Контакт

Македонија

Заев објави селфи од Лондон: Го остваруваме сонот – стануваме членка на НАТО

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев објави селфи од Лондон, каде учествува на состанокот на лидерите на НАТО во Лондон, по повод 70-годишнината од постоењето на Aлијансата.

„Го остваруваме сонот на генерации наши граѓани – стануваме членка на НАТО, во сојуз со најмоќните партнери од демократскиот свет.

Овде, во Лондон, Северна Македонија е потврдена за следна 30-та членка на НАТО, на 70. роденден на алијансата. Безбедни, сигурни и стабилни, продолжуваме да ја јакнеме економијата за балгосостојба на сите наши граѓани“, напиша Заев на „Фејсбук“.

Македонија

Сугарески: Нема да има селективност при уривање на дивоизградените објекти во Охрид и Струга

Објавено пред

Законот е еднаков за сите и нема да се применува селективност при уривање на дивоизградените објекти во Охрид и Струга“ истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната работна посета на општина Охрид.

Тој потенцираше дека инспектори од Државниот градежен инспекторат уште од почетокот на изминатата недела се на терен и вршат масовни контроли на Охридско-Струшкото крајбрежје.

При посетата на Охрид министерот Сугарески во придружба на градоначалникот Константин Георгиески изврши увид во градежните работи за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на ул. „Абас Емин“ во Охрид.

Проектот е во вредност од 466 376 евра и предвидува реконструкција и изградба на околу 4 километри водоводни и канализациони линии.

„ Како министерство особено сме задоволни што овозможуваме огромна поддршка на општините за реализација на проекти од огромно значење за граѓаните, па затоа низ текот на овие години силен фокус ставивме на подобрување на комуналната инфраструктура во општините, преку изградба и реконструкција на водоводи и канализации. Токму овој проект е резултат на заедничка соработка меѓу централната и локалната власт. Исто така, сакам да истакнам дека заедно со ЈП за државни патишта го реконструираме и транзитот низ Охрид, завршивме со стариот пат за Струга, годинава започнуваме со реконструкција и на патниот правец до Ќафасан, во меѓувреме работиме на изградбата на автопатот Кичево–Охрид, а рехабилитиравме и неколку регионални патни правци во Струшкиот регион. Дополнително работиме и на рехабилитација и санација на локалните патишта и улици, за што општина Охрид преку Министерството за транспорт и врски доби на располагање 1 милион евра. Генерално имаме силна реализација на капитални инвестиции во овој регион и верувам дека овие проекти овозможуваме подобар живот за граѓаните и услови за развој на општините“ изјави Сугарески.

Сугарески додаде дека капиталните инвестиции во ресорот Транспорт ќе продолжат и во следниот период да се одвиваат со силно темпо и нагласи дека ќе биде реализирано сè она што во Владината програма е предвидено за оваа година.

Градоначалникот Георгиески истакна дека станува збор за доста значаен проект со кој се решава еден горлив проблем на граѓаните кои живеат во овој дел на градот.

„ Веднаш по завршувањето на реконструкцијата на водоводните и канализационите линии следува тампонирање и асфалтирање на улицата во два слоја, а како што тече изградба на комуналната мрежа, така службите на нискоградба и водовод паралелно прават и приклучоци на новата мрежа“ изјави градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.

Прикажи повеќе...

Македонија

Meтодија Ристоски избран за претседател на Нотарската комора

Објавено пред

Нотарот Методија Ристоски е избран за претседател на Нотарската комора на Република Северна Македонија за мандатниот период 2020 – 2023.

Изборот беше спроведен на 4 јули, на редовното изборно Собрание на Нотарската комора.

Во рамки на состанокот, извршен беше и избор на членови на органите на комората за претстојниот мандатен период.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски: СДСМ е мафијашка партија и Македонија ја направи мафијашка држава

Објавено пред

Зоран и Вице Заеви директно нарачувале палење на автомобили на сите оние кои се против нивните криминални и криминогени политики. СДСМ стана мафијашка партија, Република Македонија стана мафијашка држава, а кланот Заеви изминативе три години се на врвот на мафијата во државата. Тоа сите го знаат, го слушаат, го гледаат. И она што е најважно на сето тоа мора да се стави крај, истакна портпаролот на ВМРО_ДПМНЕ, Димчче Арсовски.

„ Од снимката која излезе низ медиумите, гледаме дека Вице Заев директно нарачувал палење на автомобили преку нивни член на подземјето од Битола, Горан Димовски, Тушникот. Не ни очекуваме дека Вице Заев и Зоран Заев да се дружат со професори и академци, но затоа си имаат работа и се дружат со луѓе кои имаат досиеја, дебели досиеја во полициските документации.

Секој се дружи со своите, во овој случај, криминалците се дружат со криминалците. Горан Димовски Тушникот – првиот човек на Вице Заев, Зоран Заев и Стојан Чифлигароски од СВ Инвест бизнис кој инаку е бизнис партнер на Вице Заев е човек со сомнително портфолио, кој во МВР има досие за неколку сериозни кражби на автомобили и тешки кражби од затворени објекти. Ова е кругот на најблиските луѓе на Зоран и Вице Заеви.

Горан Димовски Тушникот е човекот кој палел, се заканувал и вршел притисоци по нарачка на Вице и Зоран Заеви.

Јасно се гледа односот на Заеви кон државата и граѓаните. Тоа е мафијашко-пазарџиски однос за жал. Доволно беше. И ова ќе прекине уште веднаш после изборите на 15 јули. Почитувани господа од кланот Заеви, никој повеќе не ви се плаши и ќе одговарате за се што сте направиле изминативе три години.

Граѓаните додека не можат да врзат крај со крај, додека ја опустошивте државата, Вице, Зоран и останатите изрекетираа и украдоа милиони евра од Република Македонија. Затоа на овие избори Обновата ќе победи, а криминалците како вас ќе одат во затвор по изборите преку транспарентна постапка во судството кое што ќе ги тргнат канџите од кланот Заеви.

На 15-ти јули ставаме крај на мафијата во Република Македонија и СДСМ ќе паѓа од власт. А, ден потоа одговорност за сите криминали на кланот Заеви и оваа влада на СДСМ“ порача Арсовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион47 минути

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград,...

Македонија1 час

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион3 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ4 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура4 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија4 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион19 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион20 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава21 час

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет22 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт22 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија23 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ24 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија1 ден

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија1 ден

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ1 ден

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Досие