Контакт

Македонија

Заев на средба со евроамбасадорот Гир: Со функционален парламент и висока свест на политичарите до европска агенда

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со Дејвид Гир, амбасадор и шеф на делегацијата на ЕУ во нашата држава.

На состанокот бешe изразена поддршка за развојните и интеграциските процеси на нашата држава, со фокус кон натамошен напредок во реформските процеси и на политиките на дијалог во насока на граѓанските интереси и на државните стратешки цели, се вели во писмениот допис од кабинетот на Заев.

Заеднички е заклучено и дека е потребна висока свест од сите политички субјекти за функционален Парламент, во полза на потребите на граѓаните и на спроведувањето на европската агенда.

„Покажавме дека нема недопирливи кога се работи за владеењето на правото и во таа насока ќе продолжиме да ги мотивираме да работат сите надлежни институции и органи. Цврсто сме фокусирани на борбата против организираниот криминал и корупцијата и во соработка со нашите меѓународни партнери. Посветени сме на инклузивно работење со сите политички субјекти и општествени чинители. Се грижиме за здравјето и егзистенцијата на граѓаните и фирмите. Зголемен е бројот на странски инвестиции во земјава. И, со сите овие чекори што ги правиме, очекуваме економскиот развој да продолжи, имплементација на европските вредности дома, но и исчекор во европските интеграции“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, упатил благодарност до еврокомесарот Вархеј, за неговите големи заложби за финансиска помош и за распределба на вакцините и кон земјите од Западен Балкан, како дел од заедничките напори за справувањето со последиците од пандемијата.

Македонија

(Видео) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ на спротивната страна од граѓаните

Објавено пред

Заради лични и партиски интереси на Христијан Мицкоски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието кочат важни закони за граѓаните и државата, истакна денеска пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски.

„ВМРО-ДПМНЕ се противи на новото законско решение со кое државата треба да добие нов модерен Клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги.
Во време кога ги надминуваме последиците од коронавирусот, во време кога е важна секоја инвестиција во здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ е против изградбата на најкапиталниот проект во историјата на македонското здравство. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дејствуваат на штета и на одбрана, против интересите на припадниците на Армијата. Со дури 2.000 амандмани пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат измените на Законот за служба во Армијата“, реагира Каевски.

Со ова, смета Каевски, ВМРО-ДПМНЕ се противи војниците да имаат право на избор, се противат војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина и дополнителни поволности при пензионирање.

„Пратениците од опозициската партија се против и новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, со кој се исправа неправдата кон над 4.700 наставници и стручни соработници кои се уште немаат засновано работен однос на неопределено време. Се што е во интерес на граѓаните е предмет на блокада на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Заради лични и партиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието кочи важни закони во делот на здравството, одбраната, образованието“, напомена Каевски.

Ова, како што рече е уште еден доказ за деструктивноста на партијата предводена од Мицкоски која освен блокади, кочења и лажни вести не нуди ништо друго пред граѓаните, коментира пратеникот од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стојаноски: Шилегов, Богоев, Богдановиќ и Марин потрошиле 2,5 милиони евра преку тендери

Објавено пред

Власта во обид да се испере вчера заглави во кал до гуша. Договорите од завршените тендерски постапки кои ги објавуваат на страницата на Биро за јавни набавки институциите под нивно водство не се целосни, односно не содржат листа на единечни цени. Министрите, градоначалниците и директорите од СДСМ ги кријат цените по ставки на производите и услугите кои ги најмуваат преку тендери, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

„Петре Шилегов, Стефан Богоев, Златко Марин и Саша Богдановиќ потрошиле околу 150 милиони денари, односно близу 2.5 милиони евра за последните три години преку тендери склучувајќи договори чии единечни цени не ги објавиле на страната на Биро за јавни набавки. Градоначалниците од СДСМ не го почитувале Законот за јавни набавки и спротивно на чл.70 ст.3 од истиот закон по склучување на договорите не ги објавиле со поединечните цени по ставки, што отвора сомнеж дека се кријат големи набавни разлики“, изјави Стојановски.

Тој додаде дека за три години општина Карпош склучила договори во висина од 31.000.000 денари, за кои подоцна на страната на Биро за јавни набавки не објавиле договор со ценовна листа. Истото го направила и Општина Центар со, како што рече, неколку договори во висина од 17.900.000 денари. Град Скопје пак за договор од 75.000.000 денари и Општина Аеродром со договори во вредност од 24.600.000 денари, истакна тој.

„Прашуваме дали зад криењето на ценовните листи се крие огромна ценовна разлика, како што беше случај по откритието на одредени медиуми дека Златко Марин со пари на Општина Аердром плаќал канти за ѓубре од 300 евра и обрач за кош од 250 евра? Дали Шилегов ја сокрил ценовната листа од договорот вреден 75.000.000 денари за да не се открие ново преплаќање со парите на скопјани како во случајот со противпожарното возило со скала? Што се крие и зошто не се објавуваат цените, тоа е вистинското прашање на кое чекаме одговор! A, тоа е и законското прекршување за коешто ќе има одговорност“ прашуваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 286 пациенти, затворени дел од капацитетите

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 286 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 333 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 51 пациент позитивeн и суспектни на Ковид-19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 22, во ковид-центарот во Гостивар 11, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациент, во Кочани 15 во Кичево 9, Кавадарци 10, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 490 и има околу 750 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, известува МЗ.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од таму.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет36 минути

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Свет54 минути

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Регион3 часа

Почнува самитот Брдо-Бриони: Целта е што побрзо приближување на Западен Балкан кон ЕУ

Балканските лидери учествуваат на самитот Брдо-Бриони. На самитот учествуваат претседателите на процесот, претседателите на Словенија и Хрватска и лидерите на...

Свет3 часа

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа3 часа

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет4 часа

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет4 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет4 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија14 часа

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија20 часа

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет21 час

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија21 час

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет1 ден

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Свет1 ден

Гутереш запрепастен од страдањата на цивилите во Газа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

Свет1 ден

(Видео) Немирна ноќ во Газа, истрелани околу 120 ракети, бројот на загинати и повредени расте

Израелската армија објави дека 120 проектили биле истрелани од Појасот Газа во текот на ноќта. Продолжена е вонредната состојба во...

Свет2 дена

Нетанјаху до Бајден: Израел не сака да повредува лица кои не се вклучени во борбата со Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му соопшти на американскиот претседател Џо Бајден дека Израел „прави се за да избегне повреда...

Македонија2 дена

13 починати и 112 нови случаи на Ковид-19 од 4.196 тестови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Свет2 дена

(Видео) Израел во Газа уништи зграда во која се канцелариите на „Ал-Џезира“ и светски агенции

Израел во воздушен напад уништи зграда во која се сместени канцелариите на катарската телевизија „Ал-Џезира“, како и на светските новински...

Македонија2 дена

Заев: Законот за дивоградбите ќе се врати во Собрание, мора да ги спасиме домовите на сиромашните

Премиерот Заев вели дека не се откажува од носењето на Законот за легализација на дивоградбите. Откако претседателот Стево Пендаровски не...

Досие