Контакт

Македонија

Заев: Историски ден за Северна Македонија, од денеска сме и целосно воено интегрирани во НАТО

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, во присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и на генералот Симеон Трајковски, денеска го прими командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација генерал Филип Лавињ, непосредно пред церемонијата за потпишување на заедничката декларација за интеграција на Република Северна Македонија во структурите на НАТО, информираа од Владата.

Со потпишување на оваа заедничка декларација официјално се заокружува процесот на воено интегрирање на Република Северна Македонија во командните структури и во структурата на силите на алијансата. Северна Македонија посветено работеше на процесите кои ја овозможија воената интеграција со што земјата гордо застанува рамо до рамо со нашите сојузници во НАТО, стои во владиното соопштение.

Премиерот Заев, министерката за одбрана Шекеринска и генералот Лавињ на средбата разговараа и за придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО како придонесот за стабилноста во регионот кој гарантира инвестиции во државата, но и за придонесот на Северна Македонија во мисиите на НАТО.

На средбата беше истакнато дека церемонијално потпишување на заедничката декларација е споделена чест и гордост од посветеноста на сите кои учествуваа во овој процес.

Македонија

Утре без струја дел од Аеродром, а в сабота дел од Илинден

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија утре ќе останат следните корисници:

– од 8 до 13 часот корисниците на дел од улицата Мите Богоевски (општина Аеродром);

– од 10 до 14.30 часот корисниците на дел од с. Горно Лисиче (општина Аеродром).

А в сабота од 8 до 14 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од населбата Илинден, поточно улиците бр. 32 и бр. 34 и објектите во околината на хотелот „Белви“ (пштина Илинден).

Прикажи повеќе...

Македонија

Овој викенд почнува новогодишниот базар во „Скопје сити мол“

Објавено пред

Конечно, дојде месецот во кој сѐ што сакаме е забава, подароци, убави мигови со саканите и спомени што засекогаш ќе ги чуваме. Дојде декември и го означи почетокот на празниците!

Празничните базари ги привлекуваат своите посетители со интересни содржини и весела празнична атмосфера, а оваа година во Скопје се случува една нова приказна. Со почеток во сабота, на 4 декември, ќе блесне новата, голема елка во Skopje City Mall, што ќе го означи почетокот на нашиот празничен, новогодишен базар. По овој повод Ве покануваме сите на официјално отворање на Новогодишниот базар, оваа сабота од 19:00 часот и свечено палење на новогодишната елка.

Истата вечер од 20:00 часот настап ќе има нашата прекрасна Тамара Тодевска, која ќе создаде вистинска празнична атмосфера. Со тоа, вистински ќе зачекориме во декември, месец на големиот Новогодишен базар во Skopje City Mall, месецот на убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греано вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање сеќавања. Следниот ден, во недела, продолжуваме со забава, преку ден со детска програма како и со вечерна програма со Саут Парк од 18:00 часот.

17:00 DJ Skopje City Mall

19:00 Официјално отворање на базарот

19:15 Музичкиот перформанс “Писмото од Дедо Мраз”; танцов перфоманс и хорска изведба

20:00 Свечено палење на елка

20:15 Тамара Тодевска концерт

Секој ден, од 4 до 31 декември 2021 г., посетителите на Новогодишниот базар во и пред Skopje City Mall, ќе уживаат во различни музички, книжевни, забавни, гастрономски и куп други содржини и изненадувања, кои ќе ги задоволат барањата и вкусовите на сите посетители, од најмали до најголеми од 7 до 77 години.

МУЗИЧКА ПРОГРАМА

Од Тамара и Нокаут до Band Off, од Дац и Митевски до Дарио, од Лозано до Саут Парк и Џанкјард, Камерен орекстари и уште многу други, очекувајте ги најголемите, најпрогресивните и најзабавните музички имиња од македонската сцена на Новогодишниот базар во Skopje City Mall

· Понеделник – Електро музика

· Вторник – Хип-хоп ден

· Среда – Cover бендови

· Четврток – Камерен оркестар на Битола ( Рок Симфони; Поп Симфони; James Bond; Електро Симфони )

· Петок – Настапи на македонски музички ѕвезди

· Сабота – Комерцијална вечер

· Недела – Урбани cover бендови

* музичката програма почнува од 20:00 часот (освен недела од 18:00 часот)

** секој ден од 17:00 – 20:00 часот резидент диџеј

ДЕТСКА ПРОГРАМА

Секоја Среда од 08.12.21

19:00 Читање новогодишни приказни / II кат Skopje City Mall

Секоја Сабота од 11.12.21

11:30 Новогодишна претстава / Cineplexx (со претходно подигнување на карти на инфо пулт, од петок до недела)

13:00 театарска претстава / Новогодишен базар пред Skopje City Mall

18:00 Читање новогодишни приказни / II кат Skopje City Mall

Секоја Недела од 05.12.21

11:30 Новогодишна претстава / Cineplexx (со претходно подигнување на карти на инфо пулт, од петок до недела)

13:00 Златно славејче / Новогодишен базар пред Skopje City Mall

14:00 Театарска претстава / Новогодишен базар пред Skopje City Mall

18:00 Читање новогодишни приказни / II кат Skopje City Mall (Од 12.12.21)

Овие празници, не плашете се да сонувате, бидејќи желбите навистина се остваруваат! Дојдете на Новогодишниот базар во Skopje City Mall и заедно, пред најубавата елка во Скопје, да посакаме Новата 2022 година да биде посреќна, повесела и поубава.

Се гледаме во Skopje City Mall!

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Груби – Ангелов: Конструктивен и интензивен дијалог помеѓу Скопје и Софија

Објавено пред

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, се сретна со абасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.

Груби му се заблагодари на амбасадорот Ангелов за брзата интервенција на бугарските власти со цел целосно расветлување на трагичниот настан, во кој животот го изгубија 45 патници од Македонија, како и за третманот и укажаната грижа кон преживеаните.

Брзото и успешно затворање на спорот меѓу двете земји беше една од дискутираните теми на оваа средба помеѓу Груби и Ангелов, со цел да се забрза процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија.

Груби на средбата ја истакна посветеноста на Владата на стратешките цели што таа ги има, почитувањето на договорот за добрососедство и преспанскиот договор.

Груби и Ангелов се согласија дека со договорот за пријателство, добрососедство и соработка двете земји поставиле одлични основи за добра соработка меѓу двете земји.

Двајцата соговорници се согласија дека двете земји ќе продолжат посветено да го имплементираат договорот и да ја зајакнат соработката во позитивна насока и со поголема волја за решавање на сите предизвици.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Македонија3 часа

Граѓаните утре ќе можат да им оддадат последна почит на загинатите во автобуската несреќа

Министерството за надворешни работи информира дека утре (3 декември), во 9 часот, на скопскиот аеродром се очекува да пристигнат посмртните...

Европа5 часа

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија6 часа

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија8 часа

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа8 часа

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија9 часа

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет10 часа

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија24 часа

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија1 ден

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија1 ден

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет1 ден

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија1 ден

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија1 ден

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија1 ден

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија1 ден

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Свет1 ден

Eксперти: Новиот сој на коронавирус омикрон може да биде најава за крај на пандемијата

Новиот сој на коронавирус омикрон е откриен во Јужна Африка, а потоа следат повеќе информации од оваа земја во кои...

Македонија1 ден

Утрово два земјотреса во Кичево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија1 ден

Стартува забраната за бесплатни пластични кеси

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за...

Европа1 ден

Со третата доза на „Фајзер“ над 80 проценти заштита од коронавирус

Третата доза од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или многу повеќе...

Досие