Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Ако не се реши името, тоа нема да значи дестабилизација

Објавено пред

Ако не се реши спорот за името со Грција тоа нема да значи дестабилизација на државата, порача премиерот Зоран Заев од Скопје по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас што се одржа попладнево во Софија.

Тој посочи дека пријателството меѓу двете држави е веќе изградено и повтори дека има можно решение за кое ќе се дискутира поединечно во двете држави. Во однос на решението потенцира дека станува збор за комплетно решение во кое е вклучена употребата на името, јазикот и опсегот на употреба, а не само парцијално.

На заедничката прес-конференција со британската премиерка Тереза Меј, Заев се заблагодари за поддршката од Обединетото Кралство на евро-алантскиот пат на Македонија.

„Овозможете ни ја европската иднина“, побара Заев од Меј.

Тој рече дека денешната посета на британски премиер по толку време е круна на пријателските односи меѓу двете земји.

„Ќе продолжиме со реформските процеси. Реализацијата на планот 3-6-9 е потврда за тоа. Убеден сум дека ќе се реализира и планот 18 со кој ќе го зајакнеме владеењето на правото и борбата против корупцијата и криминалот. Со случајот ‘Скрипал’ покажавме дека сме пријатели во најтешките моменти“, рече Заев.

Македонија

(Видео) Царовска на маалска средба во општина Центар: Создадовме систем кој извлекува од сиромаштија

Објавено пред

Членката на ЦО на СДСМ Мила Царовска придружувана од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и други членови на СДСМ, попладнево одржа маалска средба со граѓаните на општина Центар.

На средбата со присутните граѓани се зборуваше на повеќе актуелни теми кои ги засегаат граѓаните, но и теми од областа на социјалната политика кои ја унапредуваат детската и социјалната заштита.

„Социјалните реформи даваат видливи резултати, а како дел од тие реформи се и покачувањето на платите на вработените во градинките за 16 отсто, раст на платите на социјалните работници за 23 отсто, вработувања на нови кадри во градинките што воедно претставува вложување на квалитетот на услугите во детските градинки“, истакна Царовска.

Таа порача дека бележат тренд на раст на пензиите кои растат и ќе продолжат да растат согласно трошоците за живот и растот на економијата.

Осврнувајќи се на мерките од социјалната заштита, Царовска истакна дека за прв пат лицата со тешка и најтешка интелектуална попреченост добиваат месечен надомест од државата од 8.000 денари, додека, персоналната асистенција во домот е нешто што исто така за прв пат се воведува, а државата го пренесува на локално ниво односно на општините.

„Зголемената социјална помош за 300 отсто, зголемениот опфат на деца за детски и образовен додаток се само дел од мерките од новата социјалната реформа која обезбедува повеќе пари кај граѓаните, ја намалува детската сиромаштија и ги унапредува правата на лицата со попреченост“, посочи Царовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Охрид и Струга добија 10 дена да подготват акциски план по препораките на УНЕСКО

Објавено пред

Владата ја усвои информацијата за учество на делегацијата на Република Северна Македонија на 43. состанок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан, и уште еднаш ја реафирмира определбата да се зачува статусот на Охридскиот Регион како светско наследство впишано во листата на УНЕСКО.

Во таа насока, на денешната седница Владата донесе одлука да го повлече Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион и им препорача на општините од регионот да прогласат мораториум на градежните активности до донесување на планот за управување со природното и културното наследство.

Истовремено, Владата им препорачува на општините Охрид и Струга во рок од 10 дена да изготват акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО за обврски од надлежност на општините и во рок од два дена по усвојување на акциските планови од страна на советите на општините да ги информираат Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Овие министерства со одлука на денешната седница добија задолжение да ја координираат меѓуинституционалната активност за спроведување на препораките на УНЕСКО и еднаш месечно да ја информираат Владата за прогресот во имплементацијата на препораките.

Прикажи повеќе...

Македонија

Новиот закон за Јавното обвинителство пуштен во Собранието

Објавено пред

Владата на денешната 146. седница, со која претседаваше премиерот Заев, го усвои новиот текст на предлог-законот за Јавното обвинителство и е донесена одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаменце и во скратена постапка.

Министерството за правда предложи, а Владата денеска прифати, во собраниска постапка да биде пуштен и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители заради терминолошко усогласување со предлог-законот за Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

(Видео) Во пожар во детски камп во Русија, загинаа најмалку пет деца

Најмалку пет деца загинаа во пожар во детски камп во ски-центарот Холдоми во рускиот Далечен Исток. Според информациите, загинати се...

Свет8 часа

Трамп: Би можел веднаш да го средам Авганистан, но не сакам да убијам 10 милиони луѓе

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД во последните неколку недели постигнале голем напредок во преговорите со талибанците и јасно...

Европа11 час

Нов топлотен бран во Европа

Уште еден топлотен бран оваа недела ќе зафати делови од Централна и Северна Европа, со рекордни температури кои се очекува...

Македонија11 час

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во поликлините во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница. Досега околу 520...

Европа13 часа

Џонсон е новиот премиер на Велика Британија

Поранешниот британски шеф на дипломатијата, Борис Џонсон, е избран за нов претседател на Конзервативната партија, а според тоа и нов...

Македонија13 часа

(Видео) Јанева: Најодговорно тврдам дека не сум вмешана во случајот „Рекет“

Во врска со мојата наводна вмешаност во случајот „Рекет“ најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување или...

Македонија16 часа

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ16 часа

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија17 часа

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Македонија18 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија18 часа

Села бара јавен обвинител од странство

Зијадин Села од Алијансата за Албанците објави неколку забелешки за владиниот предлог закон за Јавното обвинителство. Тој истакна дека ќе...

Македонија18 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион18 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија1 ден

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија1 ден

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија1 ден

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија1 ден

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија2 дена

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија2 дена

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет2 дена

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Досие