Контакт

Македонија

Загадениот воздух во Скопје одзема животи

Објавено пред

 

Алармантно е зголемен бројот на смртни случаи како последица на загадениот воздух во Скопје, покажа истражувањето поддржано од ЕУ, а координирано од Метеоролошкиот институт на Финска, кое во среда беше презентирано од Институтот за јавно здравје.

Концентрацијата на опасните ПМ-2,5 честички е речиси двапати повисока од најблиските градови во Европа, а особено загрижувачките се наодите од проценките на здравствените ризици од воздухот, според кои во Македонија годишно се губат околу 1.300 животи од аерозагадувањето, а три групи на болести се поврзуваат со аерозагадувањето и тоа ракот на белите дробови, мозочните удари и болестите на срцето вели професор Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје.

„Бројките покажуваат дека Скопје е меѓу најзагадените градови, особено ако ги земеме концентрациите на ПМ-2,5 честички, оние поопасните, и сме водечки европски град од она што гостите го презентираа. Ако најблиските градови – Букурешт и Будимпешта се некаде околу 30-40 микрограми на годишно ниво во просек, Скопје има дури 70. Страшно високи концентрации на ПМ-2,5 честички“, изјави Ѓоргев на презентацијата на наодите од проектот поддржан од ЕУ, а координиран од Метеоролошкиот институт на Финска.

Епидемиолошката студија е работена со конкретни податоци од кај нас, односно од месечните причини за смртност доставени од Заводот за статистика. Како што наведе д-р Ѓоргев, движењето на загадувањето се совпаѓа со движењето на смртноста, пиковите се во периодите кога има највисоко аерозагадување, а тоа е во зима.

„Во овие три години е покажано дека аерозагадувањето, односно болестите кои се поврзани со аерозагадувањето се околу 30-35 отсто, односно кај 30- 35 отсто случаи аерозагадувањето било причина за смртност. Нормално тука се работи кај ранливи групи како хронично билни и стари лица. Тоа се прилично високи бројки. Кај други земји се реферирани 10 до 20 отсто“, вели тој.

Ото Ханинен од Институтот за јавно здравје на Финска, говорејќи за искуствата на неговата земја, рече дека меѓу другото кај нив една од главните работи е промоцијата на централното парно греење како опција, но исто така и развојот на самиот сообраќај.

„Возниот парк во Финска беше еден од најстарите во споредба со ЕУ, но со промена на возилата и обновата на возниот парк се намалија драстично емисиите на загадувачки материи“, изјави експертот од Финска, Ото Ханинен.

Тој вели дека во нивната земја актуелен е проблемот со прашина на патиштата, а дека уште во 80-те години од минатиот век е направен голем напредок во индустрискиот сектор за намалување на штетни емисии во воздухот./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Објавено пред

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и синагогата во Скопје.

„Ви благодарам, министре. Брзите и решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните за овој гнасен антисемитски чин се од суштинско значење за спречување на потенцијални идни инциденти“, напиша Аисен на „Икс“.

Претходно, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го осуди обидот за палење, оценувајќи го како „апсолутно неприфатлив“.

„Нема место за вакви дела во Македонија“, порача Муцунски, додавајќи дека е во тек истрага и дека сторителите ќе сносат одговорност.

Од Министерство за внатрешни работи информираа дека на улицата „Апостол Гусларот“ биле пронајдени канистер за гориво и траги од горење во двор од верски објект, по што полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Еврејска заедница во Македонија го осуди инцидентот, оценувајќи го како напад врз темелните вредности на општеството и предупреди на зголемен говор на омраза и нетолеранција.

Од заедницата апелираа за целосно расветлување на случајот и обединета осуда од институциите, верските лидери и граѓаните.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Унгарија не смее да биде прибежиште за криминалци, рече Маѓар и го спомена и Груевски кој таму доби азил

Објавено пред

Новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, ја критикуваше одлуката на владата на Виктор Орбан да им одобри азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се товарат за злоупотреба на службената должност.

Тој порача дека Унгарија не смее да биде прибежиште за лица обвинети или осудени за криминал, при што го спомена и поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

„И тоа не важи само за нив, туку и за г. Никола Груевски, поранешниот премиер на Северна Македонија“, изјави Маѓар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо време со врнежи до четврток, најобилни на исток

Објавено пред

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека попладне и во текот на ноќта во јужните и западните делови се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и засилен ветер од југоисточен правец, со брзина над 60 километри на час.

Минималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а максималната ќе достигне меѓу 17 и 22 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 21 степен.

Во наредните денови, до четврток, времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток во источните делови, каде ќе има и услови за ретки грмежи.

Во петок ќе преовладува облачно време, додека во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела претпладне ќе биде сончево, а попладне повторно ќе има услови за дожд, особено во западните делови.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови...

Спорт3 часа

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер...

Регион4 часа

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна...

Спорт4 часа

Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека...

Црна хроника5 часа

Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник

Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип...

Македонија5 часа

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската...

Спорт5 часа

(Видео) Жан Тод призна: Шумахер два пати не играше чесно и тоа скапо го плати

Жан Тод, потврди дека Михаел Шумахер два пати во кариерата, неспортски се обиде да освои шампионска титула. Легендарниот Тод, го...

Спорт5 часа

Капитенот ја заврши сезоната

Фудбалерот на Тотенхем, Кути Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, објави Фабрицио Романо. Ромеро претрпе повреда...

Свет5 часа

(Видео) Ова беше чесен пораз, продолжуваме да му служиме на народот, рече Орбан ден по изборите

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно се огласи по изборниот пораз, обраќајќи им се на гласачите на неговата партија Фидес-КДНП....