Контакт

Македонија

Заев: Законски не е можно Иванов да ги аболицира осудените за 27 април

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев не очекува претседателот Ѓорге Иванов да даде аблиција за осудените од настаните во Собранието, на 27 април. Прашан дали е можно Иванов да ги аболицира осудените пред истекот на мандатот, по повод неколкуте барања кои пристигнале до неговиот кабинет, Заев изјави дека законски не е можно да се случи тоа.

„Не очекувам аболиција од претседателот Иванов. Не постои такво нешто како законска можност. Со последното давање на аболицијата и со поништувањето, по закон претседателот тоа право не може да го искористи повеќе“, изјави Заев.

Семејствата на 14 осудени за настаните од 27 април во Собранието поднеле барање за помилување до претседателот Ѓорге Иванов. Барање за помилување поднесено е и за ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој беше осуден на 18 години казна затвор.

Македонија

Започнува десеттиот „Летен кампус“ на Криволак и Пепелиште

Објавено пред

Сто и дваесет питомци и студенти од Северна Македонија и 11 партнерски и пријателски земји во следните две недели ќе учествуваат на десеттиот Летен кампус кој во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ од денеска се реализира на полигонот „Криволак“ и тренинг центарот „Пепелиште“.

На отворањето на кампусот, заменикот – министер за одбрана, Беким Максути, истакна дека станува збор за уникатен проект кој овозможува питомци и студенти од повеќе земји да разменуваат искуства, да учат едни од други и да стекнуваат познанства.

„Северна Македонија ќе стане полноправен член на НАТО и кадетите од нашата Армија многу наскоро нивните пријатели од земјите – членки на Алијансата ќе можат да ги наречат не само партнери, туку и сојузници“, рече Максути.

Митко Богдановски, продекан на Воената академија, рече дека големиот број активности и богатата програма на кампусот е резултат на долгогодишното искуство и успешната реализација на овој Кампус чиј дел досега биле над 1.600 питомци и студенти од дваесетина земји.

„Нашата главна мисија е да создадеме силна мрежа помеѓу идните офицери и да ги подготвиме за идна интероперабилност и соработка, како и да постигнеме високо ниво на културолошка размена, со што ќе дадеме и голем придонес кон глобалниот мир и безбедност“, рече Богдановски.

Оваа година учесници на Кампусот се питомци и студенти од Република Северна Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Романија, Германија, Хрватска, Чешка и Норвешка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ристоска: Постапките на СЈО за кои има судења не се доведени во прашање

Објавено пред

Стоиме зад работата која сме ја завршиле до сега. Ве уверувам дека сите постапки за кои има обвинителни акти и за кои има судења не се доведени во прашање, изјави на прес-конференција во СЈО обвинителката Ленче Ристоска, во придружба на сите обвинители, без тројцата отсутни – Фатиме Фетаи, Стевчо Донев и Бурим Рустеми кои биле на годишен одмор и без присуство на шефицата, Катица Јанева, која денеска не се појавила на работа.

Таа рече дека се загрижени за случувањата поврзани во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија за вмешаност на обвинител од СЈО во влијание за запирање на истрага.

„Наш примарен интерес е зачувување на интегритетот на оваа институција. Секогаш како обвинителски тим, како истражителски тим и како вработени сме постапувале во согласност со законските прописи. Внимателно ги следиме случувањата и се разбира дека во однос на актуелните случувања изразуваме голема загриженост. Апелираме да се почитува пресумпцијата на невиност“, рече Ристоска.

Обвинителката кажа дека се придружуваат на повикот на државниот јавен обвинител дека секое лице засегнато од криминалитет треба да одговара и ги поздравија напорите на надлежните органи да го истражат случајот. Ристоска објасни дека стојат на располагање за соработка со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ако тоа од нив биде побарано.

Јанева денеска не се појавила на работа, а неа ќе ја заменуваат Ленче Ристоска и Елизабета Јосифовска. Ристоска рече дека изјавата е во име на колегите кои се со неа.

„Секој предмет е засебен. Ова значи дека истрагата треба да продолжи, дали сведокот ќе се гони или не, зависи од резултатите на таа истрага. Ако сомнежите се потврдат и дојде до тоа дека сведокот сторил кривично дело, се разбира дека треба да следи обвинение за сведокот. Меѓутоа, доколку не дојдеме до такви сознанија истрагата се запира. Сето тоа, зависи од натамошниот тек на истрагата. Јас не можам да прејудицирам како тоа ќе заврши“, рече обвинителката.

Таа кажа дека има информации, но не појасни точно зошто времето на дејствијата од новата истрага на обвинителката Вилма Русковска кореспондира со времето кога е отворена „Империја“ во СЈО, дали на колегиум било разговарано за предлозите за пуштање на осомничените од притвор во куќен притвор и за поплавата во март во СЈО, во која беа оштетени и документи од случајот „Империја“.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Објавено пред

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното јавно обвинителство ги потпишувала Катица Јанева.

Воедно, обвинителката рече дека нема потпишано ниту една одлука што излегла од ова обвинителство.

„Не сум потпишала ниту едно решение за пуштање од притвор во куќен притвор ниту, пак, одлуката за давање патни исправи на Цветан Панделевски. Сите одлуки си ги носи и си ги потпишува Катица Јанева“, рече Стефанова и доплни дека таа законски нема право да потпишува вакви одлуки.

Таа на денешната прес-конференција се обрати пред новинарите откако тие инсистираа на изјава бидејќи токму Стефанова го води случајот „Империја“, каде што како осомничен се јавува сведокот по чии изјави Бојан Јовановски и Зоран Милевски се осомничени за рекет, а еден од нив и за перење пари.

„Не стравувам дека може да бидам инволвирана во новата истрага. Нема зошто да бидам инволвирана. Не знам дали треба госпоѓа Јанева да стравува. Тоа ќе ја прашате неа“, додаде Стефанова.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа46 минути

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија1 час

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија1 час

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија3 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија5 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет6 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет6 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион6 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет7 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија8 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа8 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија16 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија17 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија18 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија18 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион21 час

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија23 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија23 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Досие