речиси 100 станари. 30 возрасни, 12 деца, едена пожарникар и полицаец беа однесени на скопските клиники поради труење со чад.