Контакт

Македонија

Заев: За првпат граѓаните имаат влада која е тука да им се најде кога е најпотребно

Објавено пред

Првпат граѓаните имаат своја влада, која ја избрале и е тука да им се најде, без разлика колку чини тоа, да се релоцираат и да се најдат средства од буџетот. Откупот на грозјето оваа година беше пример дека граѓаните имаат своја влада подготвена да помогне секогаш кога тоа им е потребно, рече премиерот Заев на седницата за пратенички прашања.

„Милијарда и триста милиони евра се пуштени кај граѓаните, посебно кај лозаропроизводителите, производителите на тутун – тоа се илјадници наши семејства, од кои најголем број живеат само од тоа“, соопшти премиерот.

Фокусирајќи се кон одговорот околу состојбите во лозарството, Заев посочи дека 45 проценти во цената или вкупната сума на пари што ја добиле лозарите е од откупувачите, а 55 проценти од својата земја.

„Тоа никој пат не било така, причините се нормално последиците од ковид, кои ги намалија пласманите на винското грозје, односно виното, останати количини на залихи и неопходноста од интервенција на државата. Државата не се мислеше кога требаше да им се помогне на лозарите и го направи тоа. Покрај стандардните субвенции по хектар, кои се даваат, а се дополнително зголемени во последните години – даде дополнително 2 денара, уште плус 2 денара, па уште 4 денари, па плус мерката за извоз – да стимулира, сé со конечна цел да се откупи и последното зрно грозје. Тоа го направивме. Кога се јавија потребите за дестилирање, тоа беше дополнително можност како алатка да им помогнеме на лозаропроизводителите да дојдат до екстра 4 денари. Парите се сите кај производителите, не се кај откупувачите. Денес е исплатено сè. Сè. Дополнително   со репрограм се најдоа пари и дополнителни средства за да можат да бидат исплатени“, објасни премиерот.

Тој посочи дека и мерката за извозот дава резултат.

„Оваа година ни е со најголем извоз на винско грозје, посебно наливното вино, токму поради стимулацијата што ја дадовме, за повеќе да се извезува. Работиме максимално на поддршка на сè што е поврзано со извозот, за да постигнат нашите трговци, откупувачи, поголема компетитивност на меѓународните пазари и поголем дел од македонското грозје да се пласира колку што може повеќе надвор“, додаде Заев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди и температури до 26 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ=6

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До утре наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер. Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пристигна нова пратка од 12.870 вакцини на „Фајзер“, потврди Министерството за здравство

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека денеска пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини на „Фајзер“ во државата. Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), велат од здравство.

Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на „Астра зенека“.

Оваа донација, велат од ресорното министерство е многу значајна за нас.

Од таму упатуваат благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција во нашата земја, Русос Кундурос.

Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек, потенцираат здравствените власти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Процесот на европската интеграција на РСМ, во фокусот на средбата меѓу Заев и Радев

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, денеска, во завршницата на Самитот на НАТО во Брисел оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, како и министерот за одбрана на Република Бугарија, Ѓеорги Панајотов во фокусот на разговорот беше перспективата за постигнување на реален исчекор во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија.

Претседателот на Република Бугарија Румен Радев ја подвлече принципиелната и континуирана поддршка за иднината на Република Северна Македонија во ЕУ, како и очекувањето на Бугарија за непосреден и активен политички дијалог низ кои ќе бидат разрешени отворените прашања во меѓусебните односи.

И Румен Радев и Зоран Заев го истакнаа позитивниот знак во односите меѓу двете земји, што шефовите на државите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија го постигнаа со нивната заедничка посета во мај на Рим и Ватикан, за да им оддадат почит на светите браќа Кирил и Методиј, е нагласено во соопштението од кабинетот на Заев.

На средбата била истакната и заедничката волја за постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, за исполнување на очекувањата на граѓаните во двете земји.

Билатералното партнерство во областа на безбедноста и одбраната, и можноста за проширување на соработката во областа на воената обука и размената на кадети меѓу двете земји, беше исто така дел од темите за кои во Брисел разговараа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и претседателот на Република Бугарија Румен Радев.

На средбата беше договорена посета на премиерот Заев на Софија, која е предвидена да се случи оваа недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет15 часа

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет18 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија18 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа18 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија20 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија20 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион21 час

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија21 час

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија23 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет23 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија24 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт1 ден

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт2 дена

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт2 дена

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија2 дена

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа2 дена

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ2 дена

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија2 дена

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт2 дена

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Досие