Македонија
(Видео) Заев: Испорачавме членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ

„Денеска, 100 дена по изборот на Владата, гордо изговараме дека овие три месеци бевме тука за и со граѓаните, целосно посветени на грижа, одговорност и сигурност. Успешно справување со ковид-пандемијата, нова енергија и решителност за подинамичен економски раст и одржлив развој, ефикасна правна држава и силни инстиуции, модерно образование и внатрешна кохезија, активно членство во НАТО и силна волја за успешен почеток и завршување на преговорите за ЕУ, остануваат наши клучни приоритети“ – потенцираше премиерот Зоран Заев во отчетот за сработеното во изминатите 100 дена.
Според него, Владата останува на утврдениот стратешки колосек. „Испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ. Ќе продолжиме со реформите со силен интензитет. Наша обврска е да ги спроведуваме европските стандарди дома. За нас нема друг пат, нема друга алетрнатива и нема откажување. Продолжуваме како и во првите 100 дена, заедно со граѓаните, со грижа и одгов орност обезбедуваме сигурност“, додаде премиерот.
Тој смета дека во овој период главен предизвик е справувањето со Ковид-19 и тоа ги одбележа првите 100 дена од работењето на Владата. Поради тоа, за да се насочат сите ресурси кон заштита на граѓаните, се реорганизира раководењето со државата. Заев вели дека се комплетира системот на ефикасни и силни инстицуиции, а енергетиката, дигитализацијата и останатите модерни технологии се иднината на развојот. Тој најави дека законот за попис можеби уште денеска ќе биде даден на усвојување на пленарна собраниска седница.
„Граѓаните бараат попис, на државата тоа ѝ треба и ние ќе го обезбедиме. Пред 100 дена најавив и дека влегуваме во време на правда, ред и дицсплина, во неселективно вледеење на правото и еднаквост пред законите“, истакна Заев.
Според премиерот, веќе се аплицираше за набавка на вакцини преку ковакс-системот, се донесе четвртиот пакет економски мерки вреден 470 милиони кој заедно со претходните три сета од 550 милиони изнесува околу едена милијарда евра – средства насочени кон граѓаните и стопанството за стабилна одржливост на економијата и потенцијал за ревитализација. Владата се обврзува и на силна, бескомпромисна борба за здрава животна средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Новиот британски сој на коронавирусот не е детектиран според последните анализи на МАНУ

Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари 2021 година не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика Британија во нашата земја. Овие наоди се базирани на податоците од лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ добиени при анализа на геномите на близу 180 SARS-CoV-2 вируси кај пациенти од Република Северна Македонија дијагностицирани во периодот јуни 2020 – 11 јануари 2021 година.
„Во лабораторијата во Македонска академија на науките и уметностите се врши секвенционирање на целиот геном на вируси детектирани кај пациенти со Ковид-19 од нашата држава со цел да се утврдат соевите на вирусот кои циркулираат во нашата популација, начинот на нивното ширење и можната корелација со различната клиничка презентација на болеста. Последните податоци се однесуваат на анализа на 50-тина геноми во периодот декември 2020 – 11 јануари 2021 година“, се вели во извештајот.
Од почетокот на пандемијата досега се анализирани близу 180 вирусни геноми при што е утврдено присуство на 20-ина соеви на вирусот.
„Соевите се изолирани од пациeнти од различни градови од државата. Од присутните соеви на вирусот, два (B.1.1 и B.1.1.70) се доминантни во нашата популација, присутни кај >75% од пациентите. И двата соја се присутни од почетокот на пандемијата, од кои B.1.1 сојот (присутен во цела Европа, а со највисока застапеност во Грција, Италија, Австрија, Шведска, Турција, Русија итн) има стабилна фреквенција, додека фреквенцијата на B.1.1.70 сојот (присутен со повисока фреквенција во Србија, Хрватска, Косово) се зголемува во последните месеци и во моментот е доминантен кај анализираните пациенти.
Ова зголемување кај B.1.1.70 сојот корелира со присуство на дополнителна мутација (Q677H) во -S-генот (spike протеинот) на вирусот која е за првпат детектирана во јуни 2020 кај пациент со Ковид-19 од Охрид и овој варијантен сој е доминантен од месец ноември наваму во нашата земја. Истиот во меѓувреме е детектиран со ниска фреквенција и во неколку други земји, меѓу кои Швајцарија и Данска. И покрај тоа што не се направени функционални испитувања на оваа варијанта, согласно епидемилошките податоци за стивнување на епидемијата во нашата земја во последниот период, се претпоставува дека варајантниот сој не е поврзан со зголемена трансмисивност ниту, пак, со тежината на клиничката слика на заболените“, соопшти Министерството за здравство.
Македонија
(Видео) Заев: 1.000 нови домаќинства од Гази Баба ќе се приклучат на градското парно

Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, направија увид на неколку тековни проекти што се реализираат во оваа скопска општина.
Како што истакнаа во своите обраќања, успешната соработка помеѓу Владата и локалната самоуправа е клучна за да се обезбедат услови за подобар живот на сите граѓани.
Премиерот во своето излагање нагласи дека во моментот во општината се реализира заеднички проект за поврзување на 1.000 домаќинства од Хиподром 1 и Хиподром 2, на градската топловодна мрежа.
Како што посочи тој, на овој начин ќе се намали потрошувачката на струја на овие домаќинства и ќе се намали загадувањето на воздухот во овој дел од градот.
„Станува збор за инвестиција вредна околу 600 илјади евра која ќе се реализира во следните две до три години. Со ова проширување на топловодната мрежа во Гази Баба се очекува голем бенефит за граѓаните како што се намалување на потрошувачката на струја за домаќинствата приклучени на системот, стабилно и современо загревање на домовите, како и намалување на причинителите на аерозагадувањето. Ќе се создадат предуслови и за дополнително проширување на секундарната топловодна мрежа, како и можности за нови приклучоци и поголем опфат на домаќинства во иднина“, рече премиерот.
Тој истакна и неколку други проекти сработени во општината и нагласи дека во претходниот мандат на Владата, старите бараки на основното училиште „Вера Јоциќ“ биле заменети со нова, модерна училишна зграда за 600 ученици.
„Заедно со општината изградивме објект кој ги задоволува сите услови и стандарди за реализација на воспитниот образовен процес на квалитетен начин. Една година подоцна, во услови на пандемијата со Ковид-19 ја завршивме и изградбата на спортската сала на училиштето на површина од 650 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш кабини“, додаде Заев.
Македонија
В среда е Свети Сава, неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2021 година (среда), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот