Контакт

Македонија

Заев: Менувањето ставови носи прогрес, затоа го сменив мислењето

Објавено пред

Менувањето ставови носи прогрес, затоа го сменив мислењето, изјави премиерот Зоран Заев во Собранието.

„ВМРО-ДПМНЕ знае дека не можеше да биде постинат подобар договор и дека без Грција нема НАТО и ЕУ. Имавте храброст да се вклучите во овој процес“, порача Заев до Елизабета Канческа-Милевска.

Додаде дека предлогот на независната пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ, односно едно решение за внатрешна и едно за надворешна употреба, носи нови проблеми.

„Ако имавме споено име, можеби ќе постигневме друго решение. Законикот и Уставот се подобрени, а вие се боревте за да се сочува тоа што е важно, а тоа е државјанството – македонско“, додаде Заев.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е атака врз правата на пациентите

Објавено пред

Доставен е предлог за поведување дисциплинска постапка против царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски.

Информацијата ја напиша Трајковски на својот фејсбук-профил и соопшти дека го товарат оти постапил спротивно на Законот за Царинската управа, односно извршил злоупотреба на боледувањето.

„Злоупотребата на боледувањето сум ја извршил бидејќи сум заминал на испитување во болница во Република Унгарија (за што поседувам медицинска документација од извршените прегледи), а не сум имал право на тоа, односно не сум имал право на второ лекарско мислење. Оваа поведена постапка значи директна атака врз правата на пациентите. Оваа постапка крши директни човекови права. И, конечно, оваа постапка не значи ништо друго, освен политички реваншизам врз мене и како член на ВМРО-ДПМНЕ и како советник во Советот на Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Трајковски.

Трајковски, кој покрај тоа што е цариснки службеник, назначен е и за советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, најави дека ќе поднесе соодветни поднесоци до надлежни институции и организации за заштита на човековите права.

„Како советник избран од граѓаните на општина Гази Баба на непосредни избори ќе ги информирам меѓународните претставници и организации бидејќи ова го сметам како директен притисок врз мене и врз моето понатамошно дејствување и носење одлуки“, додава Трајковски во статусот на социјалната мрежа.

Царинскиот службеник претходно изјави дека зел боледување од работа за да изврши специјалистички преглед за синусите и дишните патишта. За неговиот престој во Будимпешта се дозна кога на социјалните мрежи се појави фотографија на која е заедно со Никола Груевски. Од Царинската управа тогаш изјавија дека ќе ги проверат наводите што се објавени во медиумите, а нивните надлежни служби ќе го испитуваат случајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пронајдена шок-бомба во вреќа со отпад во Скопје

Објавено пред

Шок-бомба во исфрлена вреќа со отпад пронашле екипите на ЈП „Комунална хигиена“ на улицата Македонска преродба во скопската општина Ѓорче Петров.

Од Јавното претпријатие велат дека по интервенцијата, било констатирано дека станува збор за потенцијално опасен отпад од распрскувачки материи за што била информирана и полицијата која извршила увид на местото на настанот.

 

Од „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните заедно со својот комунален отпад никогаш да не исфрлаат токсични, опасни или штетни материи, кои може сериозно да го загрозат здравјето на вработените во претпријатието кои секојдневно се во контакт со отпадот при извршувањето на своите работни задачи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Неофит: Првин името, па статусот на Македонската црква

Објавено пред

Прашањето за автокефалноста на Македонската православна црква ќе се поведе кога ќе се реши прашањето за името на земјата, изјави бугарскиот патријарх Неофит за „Њус.бг“.

„Кога ќе се разјаснат сите детали за името на Македонија, сигурно ќе се поведе прашањето за црквата“, изјави Неофит.

Кон крајот на 2017 година бугарската црква прифати да ја застапува МПЦ пред другите цркви преземајќи сè што е неоходно за утврдување на нејзиниот канонски статус, но не прифати МПЦ да ја признае како своја ќерка-црква.

БПЦ не испрати делегација на прославата на 100-годишнината од Охридската архиепископија на почетокот на минатата година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија4 часа

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија5 часа

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Македонија5 часа

Наумовски: Парите за повисока плата се планирани во случај да се промени законот

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, тврди дека засега нема да зема повисока плата и ќе чека законски измени...

Македонија6 часа

МВР за 50 илјади евра ќе се консултира за набавка на услуги за изработка на биометриски документи

Со проценета вредност, без ДДВ, од 3.000.000 денари, или приближно 50 илјади евра, МВР објави тендер за консултантски услуги за изготвување проектна...

Македонија7 часа

(Видео)„О2 иницијатива“: Оставки, доста ни е од пиар-мерки против загадувањето

„Ова што го прави власта не е борба против загадувањето. Ова се пиар-мерки за намалување на бесот кај граѓаните и...

Македонија8 часа

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија9 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски9 часа

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски10 часа

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести10 часа

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија10 часа

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет10 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија11 час

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион12 часа

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Свет13 часа

(Видео) Супер волшебна месечина: Ретко целосно затемнување на небото во северната хемисфера

Илјадници луѓе на северната хемисфера се бореа со ниските температури за да го видат целосното затемнување на Месечината, феномен познат...

Свет13 часа

Поради снежна бура во САД откажани 5 000 летови

Поради снежната бура и последиците од естремно ниските температури што ги зафатија сојузните држави во централните и северноисточните делови на...

Свет15 часа

„Кликни за молитва“ : Папата Франциско промовираше католичка мобилна апликација

Папата Франциско лансираше нова дигитална платформа во своето традиционално неделно обраќање што ќе им овозможи на верниците да се молат...

Македонија1 ден

Со мерките за загаденоста, властите се борат со последиците наместо со проблемот

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања...

Досие