Контакт

Македонија

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

Објавено пред

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во придружба на полицијата е изнесена од куќата во Козле. Пред неа, излезе нејзиниот адвокат Стеван Павлески, кој вчера заедно со неа беше на распитот кај Вилма Рускоска.

Од куќата на Јанева се одземени неколку парчиња мебел, меѓу кои гарнитура и мала маса.

Мебелот беше товарен во камион што е во сопственост на МВР.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Одложени судењата за „Транспортер“ и „Траекторија“

Објавено пред

Судењата за предметите „Транспортер“ и „Траекторија“ на СЈО денеска беа одложени на барање на државното јавно обвинителство и на специјалното јавно обвинителство.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Во предметот „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Во петокот беа одложени и судењата „Титаник“, „Титаник 3“ и „Тортура“, поради префрлање на предметите од СЈО во Републичкото јавно обвинителство. Тогаш обвинителката Лиле Стефанова од СЈО рече дека најверојатно ќе бидат одложени наредните неколку рочишта додека не се одлучи кои обвинители ќе ги водат предметите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скопје стана касапница на кучиња скитници

Објавено пред

,,Еден од главните проблеми на Градот Скопје е со кучињата скитници. Од една страна градот има нехуман третман кон животните, од друга страна таквиот ригиден и нехуман третман се враќа со низа проблеми за граѓаните. Шилегов 2 години нема решение за кучињата скитници. На почетокот на својот мандат тој кажа дека Вардариште е минато. Вети и дрско излажа”, се вели во соопштението на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Според нив, во својата програма за градот Скопје вети нов стационар со европски стандарди.

,,Нема ниту с од нов стационар за Шилегов. Епилогот по 2 години власт на Шилегов е Скопје касапница на кучиња скитници, нехуман третман кон животните и преплашени граѓани. Грозоморниот чин со убиените кучиња во Аеродром е доказ за капитулацијата на Шилегов и неговиот неуспех во справувањето на овој акутен проблем. Наместо евтин ПР на возење тротинет низ Градот, Шилегов да ги засука ракавите и веднаш да дејствува. Наместо модерна метропола Шилегов Скопје го претвори во касапница од 16 век.
Доколку Шилегов наместо крадоначалник беше вистински градоначалник ќе го решеше проблемот со кучињата скитници.2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа”, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Првото поглавје од преговорите ќе го отвориме за време на хрватското претседателство со ЕУ

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи ја започна работната посета на Брисел на средба со државната секретарка за европски прашања и претставничка на Република Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбиќ.

„Одлуката за старт не преговорите во октомври се поклопува со стартот на претседавањето со ЕУ од страна на Хрватска во јануари следната година, кога очекуваме и да го отвориме првото поглавје со ЕУ во рамките на преговорите“, истакна Османи, пренесувајќи благодарност до Згомбиќ за континуираната поддршка која Хрватска ѝ ја обезбедува на Република Северна Македонија. „Како дел од регионот, но и како дел од заедничката историја, Северна Македонија и Хрватска негуваат континуирани пријателски односи, во интерес не само на двете земји, туку и на целиот Балкан, а во насока на промоција на европската идеја во регионот“, истакна Османи.

Тој е во работна посета на Брисел, каде ќе оствари средба со Федерика Могерини, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската Комисија, каде ќе биде реафирмирана подготвеноста на земјата за старт на преговорите. Во агендата на Османи е и средбата со директорката за Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за соседство и проширување во ЕУ,Геновева Руиз Калавера.

Работната посета на Брисел е дел од турнејата на Османи за посета на метрополите на земјите членки на ЕУ, по која следат посетите на Берлин и Варшава кон крајот на неделата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, погинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија1 час

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица беше одложено...

Економија1 час

Холандија: Бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион2 часа

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ2 часа

Поднесено обвинение за ќерката која ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката која ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет2 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет3 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион13 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион15 часа

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија16 часа

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија21 час

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија22 часа

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет23 часа

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија1 ден

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа1 ден

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа1 ден

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура2 дена

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија2 дена

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт2 дена

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Европа2 дена

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот...

Досие