Контакт

Македонија

Заев и Мицкоски не се договорија за датум за избори

Објавено пред

Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, не постигнаа договор за определување датум за парламентарните избори.

Двајцата денеска на покана на претседателот Стево Пендаровски одржаа средба во „Вила Водно“.

Од кабинетот на Пендаровски информираат дека на средбата станало збор за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции.

Двајцата лидери се договориле да ја продолжат комуникацијата меѓу себе.

 

Македонија

(Видео) Шекеринска: Курбиново е силен печат на македонскиот идентитет

Објавено пред

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска беше во работна посета на Курбиново, каде што во тек се интензивни конзерваторски зафати.

„Курбиново беше болната точка на нашата држава. Додека се трошеа парите на граѓаните на безвреден стиропор и споменици, нашиот вистински споменик на културата, традицијата и македонското средновековно сликарство, црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново која опстојува 9 века, беше на работ на уништувањето. Додека целиот свет се восхитуваше на црквата во Курбиново, на фреската Ангелот од Курбиново, на фреската која е на банкнотата од 50 денари, додека се пишуваа книги и научни статии за нивната оригинална вредност, влагата го подјадуваше фрескоживописот и црквата чекаше подобри времиња“, рече Шекеринска.

Таа кажа дека во тек се темелни конзерваторски зафати на средновековната црква.

„Милиони евра беа фрлени на стиропор, ниту денар за Курбиново. Милиони, пари на граѓаните, беа фрлени во ветер, ниту денар во македонското автентично културно наследство. Тоа време заврши. Ја вративме државата на вистинскиот пат, ја поврзавме со светот, ги вративме парите на граѓаните и го зачувавме идентитетот. Курбиново е силен печат на македонскиот идентитет, а грижата за него е силен доказ за вистинскиот автентичен патриотизам“, изјави министерката.

Прикажи повеќе...

Македонија

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Објавено пред

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина може да влегуваат и транзитираат низ земјава.

Државјаните на овие земји кои имаат двојно државјанство, доколку имаат живеалиште во државава, при влез не е потребно да приложуваат медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест. Оваа одредба не важи за лицата кои немаат живеалиште во Македонија, и при влез тие ќе мора да покажат негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред влезот.

Носители на македосни патни исправи кои имаат адреса на живеење во Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, при влез во државава исто така задолжително треба да приложат медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест.

Оние кои во Македонија доаѓаат преку аеродромите во Скопје и Охрид, нема да треба да приложат негативен тест за Ковид-19, доколку потпишат изјава дека во рок од три часа ќе ја напуштат територијата на државата.

Исто така доколку патниците од овие држави влезат во земјава преку копнен граничен премин, а имаат намера да заминат со авион, потребно е задолжително да прикажат авионски билет (електронски билет) и да потпишат изјава за транзит односно во рок од три часа да ја напуштат државата.

За професионалните возачи, не е потребно приложување потврда за тест, со обврска за задолжително почитување на протоколот за вршење на меѓународен превоз.

Потврда од направен тест не е потребна ниту во случај на организиран автобуски превоз, а во овој случај територијата на Северна Македонја мора да се напушти во рок од пет часа, со потпишување изјава за транзит. Исто така одредбата за приложување на потврда за направен ПЦР тест ги исклучува дипломатите од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, акредитирани во земјава и челновите на нивните семјства.

Задолжителна обврска за приложување на негативет тест направен највеќе три дена пред влезот има за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои имаат регулиран привремен или постојан престој во земјава, како и за државјаните од овие земји кои имаат претходно закажани здравствени прегледи и лекување во македонски болници.

Министерството за внатрешни работи по прибавување на пополнетите изјави од државјаните на овие четири земји заедно со медицинските потврди од ПЦР тестовите ќе ги доставува истите на проверка и потврдување до Министерството за здравство, а Министерството за здравство истите ќе ги доставува до регионалните Центри за јавно здравје, согласно адресите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Објавено пред

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 60, Куманово – 13, Дебар – 17, Штип – 10, Прилеп – 2, Тетово – 13, Струга – 12, Велес – 3, Битола – 3, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 23, Струмица – 1, Крушево – 1, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 1, Берово – 1, Свети Николе – 29, Кичево – 7, Ресен – 3.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица, и тоа од: Скопје – 113, Куманово – 28, Дебар – 8, Штип – 15, Прилеп – 1, Тетово – 40, Струга – 52, Велес – 1, Охрид – 57, Кавадарци – 1, Гостивар – 8, Крива Паланка – 4, Кочани – 1, Пробиштип – 1, Валандово – 2 и Ресен – 4.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и двајца од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во Општата болница Гостивар почината е пациентка на возраст од 80 години.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777, бројката на оздравени пациенти е 3.960, на починати – 368, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449.

Во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје – 3.716, активни 1.871
• Куманово – 831, активни 164
• Дебар – 137, активни 76
• Штип – 421, активни 161
• Прилеп – 291, активни 59
• Тетово – 844, активни 324
• Струга – 300, активни 147
• Велес – 201, активни 38
• Битола – 68, активни 27
• Охрид – 219, активни 133
• Кавадарци – 23, активни 15
• Гостивар – 211, активни 128
• Гевгелија – 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица – 19, активни 11
• Крива Паланка – 18, активни 8
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 9, активни 5
• Кочани – 76, активни 16
• Пробиштип – 32, активни 20
• Демир Хисар – 5, активни 4
• Македонски Брод – 8, активни 6
• Пехчево – 6, активни 2
• Берово – 4, активен 1
• Валандово – 6, активни 0
• Виница – 4, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 5, активни 2
• Свети Николе – 88, активни 81
• Кичево – 65, активни 56
• Ресен – 132, активни 87
• Неготино 21, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се четири пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 41, а во болницата во Штип 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и во Струмица хоспитализирани се 112 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 323
• Аеродром – 162
• Бутел – 146
• Гази Баба – 200
• Центар – 146
• Карпош – 147
• Сарај – 128
• Кисела Вода – 108
• Ѓорче Петров – 107
• Студеничани – 116
• Шуто Оризари – 86
• Арачиново – 45
• Илинден – 31
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 8
• Зелениково – 13
• Странец – 5
• Нераспределен – 67

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Македонија37 минути

Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени....

Македонија1 час

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на...

Македонија1 час

Петровска за случајот во Штип: Не станува збор за поткуп на гласачи, туку за економски криминал

„Очајници прават очајнички потези“, напиша заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во врска со објавата на министерот Наќе Чулев за...

Македонија3 часа

(Видео) Јанушев: Очекуваме победа и ќе коалираме со оние што ќе ја прифатат нашата програма

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање влада, изјави генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во интервју...

Свет3 часа

Казахстан ги негира кинеските тврдења дека во земјата има пневмонија поопасна од Кoвид-19

Министерството за здравство на Казахстан ги отфрли кинеските тврдења дека во земјата циркулира непозната пневмонија, која е посмртоносна од коронавирусот....

Топ3 часа

Пронајдени 26 украдени велосипеди, приведени крадци во Скопје

Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје. Е. М. (24) и А....

Топ4 часа

Сопственик на продавница им ветувал на купувачите дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Регион5 часа

(Видео) Протестите во Белград поминаа мирно, се играше и оро

Во Србија се одржаа нови протести против мерките воведени поради епидемијата на коронавирус и против владата на Александар Вучиќ. По...

Македонија5 часа

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Свет6 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија7 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија7 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија8 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија18 часа

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија19 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија21 час

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија22 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија23 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ23 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Досие