Контакт

Македонија

Заев: Во португалскиот предлог за спорот со Бугарија се вклучени очекувањата на двете страни

Објавено пред

Португалското претседателство со Европската Унија и министерот за надворешни работи Аугусто Сантош Силва во понудениот предлог за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија воделе грижа да бидат вклучени очекувањата на двете страни, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за решавање на спорот со Бугарија и содржината на португалскиот предлог.

„Немам детали за страната на Бугарија односно за Софија како го разгледува предметот но според мене мислам дека португалското претседателство, португалскиот министер Агуста Силва заедно со неговиот тим воделе грижа за двете страни за да бидат вклопени очекувањата, кај нас рековме дека тоа е добра база, појдовна основа за решение, ние го дискутираме сериозно и веќе се одржаа неколку состаноци и ќе продолжат секако во текот на оваа седмица да се одржуваат, исто така гледам дека и во бугарската страна имајќи ја во предвид резолуцијата освоена во нивниот парламент, ставовите на бугарската страна тие го имаат сето тоа што е важно соодветно и алоцирано, дали е во договор за асоцијација и стабилизација, дали е во роуд мап или патната карта којашто претставува обврска на двете страни во идното позабрзано реализирање на договорот за пријателство и добрососедство и соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија или без разлика дали се работи за прашања коишто ниту еден народ не ги разговарал така и ние тоа е нашиот македонски јазик и македонскиот идентитет се секако строго заштитени но истовремено ја има опфатено и бугарската страна тоа е реалноста за постоењето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет и секако си имаат свое право како што тоа го регулираат согласно нивните документи или резолуции да остане прашање за коешто и понатаму може да се разговара. Заради тоа што во неколку наврати јас до сега реков а и многу други наши високи политички личности дека очекуваме час поскоро Бугарија да го признае и официјално македонскиот јазик и македонскиот идентитет така да имаме еден важен документ јас сум многу позитивно изненаден заради тоа што една земја членка којашто е буквално на другата јужна страна од европскиот континент, не е толку блиску до Балканот е толку детално упатена, навлезена, креативна, инвентивна за да се изнајде решение затоа рековме дека секојпат е можно да се изнајде решение ако има добра волја од двете страни“, истакна Заев.

Тој како што рече, верува дека во Рим македонскиот и бугарскиот претседател ќе направат некаков исчекор во надминување на проблемот кој како што потенцира дефинитивно ја кочи не само нашата туку и европската интеграција на целиот Западен Балкан.

„Како човек којшто го негува пријателството, дијалогот и дипломатските разговори за изнаоѓање на решенија на градење пријателство очекувам помеѓу нашиот претседател Пендаровски и бугарскиот претседател Радев да се изнајде некој исчекор во поглед на надминување на овој проблем којшто дефинитивно ја кочи европската интеграција на целиот Западен Балкан но и нашите европски перспективи, 16 и пол години правиме од кога сме земја кандидат, 2001 година имаме договор за асоцијација и стабилизација веднаш после Словенија а пред Хрватска, навистина никој аспирант за ЕУ којшто сакал да го продолжи понатаму патот не чекал толку како денеска Северна Македонија, јас верувам дека Бугарија ќе биде и понатаму силен поддржувач и на Северна Македонија но и на патот на европските интеграции на Западен Балкан севкупно заради тоа што тоа го покажаа неколку пати до сега посебно 2018 година организирајќи го самитот за Западен Балкан на ЕУ токму во Софија под раководство на премиерот Борисов и Владата, верувам дека европскиот дух којшто претседателот Радев го негува, но и нашиот претседател ќе биде доволен импетус помеѓу двајцата да направиме еден исчекор и да продолжиме понатаму во нашата европеизација а секако ние низ роуд мап ќе успееме да го забрзаме, ефектираме она што претставува спроведување на договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, изјави Заев.

Македонија

Борисов: Интеграциите на Македонија и Албанија ни се стратешка цел, да не дозволиме да се мразат генерациите

Објавено пред

„Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година е основа на нашите односи. Нашата цел е членство на Северна Македонија и Албанија во Европската унија“. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пред партиската младина и прецизираше дека разговарал со македонскиот премиер Зоран Заев, јави БГНЕС.

Борисов предупреди дека начинот на кој владејачката партија и претседателот Румен Радев сега преговараат со Северна Македонија може да доведе до лош исход за Бугарија или  ги натера народите да се мразат меѓусебно со децении.

„Нашата стратешка цел е Северна Македонија и Албанија да влезат во ЕУ. И вие, младите, овде мора да сторите сé што е можно за да не се мразат генерациите. Радев ја подели земјата. Сега ги подели луѓето и на темата Северна Македонија“, потенцираше Борисов.

Тој истакна дека во последните 4 години, додека ГЕРБ беше на власт, Бугарија била фаворит на Балканот.

„Ние бевме водечка сила на Балканот. Сега политиката што се води ќе направи да се мразиме едни со други. Тогаш, за што ќе бидат нашите европски проекти? Влегувате во земја што не ве сака. Затоа и јас и Зоран Заев се обидуваме работите да одат од дното нагоре “, рече поранешниот премиер.

Борисов истакна дека историјата е важна работа, но треба да им се допушти на историчарите да ја работат работата.

„Имаме договор за добрососедство. Тоа е најважната точка. Така се создаде ЕУ – од најзавојуваните земји – Франција, Германија, Велика Британија. Да не ве мами омразата на Радев, која тој ја внесе во народот“, повика Борисов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев, Османи и Бектеши од трибините ќе навиваат за македонската фудбалска репрезентација

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, министерот заа надвореши работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши попладнево тргнаа за Букурешт каде од трибините ќе го следат првиот настап на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.

„Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме. Напред момци, цела држава навива за вас!“, напиша Заев на Фејсбук каде објави и фотографија од аеродромот пред тргнувањето.

Попладнево, со почеток во 18 часот, фудбалерите ќе играат со репрезентацијата на Австрија.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ утре продолжува со протестите

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протестите од утре пред МНР во 17 часот.

Одлуката за продолжување на протестите била донесена вчера на седницата на Извршниот комитет што се одржа во Битола.

„Иако Заев ја убедуваше македонската јавност дека со потпишувањето на спорниот договор повеќе немаме отворени прашања со соседите, очигледно е дека се отворија нови и досега неоспорувани теми. Република Македонија е блокирана. Протестите продолжуваат затоа што Заев и Бујар Османи кријат за што се преговара и што се’ се подготвени да прифатат од бугарската декларација“, изјави Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да го покаже на македонската јавност документот кој го преговараат со Зоран Заев.

Од опозициската партија велат дека ќе продолжат со протестите, се додека на тајни преговори се подриваат македонските национални интереси.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт4 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија11 час

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа11 час

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ11 час

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија11 час

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт12 часа

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија15 часа

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија1 ден

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт1 ден

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија1 ден

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија1 ден

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија1 ден

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија2 дена

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија2 дена

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Спорт2 дена

Арнаутовиќ: Не го отпишувајте Пандев поради неговите години

Македонија и Австрија, утре ќе го одиграат првиот натпревар во Ц-групата на Европското првенство. Дуелот на двете селекции, во Букурешт,...

Спорт2 дена

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион2 дена

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија2 дена

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Досие