Контакт

Македонија

Заев – Мeкарти: Северна Македонија направи позитивни промени, а резултатите од реформите се видливи

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Европа, Пол Мeкарти, придружен од повеќе претставници на институтот.

Заблагодарувајќи се за приемот, директорот Мекарти на премиерот Заев му упати честитки за постигнатите позитивни промени во државата, оценувајќи ги како клучни договорот од Преспа со Грција и заокружувањето на веќе започнатите реформи за остварување на евро-атлантските аспирации.

Директорот за Европа на ИРИ ја оцени како многу добра досегашната соработка со Владата на повеќе проекти и изрази подготвеност за нејзино продолжување, предлагајќи повеќе иницијативи каде може да помогнат експертите на институтот.

Заев на средбата со претставниците на Меѓународниот републикански институт го истакна пријателството со Соединетите Американски Држави (САД) во однос на стратешките прашања за државата нагласувајќи дека соработката со американските институции и организации е особено важна за интеграцијата на земјата во НАТО и Европската Унија.

Премиерот на средбата информираше и за актуелниот политички момент во земјата и ја потенцираше заложбата на Владата за остварување инклузивен дијалог со опозицијата и продолжување на реформите во клучните области меѓу кои правосудството, безбедносниот систем, јавната администрација, борбата со корупцијата со цел да се задржи прогресивниот момент за остварување на членството во ЕУ, односно добивање датум за почеток на преговорите летово.

Соговорниците ја завршија средбата со заемно уверување дека традиционалната соработка со ИРИ ќе продолжи и беше заклучено дека е добредојдена поддршката и заедничките програми и проекти кои ќе помогнат за уште поголема демократизација на земјата и ќе бидат од полза за развивање на културниот дијалог меѓу политичките партии во земјата.

Македонија

Апелацискиот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Објавено пред

Апелацискиот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово.

Основниот кривичен суд на втори ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази беа ослободени од обвиненијата.

Обвинетите што се прогласени за виновни ги сториле кривичните дела тероризам и терористичка организација. Тие влегле во земјава, се засолниле и во групи се обиделе да се префрлат во Диво Насеље во Куманово, каде што на 9 и 10 мај 20015 извршиле терористички напад, во кој загинаа осум полицајци.

Прикажи повеќе...

Македонија

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Објавено пред

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов, кои ги доби по истекот на мандатот.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, вели дека просториите не се избрани преку транспарентна постапка, а притоа најмени се од блиско лице до Иванов.

Наместо просториите во „Џеваир“, антикорупционерите бараат на Иванов да му бидат доделени канцеларии што ги поседува државата. Според Ивановска, месечно се плаќаат 4.500 евра за потребите на експретседателот, а во сумата не се пресметани платите на вработените.

„Во сиромашна држава како нашата се трошат многу средства за експретседателите, а дополнително, нема ниту ограничувања колку години може да ги користат привилегиите преку кои државата им ги покрива трошоците по нивниот мандат. Тие не поднесуваат ниту извештаи какви активности имале или имаат“, заклучи Ивановска.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што се очекувало изминатиот период за влез во Европската Унија. Туск истакна дека земјата многу добро, на демократски начин, се справила со политичката криза од изминатиот период.

„Напорите на вашата земја во последните неколку години беа извонредни. Издржавме една од најтешките миграциски кризи. Ова беше тежок тест и период за дејствување, вашата земја го помина подобро од многу земји. За политичката криза, пак, најдовте решенија засновани на демократски принципи. Со договорите со Бугарија и Грција вие станавте на шампиони. Она што го направивте е меѓународно признаено и не треба да биде залудно сфатено од страна на ЕУ“, рече Туск.

Претседателот на ЕС истакна дека лидерите од Унијата се обврзале во октомври јасно да се произнесат за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

„Јас во јуни реков, вашата земја во последните две години направи сè што се очекуваше за да се отпочнат преговори за пристап кон ЕУ. Тоа продолжува да биде мојот цврст став. Сакам да биде кристално јасно дека не постои сомнеж во Брисел за вашето владеење на правото и борбата против корупцијата. Но, секој во секое време може да го оспори ова и ние знаеме дека вашата влада е издржна и стои на тоа во однос на работите за СЈО“, рече Туск.

Тој порача дека Северна Македонија мора да остане во фокусот за влез во ЕУ, но потребно е и трпение.

„Немам сомнежи дека оваа земја содржи квалитети. Скопје е најдоброто место каде би сакал да ги повикам лидерите на ЕУ“, рече претседателот на Европскиот совет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Апелацискиот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелацискиот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија7 минути

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија52 минути

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија1 час

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија4 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет5 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет5 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет5 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија5 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија6 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет17 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет18 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија19 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија1 ден

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија1 ден

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија1 ден

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија1 ден

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион1 ден

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Досие