Македонија
Заев на средба со францускиот претседател Макрон во Париз

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска ќе има работна средба во Париз со претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Дел од владината делегација се и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во рамки на посетата, со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, ќе се оствари и работна вечера со претседателот на Франција, Макрон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Протерани тројцата Бугари, меѓу кои пратеник: Добија времена забрана за влез во Македонија и казна

Тројцата Бугари кои со погрдни зборови навредуваа полицајци на границата „Деве Баир“, по што беа уапсени, се протерани од Македонија. Судот во Крива Паланка им изрече забрана за влез во Македонија во наредните три години. Ќе треба да платат и по 300 евра казна за сторениот прекршок. Ваков е исходот од нивното изведување пред судија на претходна постапка.
Меѓу уапсените, а сега протераните е и пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев. Тој тврди дека бил тепан од полицајците, а тоа го пренесоа и медиумите од Бугарија. Од видеото споделено на социјалните мрежи се гледа само како тој е уапсен бидејќи не почитуваше наредба од службениците кои побараа од него да не снима, како и поплака зошто го апсат и да не го удираат.
Инцидентот се случи попладнево, кога тој и други граѓани останаа на границата „Деве Баир“.
Македонија
Грковска во Вашингтон: Западен Балкан е во срцето на Европа и тоа го прави клучен за стабилноста

За Северна Македонија, како најнова членка на НАТО Алијансата партнерството со САД, како и зачувувањето на безбедноста и стабилноста на Западен Балкан е од врвен приоритет. Западен Балкан е регион од стратешко значење за НАТО“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во синоќешното обраќање во Вашингтон, на панелот „Како да се спротивставиме на руското и кинеското влијание на Западен Балкан“, во организација на меѓународната независна Трансатлантската мрежа на лидери, со што и ја заврши работната недела во САД.
Таа нагласи дека е неопходна силна определба и упорност, независно од тоа што и Северна Македонија, како и останатите земји од регионот е изложена на руско влијание.
„Не смееме да дозволиме политички предизвици да станат безбедносни проблеми“ порача вицепремиерката Грковска, и дополни дека со се подолгото одложување на отпочнувањето на пристапните преговори граѓаните губат доверба во политиките кои се во насока на исполнување на нашата најважна стратешка цел – да бидеме дел од ЕУ. Следствено, со тоа и расте влијанието од Русија и Кина како резултат на зголемената недоверба на граѓаните.
За да се намали и спречи ваквото влијание, додаде вицепремиерката Грковска, важно е државите да ги негуваат демократските вредности, да го промовираат и унапредуваат владеењето на правото, еднаквоста пред законите, како и доследно да ги имплементираат принципите на доброто владеење. За крај, вицепремиерката порача дека силна економија во ЕУ значи стабилен регион. А тоа не можеме да го постигнеме без поддршката од САД.
Македонија
Алијанса за Албанците ги осуди говорот на омраза и инцидентите во Скопје од „Комитите“ и навредите од Бугарите

Алијанса за Албанците го осудува говорот на омраза и инцидентите предизвикани во центарот на Скопје од страна на „Комитите“, како и навредите од некои бугарски државјани упатени кон припадниците на македонската полиција на граничниот премин Деве Баир.
„ Ваквата ескалација не придонесува за релаксација на односите меѓу двете земји и европската интеграција на Македонија. Ваквите антиевропски сцени се срамни и од нив треба да се дистанцира политиката во Скопје и Софија.
Алијанса за Албанците апелира на итно смирување и умерено дејствување. Страните треба да ги решаваат недоразбирањата меѓу министерствата за надворешни работи, во европски дух и фокусирајќи се на спроведувањето на договорот за пријателство меѓу двете земји“ велат од партијата.