Македонија
Заев за вакцините: Очекувам овие денови да ја видиме солидарноста на ЕУ

Премиерот Зоран Заев вели дека 5.850 вакцини од „Фајзер“, за кои министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека се одлична вест што ќе стигнат во февруари, нема да бидат доволни ниту за вакцинација на здравствените работници што работат директно со ковид-пациенти.
Тој се надева дека Македонија преку членките на Европската Унија ќе добие вакцини уште во јануари за вакцинацијата да почне што побргу.
Заев објасни дека приоритетна вакцина чекаат 25.000 здравствени работници, како и хронично болни и пензионери.
„Секако, некаде 5.000 или нешто под 6.000 вакцини се тие што сега се најсигурни од ‘Фајзер’. Додека тие се имплементираат и се користат, ќе стигаат вторите, третите пакети. Она на што сега реагираме е што првите испораки на вакцини во земјите членки на Европската Унија стигнаа. И некаде се 10.000, некаде 15.000, некаде 7.000, зависи колку се големи земјите. И тие почнуваат со вакцинацијата. И додека трае процесот, ќе стигнат вторите испораки. Затоа, баравме барем пет проценти од целото тоа што го имаат земјите членки да го споделат со Западен Балкан и да може непречено да продолжи вакцинацијата. Јас очекувам солидарноста на ЕУ да ја видиме овие денови затоа што тоа е еден од најизвесните начини вакцината да ја добиеме уште во јануари, а секој ден порано е добредојден. Нормално, очекуваме регулирана испорака по пратки затоа што ако стигнат 5.800, на пример, тоа не стигнува само за здравствените работници што работат на ковид-одделите. 7.700 се само здравствените работници што работат директно на ковид-случаи. На ниво на државата имаме над 24-25.000 здравствени работници. Каде се пензионерите, хронично болните, имаме отврено дебата граѓаните што изгубиле член на семејството од Ковид-19 да бидат во приоритетните групи за вакцинација“, рече Заев.
Сите средства за вакцините ќе се плаќаат од буџетот, но и преку донации и грантови.
„Јас очекувам првите вакцини кога ќе стигнат, додека трае вакцинацијата, да стигне и вториот пакет вакцини. Плаќањето ќе биде од буџетот. Дел е грантови и донации, како фрижидерите што ги очекуваме. Ќе водиме и јавна кампања за да ја подигнеме свесноста за вакцинацијата за на тој начин да ја истераме пандемијата од нашата земја“, рече Заев.
Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека првата доза од 5.850 вакцини против Ковид-19 ќе стигне во февруари. Според него, 800.000 дози ќе бидат испорачани во текот на 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре ведро и студено, со температури до 9 степени

Времето утре наутро ќе биде ведро и многу студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -1 до 9 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во четврток на планините во западните делови ќе има услови за повремен снег. Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег со променлив интензитет. Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Поради јужното воздушно струење ќе има пораст на утринските и дневните температури, што ќе предизвика побрзо топење на снегот.
Македонија
(Видео) Мицкоски и Николоски во Унгарија: Проблем за граѓаните се сиромаштијата и корупцијата

Значаен проблем за граѓаните се сиромаштијата и корупцијата, земјата чека предолго пред портите на ЕУ, истакнаа претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски во Будимпешта.
Во рамки на посетата на земјата, двајцата остварија работен ручек со Претседателот на комитетот за надворешни работи на Парламентот на Унгарија, Золт Немет и пратеникот на Фидес, Габор Домос.
Немет е и еден од основачите на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, унгарската Фидес, во два наврати државен секретар за надворешни работи, актуелен пратеник и шеф на делегацијата на Унгарија во Советот на Европа.
На средбата се разговараше за актуелните предизвици на државата на патот кон ЕУ, парламентарната соработка на ниво на сестринските партии, како и актуелната здравствена и економска криза.
Од страна на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски беше истакнато дека граѓаните на Македонија премногу долго чекаат на забележителен напредок на патот кон ЕУ, а сето тоа покрај евидентираниот недостаток на реформи, лош стандард и недостаток на правда, е отежнато и со ветото од Бугарија. Друг значаен проблем, вели Мицкоски, е катастрофата што се случува во економијата и исклучително високиот степен на корупција која поминува неказнето што е една од причините кочничар за напредок на државата на патот кон ЕУ.
Мицкоски ја изрази загриженоста од лошата економска состојба и рецесијата во која се наоѓа нашата земја. Рече дека граѓаните очекуваат посигурна иднина и можности за развој, наместо тапкање во место.
Од страна на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ во делот на работата на Парламентот беше истакнато дека се прават злоупотреби од власта во повеќе сфери, како и во делот на употребата на законите со европско знаменце како начин да се замолчи опозицијата и без консензус да се протуркаат клучни законски решенија, како што е законот за попис.
Николоски истакна дека сите конструктивни предлози на ВМРО ДПМНЕ врзани за пописот се одбиени и нема таков случај во Европа каде влада без консензус со опозицијата турка попис што е јасен показател дека власта нема чесни намери.
„ВМРО ДПМНЕ е за објективен попис кој треба да се спроведе согласно професионалните стандарди применети во напредните европски државни“, истакна Николоски.
На средбата беа констатирани добрите односи помеѓу двете сестрински партии како и можноста тие дополнително да се продлабочат.
Мицкоски се заблагодари за досегашната поддршка и побара од унгарските пријатели да ги искористат своите позиции за поддршка на европските интеграции на државата.
Македонија
Шилегов: Не спиеме, Скопје ќе има автобуско метро

Скопје дефинитивно ќе има БРТ – Бас Рапид Транзит, објави синоќа градоначалникот Петре Шилегов.
Тој вели дека автобуското метро станува реалност годинава и дека екипите на Град Скопје деноноќно работат на овој скопски сон.
„Не спиеме 😉, Скопје дефинитивно ќе има БРТ – Бас Рапид Транзит. Популарното наречено #АвтобускоMетро годинава почнува да станува реалност. Екипи на Град Скопје деноноќно работат на овој долгогодишен скопски сон ! Со Бас Рапид Транзит ќе овозможиме траса која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај“, напиша Шилегов на социјалните мрежи.
Шилегов додава дека ова е проект на Град Скопје, коj е финансиран од Владата, а обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, и со тоа и намалување на загадувањето во воздухот.
Не спиеме 😉, Скопје дефинитивно ќе има БРТ – Бас Рапид Транзит 💪.
Популарното наречено #АвтобускоMетро годинава почнува…Posted by Петре Шилегов on Monday, January 18, 2021
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира