Контакт

Македонија

Заев, Вучиќ и Рама: Неуспехот на ЕУ да ги исполни ветувањата оди против европската волја на нашите земји

Објавено пред

Остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка – на земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што ѝ се тие потребни на ЕУ, истакнаа претседателот на Република Србија-  Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Република Албанија – Еди Рама, и претседателот на Владата на Република Северна Македонија – Зоран Заев, кои денеска одржаа работна средба преку интернет-конференциска врска на која ја утврдија трипартитната, односно заедничка изјава „Европски Западен Балкан“.

Во трипартитната изјава се наведува дека постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни своите ветувања и нејзината неможност да се движи напред со отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонијаоди против европската волја на нашите земји и против интересите на самата ЕУ.

„Сакаме порано, отколку подоцна, да видиме дека четирите слободи на ЕУ – движење на луѓе, стоки, услуги и капитал – се спроведуваат низ целиот регион. И ние ќе сториме сè што е во наши раце да се движиме кон оваа цел преку моќта на нашиот пример. Во овој дух, ние ќе ја искажеме нашата целосна поддршка за регионалниот заеднички пазар на Самитот на Берлинскиот процес на 5 јули“, се наведува во изјавата.

Тројцата лидери сметаат дека само со заедничко работење и поттикнување на регионална соработка во рамките на разни регионални иницијативи – заеднички регионален пазар, регионален шенген, зелени коридори или во поширока смисла преку Берлинскиот процес – граѓаните ќе почувствуваат опипливи резултати.

Како регион со приближно 18 милиони луѓе, се додава во изјавата, можеме да ги зајакнеме нашите економии, да ја зголемиме благосостојбата на нашите луѓе и да донесеме големи инвестиции што инаку не би биле возможни доколку го правиме тоа поединечно.

Вучиќ, Рама и Заев најавија дека на 29 јули ќе се сретнат во Скопје за да го потврдат напредокот и да потпишат договори кои произлегуваат од спроведувањето на обврските од Берлинскиот самит, меѓу трите земји. Договорите за соработка и помош во случај на природни катастрофи, како и за олеснување на трговијата, извозот и увозот меѓу земјите.

Ги поканија колегите во регионот да потпишат и спроведат слични договори, така што визијата за заеднички политички и економски простор низ Западен Балкан да стане важен дел од секојдневниот живот на граѓаните преку единствениот пазар. Во тој дух, Вучиќ, Рама и Заев се надеваат дека ќе го засилат процесот на соработка меѓу регионот.

„Гледајќи ги потешкотиите кои беа предизвикани од одложувања во процесот на проширување, ние веруваме дека сè уште може да се идентификуваат нови начини, политички области и финансиски инструменти, како и да имаме зајакнување на постоечките, така што ќе се подобри нашиот придонес кон Европа, нашиот однос со ЕУ и постепено да се интегрира регионот кон европскиот единствен пазар. Затоа, решивме денес да побараме од Европската Унија и од Соединетите Американски Држави да преземат чекор заедно со нас и со нашите колеги од целиот регион. Нашата цел е да развиеме инвестициони, краткорочни проекти за подобрување на нашата животна средина и за многу поголем употреба на обновливи извори на енергија. Ова би било дел од спроведувањето на Економскиот и инвестициски план на ЕУ и на Зелената агенда за Западен Балкан“, се додава во заедничката изјава.

Тројцата лидери се договориле и да побараат практична поддршка во откривањето кои проекти можат, во поголем обем, да го направат нашиот регион извор на обновлива енергија за граѓаните и за зелената енергетска иднина на ЕУ. Се надеваат дека ќе можат да го објават напредокот на конкретни проекти до Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи оваа есен.

„Ние целосно ја препознаваме и повторуваме важноста на ресурсите на нашиот регион за зелената транзиција во Европа. Затоа, бараме Европската Унија, во тесно партнерство со Соединетите Американски Држави, да бидат дел од развивањето на овие ресурси на начини што ѝ помагаат на ЕУ да ги оствари своите планови притоа привлекувајќи повеќе инвестиции низ нашиот регион, правејќи го дел од европската зелена транзиција. Благосостојбата и економските врски на нашите народи ќе растат кога ќе се интегрираме во европските синџири на снабдување и ќе придонесеме за стратешката автономија на ЕУ. За таа цел, ние сме подготвени да го одработиме својот дел заедно и ќе сториме сè што можеме за да ги претвориме овие заеднички напори во заедничка сила за соочување со предизвиците кои ги носи иднината како цел регион составен од шест актери.

Албанија е Европа. Северна Македонија е Европа. Србија е Европа. Западен Балкан е Европа. Ние ќе ја завршиме тешката работа за да го направиме ова дел од секојдневниот живот“, се додава во заедничката изјава.

Македонија

Горан Сугарески разрешен од директорската функција во Царинската управа

Објавено пред

Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа.

„Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да го разреши од должноста в.д. директор на Царинска управа, и на оваа позиција да ја именува Славица Котиров, досегашен заменик-директор“, соопшти Владата.

Причините за неговото разрешување не се наведени. Тој беше поставен на функцијата директор во јануари оваа година.

Претходно, Сугарески беше министер за транспорт и врски. По парламентарните избори, на негово место за министер беше именуван Благој Бочварски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пет милиони денари за дигитализација на картотеките во Институтот за македонски јазик

Објавено пред

Министерството за култура ќе потроши пет милиони денари за дигитализацијата на картотеките во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

„Владата на седница ја разгледа и усвои Информацијата за преземање активности во врска со дигитализацијата на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, и го задолжи Фондот за иновации и технолошки развој средствата добиени од Министерството за култура во износ од 5.000.000 денари наменски да ги искористи за дигитализацијата на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, а согласно објавениот јавен повик“, соопшти Владата.

Прикажи повеќе...

Македонија

За шест часа казнети 93 возачи на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Објавено пред

Полицијата вчера за шест часа казни 93 возачи на автопатот Куманово-Скопје-Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.

15 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното.

Од МВР велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет27 минути

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си. Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд,...

Спорт1 час

Ѓоковиќ поразен – пристигна како најголем фаворит за златниот медал, на крајот не упеа да освои ниту бронза

Олимпискиот турнир во сингл за најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ се претвори во кошмар. Во Токио пристигна како најголем фаворит...

Македонија2 часа

Горан Сугарески разрешен од директорската функција во Царинската управа

Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа. „Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да...

Економија2 часа

Државата ќе им даде 111 милиони денари помош на туристички агенции, ресторани за свадби и ноќни клубови

Владата ќе додели еднократна финансиска помош во висина од 111 милиони денари за 382 лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за...

Македонија3 часа

(Видео) Државата ја зголеми наградата за олимпиецот Георгиевски

Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех на Дејан Георгиевски на Летните...

Регион16 часа

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион18 часа

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија20 часа

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија20 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија20 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија23 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија23 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ1 ден

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ1 ден

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет1 ден

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ1 ден

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет1 ден

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет1 ден

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија1 ден

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет2 дена

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Досие