Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Објавено пред

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната изјава по приведувањето на Вељаноски, Јанакиески и Ристовски.

„Јас сум од крв и месо, транспарентен човек и нормален. Само ќе кажам – забегана работа затоа што се претера. Јас сум бил пред притвор, со одземен пасош, сум објавувал политички бомби, па сепак сум внимавал што зборувам. Тој иницира обиди за убиство и зборува за некаква жестокост, не знам каква. Тоа зборува за него, но во најмала рака е забегано“, истакна премиерот во однос на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на средбата со Касами, потврди дека сè уште нема конкретен договор, но се надева дека повеќе партии ќе застанат зад предлогот за заеднички кандидат. Тој рече дека кандидатот ќе биде претставен идната недела на конгресот по што ќе се знае кои политички партии ќе дадат поддршка.

„Имињата, анализите, односно рејтинзите, се важен елемент за оваа одлука, јас се надевам дека ќе изнаједеме заеднички прифатливо решение, но сепак останува партиите внатре да си одлучат и да си го кажат своето, односно дали ќе застанат зад предлогот“, рече Заев.

Тој не сакаше да коментира дали Стево Пендаровски е најприфатливото име за албанскиот електорат и повика на трпение до наредната недела.

Додаде дека уште еднаш ќе направи обид да стапи во контакт со Зијадин Села и да најде начин да се надминат недоразбирањата со Тараври. Најавеното замрзнување на опозицијата за сите активноти во Собранието го коментира како чекор што не е добар за државата и ги повика да се вклучат во процесите што ќе следуваат.

Во однос на судските одлуки и работата на Обвинителството, уште еднаш повтори дека нема намера да се меша во работата на судската власт.

„Нема да си дозволам да коментирам за работи што не се од моја надлежност. Исто така, упатувам апел до сите од извршната власт да се воздржат од каква било изјава за судски одлуки. Мораме да ја промениме перцепцијата. Заев е премиер, тој не суди и не обвинува“, посочи тој.

Во однос на прашањето за непотизам при вработувањата, особено за роднините на Кирацовски, Заев рече: „Кирацовски е одговорен и транспарентен и нема што да крие, јас повикав и одредени роднини на функционери се повлекоа, тоа е за поздравување. Ќе додадам дека не е прекршен ниту еден закон, но сепак во прашање беше етички однос“, изјави премиерот.

Македонија

Генерално чистење на скопските општини – ќе се отстрануваат графити со говор на омраза

Објавено пред

По повод Светскиот ден на чистењето, ЈП „Комунална хигиена“ од Скопје, в сабота (21 септември), ќе почне масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини.

Во рамките на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, кои промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.

Почетокот на акцијата ќе го означат директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во вторник комеморативна седница за починатиот професор Томе Груевски

Објавено пред

Комеморативната седница по повод смртта на професорот Томе Груевски ќе се одржи на 24 септември (вторник) со почеток во 11 часот во Свечената сала на Факултетот „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Професор доктор Томе Груевски беше наставник и научник во областа на комуникологијата, новинарството и односите со јавноста, прв доктор по комуникологија во нашата држава и основоположник на студиите по односи со јавноста.

По кусо и тешко боледување, почина на 16 септември годинава, со што академската заедница загуби почитуван и драг колега.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шилегов меѓу учесниците на велосипедското дефиле низ Скопје

Објавено пред

Стотици граѓани со своите велосипеди и електрични тротинети денеска учествуваа во велосипедско-пешачко дефиле на улиците на Скопје, кое традиционално се организира како дел од Европската недела на мобилноста 2019.

Во дефилето што тргна од паркот „Ибни Пајко“ учествуваше и градоначалникот Шилегов.

Велосипедистите се движеа на улиците во центарот на градот сè до целта во Градскиот парк, на Школка, и испратија порака за придобивките од користењето алтернативни видови транспорт.

Ме радува фактот што традиционалното велосипедско дефиле секоја година има сè повеќе учесници, поддршката расте, а скопјани се сè почесто на велосипед. Во рамките на Европската недела на мобилноста, во текот на вчерашниот ден целосно го затворивме за сообраќај центарот на градот, а денеска со оваа манифестација покажуваме како на главните сообраќајници може да се движиме на алтернативен начин“, порача скопскиот градоначалник и додаде дека со користење алтернативен превоз се намалуваат сообраќајниот метеж, проблемот со просторот за паркирање и се грижиме за почист воздух и почиста животна средина.

Шилегов додаде дека Скопје е рамен град, кој може да стане и пример за велосипедски грaд.

„Во изминатите две години ние сериозно вложуваме во развој на велосипедската инфраструктура со цел да го стимулираме ваквиот начин на транспорт и на граѓаните да им овозможиме што полесно да стигнат од една точка до друга“, рече градоначалникот на целта на дефилето во Градскиот парк.

Учесниците во денешното дефиле имаа можност да учествуваат и во лотарија и да добијат велосипеди.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

Над 30 светски лидери потпишаа иницијатива за борба против климатските промени

Над 30 шефови на држави и влади потпишаа апел за засилување на активностите во борбата против климатските промени, што ги...

Топ5 часа

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци кога во него удрил воз што...

Македонија5 часа

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја почна најавената акција за уривање дивоизградени објекти на подрачјето на општината во согласност со законските процедури и...

Македонија5 часа

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“, каде што обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 17 октомври...

Свет6 часа

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет7 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет7 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет7 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа20 часа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет21 час

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија1 ден

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија1 ден

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија1 ден

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион1 ден

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ1 ден

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија1 ден

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ1 ден

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет1 ден

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет1 ден

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет1 ден

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Досие