Македонија
Заев ги соопшти носителите на кандидатските листи на СДСМ и порача: „Со ваква понуда, нема дилема“

СДСМ ги избра кандидатите за пратеничките листи за претстојните парламентарни избори закажани за 12 април.
Во првата изборна единица носители ќе бидат актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерката и поранешна министерка за труд и социјална политика Мила Царовска.
СДСМ најавија дека за овие избори на листите ќе има тандем односно двајца носители и во сите единици ќе бидат маж и жена.
Задржувајќи се до тој принцип носител на листата во втората изборна единица е техничкиот премиер Оливер Спасовски, а второто место е резервирано за Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП). Во тројката тандемот на СДСМ го чинат Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска, односно Радмила Шекеринска и Јован Митрески во петката.
За лидерот на СДСМ, Зоран Заев резервирана е четвртата изборна единица каде тој ќе настапи во тандем со членката на НСДП, Соња Мираковска, која ќе добие место на пратеничката листа кое е предвидено за коалициските партнери.
Во шестата изборна единица се очекува носител биде лидерот на БЕСА, Биљал Касами, во тандем со Фаница Николовска.
„Со ваква понуда, нема дилема. Обединуваме околу вредностите и визиите за државата за нашите деца. Концептот едно општество да се зацврсти, да продолжиме сите заедно. Им благодарам на коалиционите партнери кои дадоа придонес, и на оние кои не се дел од листите, но се тука да работиме заедно“, посочи Заев на завршницата од 24. партиски Конгрес.
Нагласи дека СДСМ и коалицијата ќе продолжат уште подобро по овие избори.
„Сите ќе продолжиме, со силна посветеност да ги реализираме сите столбови на програмата што вечерва ја усвоивме. Членка сме на НАТО, сега на ред е ЕУ. Градиме фер, еднакво, праведно општество“, додаде партискиот лидер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Регистрирани 590 нови случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на Ковид-19: Скопје – 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп – 19, Делчево – 17, Штип – 16, Гевгелија – 12, Струмица и Струга – по 11, Кочани – 10, Гостивар и Неготино – по 9, Радовиш и Виница – по 7, Берово – 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Кичево и Валандово – по 4, Ресен , Свети Николе и Демир Капија – по 3, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Дебар, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (590), регистрирани се 142 реинфекции.
Регистрирани сe 583 оздравени пациенти од: Скопје – 241, Битола – 44, Кавадарци – 43, Куманово – 40, Штип – 26, Велес – 24, Прилеп – 23, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 18, Радовиш – 16, Струмица и Неготино – по 15, Делчево – 10, Кичево – 5, Валандово – 4, Ресен, Свети Николе, Кратово и Демир Капија – по 3, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Кочани, Пробиштип и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (72г) и Охрид(82г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.593 теста преку: ИЈЗ-190, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-38, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-42, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–132, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-49, Биотек-52, Систина-50, лабораторија Лаор-10, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-6, Генеа-13, Никоб Лаб-52, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 728.
Досега во земјата се направени вкупно 2.137.986 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.041, бројот на оздравени пациенти е 323.051, на починати е 9.426, а бројот на активни случаи изнесува 3.564
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 158210, Активни 1458
Куманово 17858, Активни 149
Битола 17422, Активни 243
Прилеп 15188, Активни 148
Тетово 14311, Активни 128
Кавадарци 11776, Активни 138
Велес 10606, Активни 114
Гостивар 10177, Активни 100
Охрид 9976, Активни 229
Струмица 8654, Активни 92
Штип 8610, Активни 87
Кичево 5998, Активни 62
Кочани 5406, Активни 68
Струга 5106, Активни 78
Гевгелија 4734, Активни 55
Неготино 4061, Активни 73
Ресен 2969, Активни 28
Радовиш 2781, Активни 54
Свети Николе 2755, Активни 12
Крива Паланка 2584, Активни 23
Делчево 2087, Активни 53
Берово 1791, Активни 30
Дебар 1785, Активни 20
Валандово 1581, Активни 7
Виница 1451, Активни 21
Пробиштип 1294, Активни 5
Богданци 1075, Активни 15
Кратово 1077, Активни 17
Крушево 1008, Активни 22
Демир Хисар 908, Активни 11
Македонски Брод 782, Активни 8
Демир Капија 621, Активни 7
Македонска Каменица 533, Активни 4
Пехчево 501, Активни 5
Дојран 365, Активни 0
Македонија
СДСМ: За рангирањето на Шангајската листа ВМРО-ДПМНЕ нека се обрати кај асистентот на тато Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за образование, откако 11 години истото систематски го уништуваше, реагира СДСМ.
„За рангирањето на Универзитетот ‘Свети Кирил и Методиј’ и други универзитети на Шангајската листа ВМРО-ДПМНЕ нека се обрати кај нивниот претседател Христијан Мицкоски.
Мицкоски е професор на Машинскиот факултет при УКИМ, на тој ист факултет магистрирал и докторирал, а на истиот тој факултет професор бил и неговиот татко.
Мицкоски своевремено бил асистент кај сопствениот татко, што е врв на непотизам.
Ете така Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги замислуваат реформите во високото образование, градење кариера преку непотизам, роднински и пријателски врски.
Христијан Мицкоски е симбол на непотизам, а неговата ВМРО-ДПМНЕ симбол на деструктивност и дејствување на штета на интересите на граѓаните и државата“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Македонија
Кочоска Димитриеска: СДСМ е здружена криминална банда со ДУИ

„Министерката за култура воопшто не се огради, не пак да го осуди настанот. Повторно морам да кажам, зборуваме за потрошени пари на граѓаните на Република Македонија и најголем дел од нив преку таа прослава и исвиркувањето на некој начин се навредени нашиот идентитет, нашиот јазик“, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска одговарајќи на новинарско прашање за немањето осуда од страна на власта за исвиркување на македонскиот јазик за време на прославата за Рамковен.
Димитриеска Кочоска која присуствуваше на присуствуваше на протестот на оризопроизводителите во Оризари посочи како да очекуваме да не почитуваат нашите соседи, кога самите не се почитуваме и додаде дека СДСМ не го осудува ова однесување затоа што треба да си го осудат коалициониот партнер со кој се заедно во криминалите.
„Треба да излезат и да го критикуваат коалициониот партнер, а тоа е ДУИ. Но тоа е една здружена криминална банда која заради криминал и корупција ќе ги премолчи сите работи. Оттука министерката за култура нема храброст да искоментира што било“ рече Димитриеска-Кочоска.