Контакт

Македонија

Заев на состанок на Вишеградската група во Чешка

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев престојува во еднодневна работна посета на Република Чешка. Тој ќе учествува на Самитот на премиерите на државите од Вишеградската група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан.

Вишеградската група ја сочинуваат Унгарија, Полска, Чешка и Словачка. Тема на состанокот ќе биде јакнење на севкупната политичка и економска соработка меѓу двата региона, а посебен фокус ќе биде ставен на прашањата од областа на инфраструктурата, образованието, финансиската стабилност и климатските промени.

На состанокот нема да учествува премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, поради, како што е соопштено, обврски што ги имал на Косово.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Заев на средба со Могерини: Северна Македонија во октомври очекува позитивна одлука

Објавено пред

Премиерот, Зоран Заев, во Њујорк присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан ја приреди високата претставничка за надворешни работи и безбедносни политики и заменик претседател на Европската Комисија, Федерика Могерини.

Заев истакнал дека само неколку недели остануваат до октомврискиот самит на Европскиот Совет, кога за Северна Македонија, како што рекол, се очекува позитивна одлука за започнување на преговори со ЕУ.

„Во разговорот за време на вечерата, премиерот Заев истакна дека ова е клучен период за нашата земја и дека сите напори се фокусирани на тоа да се задржи позитивниот дух кај сите земји членки на ЕУ за поддршката за Северна Македонија да ги отвори преговорите со ЕУ“, соопштија од Владата.

„По добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ во 2005 година, низата на последователни позитивни препораки од Европската Комисија и афирмативните заклучоци на Европскиот Совет во 2018 и 2019 година, како и заради остварените и признаени резултати, Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите со ЕУ без натамошно одлагање“, рекол Заев.

Стартот на преговорите, рекол премиерот, ќе биде успех и на Северна Македонија и на ЕУ, како резултат на заедничките остварувања за време на предпристапниот процес.

Премиерот Заев и владина делегација во Њујорк учествуваат на 74. Генерално собрание на ОН, кое официјално започнува денеска со учеството во работата на самитите посветени на климатските промени и на универзална здравствена заштита.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претпладне облачно, попладне врнежливо со грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени, а максималната од 22 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд попладне. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во текот на неделава времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има денеска кон крајот на денот и во вторник, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прикажи повеќе...

Македонија

За една недела казнети 337 возачи за непрописно паркирање во општина Центар

Објавено пред

ЈП„Паркинзи на општина Центар“ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје за една недела санкционираа 337 возачи за непрописно паркирање.

Во периодот од 16 до 22 септември, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 198 непрописно паркирани возила, од кои седум несовесно паркирани на паркинг-места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување механичко средство „блокатор“ санкционирани се 139 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

(Видео) Заев на средба со Могерини: Северна Македонија во октомври очекува позитивна одлука

Премиерот, Зоран Заев, во Њујорк присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан...

Регион38 минути

Над 340 земјотреси почувствувани во Албанија

Лажната најава за нов силен земјотрес предизвика паника на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, и на Драч. Веста...

Македонија1 час

Заев на Генералното собрание на ОН, планирана е и средба со Мицотакис

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска до сабота ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на...

Македонија2 часа

Боки 13 на распит за „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан...

Свет2 часа

Јужна Кореја: 26 лица лица повредени во тајфун, над 27 илјади домаќинства останаа без струја

Најмалку 26 лица се повредени во тајфун што ги погоди јужните делови на Јужна Кореја, соопштија официјални лиц. Над 27...

Свет2 часа

Уапсени 53 мигранти на границата меѓу Мексико и САД кои се криеле во приколка

Во Тексас се откриени 53 мигранти кои нелегално ја преминале границата со Мексико криејќи се во приколка. Според американската гранична...

Свет12 часа

Арапските партии го поддржаа Бени Ганц за премиер

Aрапскиот блок во израелскиот Парламент за првпат по 25 години поддржа кандидат за израелски премиер, во овој случај лидерот на...

Спорт16 часа

Вардар со фуриозно второ полувреме преку Порто до првото место

Европскиот шампион Вардар ги надмина проблемите од првото полувреме, во кое неочекувано Порто имаше водство од два гола, за да...

Регион19 часа

По земјотресите во Албанија, многумина сѐ уште стравуваат да се вратат во своите домови

Голем број жители на Тирана и Драч сѐ уште не се враќаат во своите домови по земјотресот со јачина од...

Македонија22 часа

Утре нова средба на работните групи за законот за јавното обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство. Средбата што ќе се...

Регион23 часа

Могерини на работна вечера со лидерите од Западен Балкан во Њујорк

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини денеска ќе се состане во Њујорк со лидерите од...

Топ23 часа

Возач почина за време на пробна автомобилска трка, му се слошило и излетал од патеката

Педесет и осумгодишен скопјанец почина за време на одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до...

Европа1 ден

Полска ќе евакуира 42.000 граѓани поради бомба тешка 5,5 тони

Властите во северозападниот дел на Полска планираат евакуација на околу 42.000 луѓе откако е пронајдена огромна сеизмичка британска бомба од...

Култура1 ден

Доделени наградите на завршната вечер на фестивалот „Браќа Манаки“

Осум дена, пет локации, 128 филмски наслови создавани низ целата планета од филмски уметници од над 50 земји во светот,...

Македонија2 дена

Јовановски и Јанева повикани на распит во Обвинителството

Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и Катица Јанева се повикани на распит во Обвинителството. Првоосомничениот Бојан Јовановски е повикан...

Топ2 дена

Нападнат вработен на Kомплексот клиники „Мајка Тереза“

Вчера во полициската станица бил пријавен физички напад што се случил на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот го пријавил 61-годишен...

Топ2 дена

Фатени двајца крадци кои ограбиле пет маркети во Охрид

МВР соопшти дека поднеле кривични пријави против две лица кои се сомничат за пет кражби во Охрид. Едниот е на...

Топ2 дена

(Видео) Во координирана полициска акција во 24 градови пронајдени и одземени поголеми количества дрога и оружје

По претходно изготвен план за преземање на конкретни мерки и активности, со наредби од судија на претходна постапка, вчера од...

Свет2 дена

Зариф: САД се очајни, со санкциите сакаат да ги спречат Иранците да добиваат лекови

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф ги обвини САД дека со новите санкции против иранската централна банка сакаат...

Свет2 дена

„Фејсбук“ укина илјадници апликации

Компанијата „Фејсбук“ објави дека укинала десетици илјади апликации, кои биле потенцијална опасност за приватноста на корисниците, а тоа го покажала...

Досие