Контакт

Македонија

Заев договараше медиумски реформи со здружението и синдикатот на новинарите

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот Роберт Поповски задолжен за комуникации, транспаретност и отчетност се сретнаа со претставници на Здржението на новинари на Македонија и на Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници за да разговараат за медиумските реформи.Притоа премиерот Заев најави дека владата е целосно определена да создаде услови за објективно и професионално работење на медиумите.

„Владата е подготвена во соработка со новинарските здруженија и организации да спроведе итни и квалитетни медиумски реформи. Граѓаните имаат право да бидат навремено и точно информирани. Лошата состојба со медиумите во Македонија, констатирана во извештаите на сите домашни и меѓународни организации, оваа влада ќе ја смени. Целта на новата влада е да го заштити достоинството на новинарите и медиумските работници, тие да работат без притисоци, слободно и професионално. За таа цел ќе ги земеме предвид приоритетите изложени од ЗНМ и ССНМ како неопходни во медиумската сфера“, рече премиерот Заев.

Исто така претседателот на Владата, Заев изрази подготвеност да се направат сите неопходни законски измени за гарантирање на слободата на говорот и за независноста на медиумите, за да се заштитат новинарите и медиумските работници од насилства.

Двете новинарски организации соопштија конкретни решенија околу финансирањето на медиумите, реформата на јавниот сервис и за подобрувањето на работничките права во редакциите.

Заев и Поповски се обврзаа на отворени комуникации, целосна транспарентност и отчетност на владата и на институциите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Улиците Лазар Личеноски и Востаничка повторно отворени за сообраќај

Објавено пред

Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски кај скопското Кале.Улицата се реконструираше на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот Никола Карев, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница.

На оваа делница се изврши реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.

Исто така, градежните екипи деновиве ја завршија и реконструкцијата на улицата Востаничка во општината Кисела Вода, на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски.

Во изминатиот период на оваа делница долга 1.100 метри беа обновени коловозот и рабниците, а беа реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките, но беа изработени и 76 нови приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во прекин сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Објавено пред

На патниот правец Кичево – Охрид, поточно кај с.Врбјани после планинскиот превој Пресека, поради работи на пат (минирање) во период помеѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути, соопшти АМСМ.

Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево со температура до 21 степен

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната од 14 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во текот на следната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра и ниски минимални температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус. За една недела се...

Свет14 минути

Италија ги заострува мерките – ситуацијата е критична

Италија најави нови построги мерки поради зголемениот број на позитивни случаи на ковид-19 во земјата. Ова следи по рекордниот број,...

Свет24 минути

(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите. Мажот,...

Македонија44 минути

Ковид-19 го прележале над 17 илјади лица во земјава

Од Ковид-19 досега оздравеле 17 239 лица во земјава, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани...

Регион1 час

Полициски час во неколку црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет градови во црвената зона според бројот на лица...

Европа13 часа

(Видео) Илјадници Французи излегоа на улиците поради убиството на наставникот

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на поддршка на наставниците и со цел да ја одбранат слободата...

Европа13 часа

Стотици демонстранти ја нападнаа полицијата во Прага

Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот....

Регион14 часа

Црногорските медиуми за Амфилохие: Привилегиран e, го лечат со „ремдесивир“

Митрополитот Амфилохие, кој се зарази со коронавирусот, доби лек „ремдесивир“, кој, според порталот ЦдМ, е недостапен за другите пациенти во...

Свет15 часа

Бројот на заболени во светот надмина 40 милиони

Бројот на заразни лица со Ковид-19 во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, според податоците на веб-страницата Worldometer. Бројот на...

Македонија16 часа

Аеродром, Центар и Карпош се општини со најголем број заболени од Ковид-19

Аеродром, Центар и Карпош се скопски општини со најголем број на заболени од Ковид-19. Според најновите податоци од Министерствоот за...

Македонија18 часа

Починаа 10 лица со Ковид-19, 428 новозаразени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на...

Македонија18 часа

(Видео) Ангеловски: За три недели изречени над 12.000 казни за сообраќајни прекршоци

МВР покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени сообраќајни контроли и во другите градови, меѓу кои и Кичево,...

Македонија20 часа

(Видео) Пендаровски: Бигорскиот манастир надживеал империи и држави, денеска го започнува своето второ илјадалетие

Денешниов свечен ден е прекраток, за да ги опише, барем, главните настани од илјадагодишната историја на манастирот „Свети Јован Бигорски“,...

Регион20 часа

Во Словенија највисок процент на заразени според бројот на направени тестови

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 726 нови инфекции со коронавирус на 3.765 тестови, објави словенечката влада, што...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Aприл 2021 е месецот за спроведување на пописот

Пописот ќе се одржи во април 2021 по сите правила на Еуростат, објави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи, каде...

Европа23 часа

Плантажа со марихуана на три ката и со вредност од милион фунти пронајдена во Англија

Во објект на поранешен ноќен клуб во Ковентри, полицијата открила плантажа со марихуана на три ката, за која се проценува...

Европа2 дена

Словачка во следните два викенда ќе им направи ковид-тестови на сите граѓани постари од 10 години

Словачка на коронавирус планира да ги тестира сите свои жители на возраст над десет години, објави словачкиот премиер Игор Матовиќ...

Македонија2 дена

(Видео) Димитров: Соседите мора да бидат свесни дека ќе имаме заеднички успех или заеднички дебакл

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров на денешната прес-конференција по повод мандатното писмо за мисијата и задачите на Секретаријатот...

Македонија2 дена

(Видео) Се обединува опозицискиот фронт, ФРОДЕМ преминува во ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека уште една десничарска проопозициска структура во Македонија се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ, а тоа...

Европа2 дена

Меркел со апел до Германците: Ве молам, останете дома

Германската канлецарка Ангела Меркел апелираше до Германците поради коронавирусот да ги редуцираат средбите со други луѓе и да не патуваат...

Досие