Контакт

Македонија

Заев и Царовска: По 60 години ООУ ,,Јоаким Крчоски” во село Волково добива нова современа спортска сала

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и со градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумовски, денеска ја пуштија во употреба современата спортска сала во општинското основно училиште „Јоаким Крчоски” во село Волково во Општина Ѓорче Петров.

Со нејзината изградбата од септември околу 400 ученици од селата Волково, Орман и Кучково, конечно ќе добијат соодветни услови за физичко образование, како клучен дел од заложбата за здрав и комплетен развој на младите.

„За нас како Влада вложувањата во спортот, особено во спортските објекти во училиштата, е исклучително важен фактор за развојот на прогресивно и инклузивно општеството кон коешто сите стремиме. Спортот овозможува социјална интеракција и влијае позитивно врз градењето на основни етички принципи, особено кај младата популација“, рече премиерот Заев.

Тој потсети дека основното училиште „Јоаким Крчоски“, кое е основано 1959 година во село Волково, досега немаше спортска сала, а учениците наставата по физичко и здравствено образование ја изведуваа во училница приспособена за вакви активности.

„По 60 години настава во импровизирани услови, оваа Влада ја препозна важноста на потребата од изградба на современ спортски објект и таа потреба ја ставивме во врвните приоритети на буџетирање. Во оваа пригода сакам да нагласам дека еден од приоритетите на оваа Влада е да го зголеми бројот на млади кои спортуваат за 30%. За таа цел планираме изградба на спортски сали во повеќе училишта каде што тие недостигаат“, истакна Заев.

Во соработка и со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука, во мај 2019 година, започнаа градежните работи на нова типска спортска сала. За оваа сала преку Министерството за образование и наука од буџетот на Северна Македонија се издвоени 22.800.000 денари, а општината за расчистување и уредување на просторот одвои 4.000.000 денари.

Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека освен на воведување квалитетни и современи наставни програми и јакнење на наставниот кадар, изминатиот период МОН забрзано работи на подобрување на условите во училиштата, преку проширување изградба, и реконструкција на училишните згради и спортските сали.

Македонија

Шилегов: Кејот 13 Ноември повторно назад кај граѓаните, реконструиран и поширок

Објавено пред

На 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес, Кејот 13 Ноември на потегот од градскиот плоштад до булеварот Стив Наумов има целосно ново партерно уредување.

„Шеталиштето на Кејот 13 Ноември никогаш не било поубаво и никогаш не било толку полно со луѓе кои со уживање ја користат ширината на овој простор. Реконструкцијата на овој дел од Кејот опфати партерно уредување на површина од околу 12.500 метри квадратни која концептуално е поврзана со околните објекти“, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Со реконструкцијата на кејот, како што информира Шилегов е изведено целосно ново поплочување, патека за лица со инвалидитет, поставени се нови клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери за дрворедот кои целосно ги ослободуваат корените на овие дрвја, канделабри, рефлектори за осветлување и нови бетонски и нови електрични столбови заради реализирање на забраната за паркирање.

„Ослободивме повеќе место за пешаците и велосипедистите преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање на овој простор и сериозно ограничување на протокот на возила кои ќе можат да ја користат сервисната улица лоцирана непосредно до самиот ѕид на кејот. Кејот има доволно простор за сите негови корисници од граѓаните кои го користат за прошетки, одмор и релаксација, па се до бизнисите кои во најголем дел се угостителски објекти со повеќегодишна традиција. Терасите кои ги користат угостителските објекти сега се унифицирани и организирани се на начин што овозможува да дојде до израз прекрасниот двоен дрворед од повеќегодишни дрвја со раскошни крошни“, нагласи Шилегов.

Според него конечно е воспоставен ред на овој дел од кејот, спречено е како што рече, самоволието и хаосот од непрописно паркирани возила кои последните десетина години го правеа небезбедно движењето на пешаците и на велосипедистите.

„ Кејот 13 Ноември, повторно е полн со наши сограѓани кои се чувствуваат пријатно тука и уживаат во благодатите што ги нуди вака уредениот простор. Денес, сеќавајќи се на жртвите на Скопскиот земјотрес, во нивна чест со гордост можам да кажам дека Скопје повторно е наша радост, а Кејот 13 Ноември повторно е местото каде што таа радост најубаво се гледа“, изјави Шилегов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево и многу топло, од средината на неделата со температури и над 40 степени

Објавено пред

Утре, според најавите од УХМР, се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ=9

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде од среда до недела кога наместа по должината на Повардарието температурата ќе го надминува и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Прикажи повеќе...

Македонија

Продолжено работно време за угостителите во Гостивар, бара Таравари

Објавено пред

Советот на Општината, по предлог на градоначалникот Арбен Таравари, се очекува в четврток да донесе одлука за продолжување на работното време за хотелските објекти за уште два часа, информираат од Општината.

Таравари, како што стои во писмениот допис, предлага, наместо до полноќ, во работните денови работното време да трае до 2 часот, а за време на викендите, наместо до 1, да трае до 3 часот.

„Ваквиот предлог доаѓа во време кога нашите сонародници се во својот роден крај, но исто така и за да може кафулињата и рестораните да работат бидејќи подолг период беа затворени поради пандемијата. Градоначалникот Таравари очекува неговиот предлог да наиде на едногласна поддршка од советниците на седницата в четврток, што ќе биде последна на сегашниот состав во согласност со законот бидејќи се очекува да бидат распишани локални избори и овој Совет, освен за итни случаи, нема да може повеќе да се собере. Доколку предлогот помине на Советот, сопствениците на угостителските објекти нема да бидат обврзани да поднесат барање за продолжување на работното време бидејќи сите институции ќе бидат веднаш известени за новата одлука“, стои во соопштението.

Од Општина Гостивар потсестуваат дека минатата година Општината ги ослободи угостителите од плаќање општински такси со цел да ја ублажи финансиската криза што ја претрпе овој сектор од коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 минути

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска земаат замав во јужна Европа, додека некои северни земји ги расчистуваат...

Регион2 часа

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија6 часа

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија8 часа

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија9 часа

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија9 часа

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија9 часа

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа10 часа

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија10 часа

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Свет12 часа

Фаучи: Најверојатно ќе биде потребна трета доза од вакцината

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, процени дека на вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да...

Македонија12 часа

Сеќавање за жртвите – Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 58 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година во кој 1.070...

Македонија13 часа

Почнува вакцинирањето во домашни услови

Од денеска граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да примаат вакцина...

Македонија1 ден

Охридското Езеро засега го задржува статусот на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и...

Регион1 ден

Возачот на косовскиот автобус признал дека задремал зад воланот, загина и неговиот колега

Хрватската полиција го уапси возачот на косовскиот автобус кој денеска излета од автопатот кај Славонски Брод, Хрватска. Најмалку 10 лица...

Македонија1 ден

МНР купи електрични тротинети за вработените, набавката била дел од проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во министерството, образложувајќи...

Свет1 ден

(Видео) Невреме повторно ја погоди Белгија, поплавата носеше возила

Силно невреме повторно ја погоди Белгија и предизвика штета, десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица. Возилата во...

Македонија1 ден

Скопје добива легални ѕидови за слободно користење на уличните уметници

Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две...

Македонија1 ден

Мал процент на граѓани се заразиле со Ковид по две дози вакцина, од утре вакцинација и дома

Само 0,02 отсто од македонските граѓани се заразиле со коронавирус по вакцинацијата. Конкретно, од вкупно 330.320 граѓани со примени две...

Македонија2 дена

Гужви на Богородица и Табановце, за влез и излез во државата се чека и до 45 минути

Големо раздвижување на граничните премини има утрово. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за...

Македонија2 дена

Силно сме спротивставени на корупцијата, велат од Владата по извештајот на Стејт Департментот

Силно сме спротивставени на корупцијата – за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните...

Досие