Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Објавено пред

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците треба да гласаат за ратификација на договорот со Грција.

„Пред три дена потпишавме документ за крај на спорот од три децении. Ставивме потпис кој означи почеток на крајот на неизвесноста. Достинствено решение за двете страни. Имаме договор со јасни обележја на нашиот македонски јазик така како што ги разбираме ние. Јазикот и идентитетот се македонски, содржани во договорот. ‘Јазикот е нашата татковина’, рече Блаже Конески. Јазикот е наш македонски, македонска ни е татковината. Потписите на историскиот договор го заштитија нашиот македонски идентитет за век и векова“, рече Заев.

Никому ништо не сме му подариле, додаде тој, ниту некој ни одзеде нешто кога се договоривме за географска одредница. „Се издигнавме над стравот за да обезбедиме спокојна иднина. Повикувам да ги отфрлиме ѕидовите на изолација и ксенофобијата. Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука“, рече Заев.

Според него, денеска е уште еден голем ден во низата денови што претстојат. „Овој ден ја прави голема извесноста дека ќе добиеме датум за почеток на преговорите. Европа ни ја подаде раката. Отворената покана од НАТО станува реалност, сонот станува реалност“, рече Заев. Пред нас, додаде тој, се белите листови на нашата држава и наместо со горчина и гнев, од денеска заедно да ги испишуваме овие страници со љубов, надеж, солидарност и заемна радост.

На седницата за ратификација на договорот не се присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Објавено пред

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи Никола Димитров за прв пат се обрати пред новиот состав на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент, формиран по европските избори одржани во мај 2019 година.

Димитров се заблагодари до претседавачот на Комитетот, Дејвид Мекалистер за можноста да се обрати пред срцето на европската демократија, како и на останатите европратеници за досегашната конзистентна и видлива поддршка за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Притоа Министерот направи и кус хронолошки осврт на европскиот пат на земјава досега, на демократската трансформација и созревањето на македонското општество во изминативе неколку години, на предизвиците и многубројните мерки, активности и постигнати резултати при нивното надминување, како и на политичкиот капитал и енергијата вложена при затворање на преостанатите чувствителни отворени прашања со соседите, водени пред сè од желбата на граѓаните за приближување кон европското семејство и вредности.

„Оваа недела дефинитивно за македонските граѓани не претставува само уште еден обичен Совет на ЕУ. Ова е нашиот состанок со историјата, на кој се очекува донесување на долгоочекуваната и како што е потврдено од многумнина, заслужената историска одлука за почеток на преговори со ЕУ. Историска во смисла на тоа што претставува отворање на вратата за поддршка на процесите за неповратна и одржлива демократска преобразба на земјата. Но и повеќе од тоа. Таквата одлука ќе претставува и вистински сигнал во вистинско време до целиот регион на Западен Балкан и пошироко, потврдувајќи ја вербата на граѓаните во европската идеја и надежта на прогресивните сили во кредибилноста на даденото ветување за европска перспектива на земјите од Регионот, согласно индивидуалните заслуги и постигнувања. Длабоко веруваме дека европските лидери во наредните денови ќе ја согледаат важноста на моментот и ќе ја донесат вистинската и визионерска одлука“, рече Димитров.

На самиот крај од дискусијата, европратеникот Дејвид Мекалистер кој ја модерираше оваа сесија, потенцираше: „…почетокот на преговори сега е добро заслужен. Повикувам на одговорноста на сите земји членки…дека Северна Македонија заврши добра работа.”

По обраќањето на Министерот уследи и интерактивна размена со членовите на Комитетот, при што главната порака што провејуваше од страна на европратениците беше во насока дека овој момент неспорно е соодветен за донесување на одлука за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.

Покрај настапот пред АФЕТ, министерот Димитров имаше и засебни средби со европратеничката Натали Лоазо и со шефот на Кабинетот на Претседателот на Европскиот Совет, Пјотр Серафин. На средбите беа разменети мислења околу очекувањата и изгледите за добивање на одлука за почеток на преговори во пресрет на Советот за општи работи на ЕУ и на Европскиот Совет оваа недела.

Во текот на утрешниот ден, предвидено е Димитров да учествува на состанокот во Луксембург на Министрите од PES групата од земјите членки на ЕУ кои ќе учествуваат на Советот за општи работи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на која беа присутни и претставници од Министерството за надворешни работи и кабинетот на премиерот.

Денешните разговори се во рамки на тековните консултации во однос на работата на комисијата пред утрешната средба со нивните бугарски колеги во Охрид.

„На средбата беше истакнато дека Владата останува посветена на договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и на негувањето на дијалогот и градење заеднички консензус за сите прашања од делокругот на работа на комисијата“, информираат од владината прес-служба.

Премиерот Зоран Заев претходно денеска на конференцијата на почесните конзули  изјави дека очекува оти Бугарија ќе покаже конкретна поддршка во Советот за општи работи и во Европскиот совет затоа што тие искрено сакаат да не поддржат и имаат обврска согласно со договорот.

Заев рече дека Бугарија е еден од најголемите пријатели на Република Северна Македонија и потсети дека Бугарија беше една од првите држави што го ратификуваше договорот за пристапување кон НАТО. Премиерот изјави дека преку овој договор досега е најдено решение за шест историски личности и четири историски периоди, а сега доаѓа петтиот период којшто не е лесен, но тоа не значи дека нема да биде изнајдено решение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дескоска во Советот на Европа: Се надевам дека нема да ја загубиме шансата за преговори со ЕУ

Објавено пред

Министерката за правда, Рената Дескоска, се обрати на денешната конференција за министри за правда во Советот на Европа, која се одржува во организација на француското претседателство. Темата на конференцијата за министрите за правда е „Дигиталните предизвици за правдата во Европа“, а министерката Дескоска се обрати на првата сесија на која се дискутираше за „Пристап до законот и правдата во дигиталната ера“.

„Воведен е Автоматизиран систем за за управување со предмети во судовите (АКМИС), кој се надевам дека во блиска иднина постепено ќе се воведе и во Јавното обвинителство. Дигитализацијата може и да ја зголеми ефикасноста на судството преку овозможување на електронска достава на поднесоци до судовите, електронска комуникација со адвокатите и странките во судовите“, потенцираше министерката Дескоска.

Министерката за правда истакна и дека во судовите постепено се имплементира опрема за аудиоснимање на судските рочишта, како и систем за аудио-видео снимање на сослушувањата во јавното обвинителство.

На крајот на своето обраќање министерката упати порака во Советот на Европа во пресрет на одлуката за отпочнување преговори со Република Северна Македонија: „Се надевам дека нема да ја загубиме шансата да добиеме преговори со ЕУ. Таа одлука ќе го забрза темпото на реформите во правосудството“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи Никола Димитров за прв пат се...

Македонија23 минути

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ2 часа

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија2 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија2 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија3 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија6 часа

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет6 часа

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ7 часа

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ8 часа

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Македонија8 часа

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија9 часа

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа10 часа

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа10 часа

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт20 часа

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија1 ден

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ1 ден

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион1 ден

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура1 ден

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија1 ден

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Досие