Контакт

Македонија

Заев и Тевдовски: Владата ги поддржува развојните програми на општините за подобри услуги за граѓаните

Објавено пред

Заложба на Владата е да ја помогне работата на општините со цел проектирање и реализација на повеќе развојни и капитални проекти, со што граѓаните ќе добиваат подобри услуги за даноците што ги плаќаат и ќе бидат комплетно информирани за трошењето на тие средства, рече премиерот Зоран Заев на средбата со Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), предводена од претседателот на ЗЕЛС, градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов.

„Владата на Република Македонија е многу свесна за важноста на општините во земјава, и оттаму со ваквото решение сакаме да го намалиме нивниот долг за да можеме да сметаме на нивниот капацитет, кој сега е десеткуван. Затоа одлучивме да одвоиме педесет милиони евра како поддршка за општините, во форма на еднократна финансиска инјекција, за да можат градоначалниците да ги стабилизираат развојните капацитети на своите општини“, рече премиерот Заев на средбата.

Премиерот Заев, исто така, рече дека сите предлози кои доаѓаат од ЗЕЛС се добредојдени и се во духот на конструктивноста во пристапот на решавањето на актуелните проблеми со задолженоста на локалните самоуправи во Македонија, како и за финансиско стабилизирање на општините.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на средбата појасни дека планирањето на буџетите ќе се базира на реална основа, односно буџетот на општините ќе може да се проектира со максимални 10% раст во однос на просекот од остварените приходи во последните три години. Тоа е мерка која претставува гаранција дека проблемот со задолжувањето на општините нема да се повтори, затоа што, како што рече тој, ќе се спречат таложења на неплатени обврски и ќе се подобри финансиското работење на општините.

Претставниците од ЗЕЛС ја поздравија заложбата на Владата да им се помогне на општините да го решат проблемот со презадолженоста со што, како што рекоа тие на средбата, ќе можат со поголем капацитет да се посветат на конструктивна работа и решавање конкретни проблеми во интерес на граѓаните.

Македонија

Катица Јанева од гаражата на СЈО однесена во нејзиниот дом во Козле

Објавено пред

По еден и пол час минат во просториите на СЈО, откако претходно беше приведена во нејзиниот дом во Козле, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, повторно ќе се врати на домашната адреса.

Автомобилот кој ја пренесува специјалната јавна обвинителка тргнал од гаражата на СЈО, од каде Јанева уште еднаш ќе го посети својот дом, а се очекува во текот на денот таа да биде изведена пред судија на претходна постапка.

Врз основа на информациите кои ги даде обвинителката Вилма Русковска, од канецелатијата на Јанева во СЈО, бил одземен нејзиниот службен компјутер.

Денеска Обвинителството побара притвор за Јанева, бидејќи според нивните сознанија, стекнала имотна корист од 298.000 денари.

Според истрагата, Јанева стекнала 298.000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.

Јанева, според Обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на Камчев со тоа под неизменети околности притворот му го заменила со домашен, Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот „Империја“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Трипуновски: Заев и Николовски ја претвораат Агенцијата за храна и ветеринарство во партиско дувло

Објавено пред

Агенцијата која треба да се занимава со безбедноста на храната која се внесува и произведува во Република Македонија, Зоран Заев и Љупчо Николовски ја претвораат во партиско дувло, изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Тој посочи дека наместо професионалци се вработуваат претседатели на партиски ограноци на СДСМ и истакнати нивни членови.

„Изминатиов период во неколку наврати обелоденивме дека Зоран Атанасов и луѓето околу него во АХВ со несериозниот и нестручниот пристап го загрозуваат здравјето и животот како на добиточниот фонд во земјава, така и на луѓето.
Скандалот со антраксот, несоодветното менаџирање на проблемот со африканската свинска чума, како и пропустите во редовните проверки и испитувања се само и само заради партизацијата и политизацијата која што се случува на големо во АХВ.

Агенцијата е искористена како институција за вработување на Александар Гиноски, поранешен претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров, партискиот активист Александар Јованчев, кој е во често друштво на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Во Агенцијата, СДСМ го вработи и братот на градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, како и Никола Савовски, кандидат за советник во општина Центар од редовите на СДСМ. Атанас Бојчев е еден од поранешните директори на Државниот студентски дом „Скопје“, кој е префрлен да работи и раководи во АХВ.

Ова се само дел од партиските вработувања кои формираат мрежа на СДСМ во АХВ, институција која треба да биде симбол за врвен професионализам.

Ова сето се случува додека Димковски по диктат на Заев и Николовски шиканира професионалци и неистомисленици, преместувајќи ги да работат надвор од своето место на живеење, а во меѓувреме во институциите прима партиски активисти.
Ваквиот однос со клучни институции мора да стане минато. Да ставиме крај на несоодветниот третман на проблемите кои ги тангираат граѓаните на Република Македонија. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“, рече Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Русковска наложила од СЈО да ѝ се земе службениот компјутер на Јанева

Објавено пред

Обвинителката Вилма Русковска денеска соопшти дека од специјалното јавно обвинителство попладнево ѝ е одземен службениот компјутер на уапсената шефица на СЈО, Катица Јанева.

Русковска рече дека се прави и претрес во нејзиниот семеен дом во Гевгелија.

За синот на Јанева, Лазар, сè уште нема основано сомнение за истрагата.

Засега нема наредби за претрес кај политичари, појасни Русковска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Катица Јанева од гаражата на СЈО однесена во нејзиниот дом во Козле

По еден и пол час минат во просториите на СЈО, откако претходно беше приведена во нејзиниот дом во Козле, специјалната...

Македонија57 минути

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија1 час

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Македонија2 часа

Полицијата ја изнесе Катица Јанева од дома

Полицијата ја изнесе специјалната обвинителка Катица Јанева од нејзиниот дом во Козлe и ја спроведоа до СЈО да извршат претрес...

Топ4 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион5 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет6 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија6 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион7 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија7 часа

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech18 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија1 ден

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија1 ден

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија1 ден

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија1 ден

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија1 ден

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет1 ден

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет1 ден

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет1 ден

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет1 ден

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Досие