Контакт

Македонија

Заев на самитот за Западен Балкан во Трст

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев на 12 јули ќе учествува на самитот на ЕУ за Западен Балкан, што по Берлин, Виена и Париз ќе се одржи во Трст. Самитот е дел од т.н. Берлински процес, кој беше инициран за да се држи регионот блиску до ЕУ, откако претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер директно порача дека во мандатот на оваа Европска комисија проширување во регионот нема да има.

И за овој самит се најавува дека тема ќе бидат регионалната соработка и инфраструктурните проекти, а политички лајтмотив е обидот на германскиот шеф на дипломатијата Зигмар Габриел да внесе нова енергија во процесот, со обезбедување дополнителни сретства за развој на регионот, што го нарече „Берлин плус“.

На овие самити вообичаено присуствуваат и лидерите на земјите предводнички на процесот покрај високите преставници на ЕУ, т.е. лидерите на Германија, Франција, Италија и Австрија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Вреди“: Се враќа целосната функционалност на Комисијата за односи меѓу заедниците, нов чекор за зајакнување на Охридскиот рамковен договор

Објавено пред

Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, оценуваат од „Вреди“.

„Беше де факто ослабена од политиките на ДУИ. Нејзината улога беше ослабена. Ја изгуби реалната тежина во процесите на одлучување, иако произлегува од Охридскиот рамковен договор.

Од денес, тоа се менува. На чело на Комисијата е избран пратеникот на „Вреди“, Аднан Азизи. Тој ќе предводи нова фаза. Фаза на целосна функционалност и јасна институционална одговорност.

Комисијата повеќе нема да биде формалност. Таа ќе биде активен орган. Функционален механизам со реално одлучување и директна одговорност за правична и соодветна застапеност, употребата на јазиците, образованието и културата, со цел целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор и Бадинтеровиот принцип“.

„Вреди“ како што додаваат од партијата, става крај на практиките на институционално занемарување. Законот за правична и соодветна застапеност, подвлекуваат дека ќе се спроведува со целосна сериозност. Според нив, институционалната еднаквост повеќе нема да остане само на хартија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Савески-Хрицова: разговарано за предизвиците во гонењето на висока корупција, како и за можностите за избегнување на одолговлекување на постапките

Објавено пред

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и амбасадорката на Словачката Република Ивета Хрицова на заедничка средба ги разгледаа можностите за идна соработка особено во областа на реализацијата на европските реформи во работата на Јавното обвинителство.

Меѓу клучните активности во претстојниот период, преку контакти со словачкото обвинителство, ќе биде иницирана размена на искуства во повеќе области, студиски посети, како и испитување на можностите за потпишување меморандум за соработка меѓу македонското и словачкото обвинителство.

Савески и Хрицова разговараа и за предизвиците во гонењето на висока корупција, како и за можностите за избегнување на одолговлекување на постапките.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Објавено пред

Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.


ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

„Њујорк пост“: Американскиот персонал не дозволил никакви кинески предмети да се внесат во авионот на Трамп

Дописничката на „Њујорк пост“ од Белата куќа, Емили Гудин, денес изјави дека американскиот персонал не дозволил никакви кинески предмети да...

Свет3 часа

СЗО: Лицето од САД негативно на хантавирус, бројот на случаи во светот е намален на десет

Директорката на Одделот за подготвеност и превенција на епидемии и пандемии при Светската здравствена организација (СЗО), Марија ван Керхове, денес...

Свет3 часа

Аракчи: Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец....

Свет3 часа

Стармер: Ќе го спречиме секој што се обидува да шири омраза и поделби во Британија

Британските власти им забранија на 11 странски крајнодесничарски активисти влез во земјата пред митингот на поддржувачите на Томи Робинсон, додека...

Свет4 часа

Трамп: Само САД и Кина можат да пристапат до иранскиот ураниум

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави по враќањето од Пекинг дека само САД и Кина можат да дојдат до иранскиот ураниум...

Свет4 часа

Израел го нападна водачот на Хамас, Иза ал-Дин ал-Хадад

И покрај кревкото примирје во Газа, постигнато со посредство на САД, Израел изврши напад насочен кон врвниот воен лидер на...

Свет4 часа

Германија: Истекоа токсични хемикалии во фабрика, има повредени работници

Во несреќа што се случи денес во индустриски погон во Нирнберг, повредени се 30 лица, од кои две се во...

Македонија4 часа

„Вреди“: Се враќа целосната функционалност на Комисијата за односи меѓу заедниците, нов чекор за зајакнување на Охридскиот рамковен договор

Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, оценуваат од „Вреди“. „Беше де факто ослабена од политиките...

Свет5 часа

Премиерот на Полска: Откажувањето на пристигнувањето на американските војници нема да влијае на нашата безбедност

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека ненадејното откажување на трансферот на 4.000 американски војници во Полска нема да влијае...