Македонија
Заев до новинарите: Работете посветено и одговорно, ослободени од какви било притисоци

Демократијата и слободата на едно општество зависат од слободата на говорот и на медиумите. Република Македонија е демократска земја во која владее правото и во која целосно се почитуваат слободата на говор и на слободно изразување. Медиумите во земјата треба да работат ослободени од какви било притисоци, да ги информираат граѓаните навреме, точно и без цензура. Токму затоа 3 мај го одбележуваме како Светски ден на медиумската слобода. Ден кога се слават фундаменталните принципи на новинарската професија, но и ден што служи како потсетник никогаш да не ја загубиме оваа слобода. Ден во кој се сеќаваме и на сите новинари што го загубиле својот живот во процесот на својата работа борејќи се вистината да излезе на виделина, порача премиерот Зоран Заев.
Според него, цела деценија во земјата новинарите беа злоупотребувани, напаѓани, цензурирани и спречувани во својата работа. „Беше потисната основната медиумска слобода. Оваа состојба беше и причина за неинформираноста на голем дел од нашите граѓани, со што директно беа загрозени основните темели на нашата демократија. Ние како отворена, транспарентна и демократска влада целосно ја почитуваме слободата на медиумите и укажуваме на важноста медиумите да работат, пред сè, за граѓаните и во интерес на владеењето на правото и демократијата, а не за нечии лични интереси. На сите новинари во земјата им го честитам овој ден и ги поттикнувам да работат посветено и одговорно. Да ја надградуваме нашата демократија и да ги почитуваме фундаменталните човекови слободи и заедно да можеме достоинствено да кажеме дека сме модерна европска демократска држава“, порача Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пендаровски: Без мерки неповратно ќе ги изгубиме водните ресурси

Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на виртуелната конференција „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Република Северна Македонија“ истакна дека доколку не бидат превземени долгорочни мерки за нивна заштита, можеме неповратно да ги изгубиме.
Според некои проценки, истакна Пендаровски, во државата се прочистуваат само околу 3 до 4 проценти од вкупното количество отпадни води од рударството и индустријата, а најголем дел од непрочистената вода се испушта директно во почвата, во реките, акумулациите, езерата и јавната канализација.
Подеднакво сериозен проблем, според претседателот, е вадењето песок, чакал и камен од речните и езерските брегови и корита, со што како што рече, се врши легализирано уништување на речните корита.
Според Пендаровски проблемот е во ниското ниво на јавна свест.
Слаба алка во нашиот систем, според претседателот, е инспекцискиот надзор, за кој рече дека е нередовен и реактивен, поради законски недоречености и буџетски ограничувања.
Македонија
Казнети 65 возачи за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

Полицијата вчера казни 65 возачи за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово.
„Во текот на вчерашниот ден мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Гевгелија – Куманово, при што казнети се 65 возачи за брзо возење. Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното“, соопшти МВР.
Од таму најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.
Македонија
Во ковид-центрите во земјата се лекуваат 443 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 443 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Според Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 56 пациенти, во Прилеп – 72, во ковид-центарот во Гостивар – 12, а во Струга – 20 болни.
Во болницата во Струмица се хоспитализирани 20 пациенти, во Кочани – 7, во Кичево – 6, во Кавадарци – 48, во Гевгелија – 9 лица, а во Дебар – 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 750 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер