Македонија
Заев на Тиранскиот економски форум: Никогаш нема да разговараме за она за што не може да се разговара

Европската Унија да ги исполни ветувањата за Западен Балкан, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, кој денеска учествуваше на утринскиот панел на Тиранскиот економски форум 3 на темата „ЕУ и Западен Балкан: исполнување на долго очекуваните ветувања“, кој заради пандемијата со Ковид-19 се одржа онлајн.
Заев рече дека Македонија била првата земја од регионот која го потпишала Договорот за стабилизација и асоцијација во 2001 година. Само 4 години подоцна стана и земја кандидат на членство во ЕУ, а веќе во 2009 ја доби и првата позитивна препорака за отпочнување на преговори со ЕУ. Сепак, 16 години подоцна, сè уште сме во чекалната на ЕУ, вели Заев.
Премиерот истакна дека неговата задача е да носи тешки и храбри одлуки, во интерес на граѓаните. Затоа, пред 4 години беа отворени најгорливите дипломатски прашања со нашите соседи и затворени во духот на добрососедството, современата мултилатерална политика и желбата за обединет регион кој просперира храбро напред.
Заев вели дека Северна Македонија е крстосница на многу цивилизации, на многу етиникуми и на многу културолошки вмрежувања, но политичкиот екосистем е ранлив бидејќи граѓаните не може да продолжат да живеат само со идеја, туку неопходна е храбра политичка акција.
„Северна Македонија никогаш немала друг интерес освен мирно и достоинствено да кохабитира со своите соседи и со сите нации и етникум во Европа. Но, да бидам кристално јасен и да го повторам уште еднаш ставот на Владата. Ние никогаш нема да си дозволиме да разговараме за она за што не може да се разговара. А тоа е кои сме, кои се нашите идентитетски атрибути и која е генезата на нашата државност и јазик“, порача Заев.
Тој им се заблагодари на комесарот Оливер Вархеjи и сите политички и административни чинители кои се активен дел од процесот, посебно околу помошта која ни била дадена и која допрва треба да стигне во справувањето со економските последици кои ги доживеавме поради кризата со Ковид-19.
Заев истакна дека Владата ред три дена го усвои планот: „Европа дома“. Со овој план, рече Заев, ние јасно и гласно декларираме што оваа Влада ќе прави во однос на евроинтеграциите и процесите кои истата ги носи.
„Независно од расположението во соседството или во Брисел, ние сме посветени на доброто на нашите граѓани. Ги земаме најдобрите европски практики и ги вткајуваме во националното ткиво“, рече Заев.
Премиерот повтори дека Северна Македонија го заслужува местото во Европската Унија и дека природно припаѓа во европското семејство народи.
На панелот учествуваа и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Петрушевски: Седат Пекер имал двоен матичен број и бил во зградата на владата

Лице кое ги обединува аферите Мафија 1 и 2 е Седат Пекер, тој имал лична карта со украден идентитет – Џедан Ахмедовски, а тој Џедан Ахмедовски имал и втор матичен број на име на Џеладин Ахмедовски, тврди Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека премиерот Зоран Заев мора да одговори што барало ова лице на средби со негови коалициони партнери и дали Седат Пекер имал средби во владата и доколку да, со кого?
„Дали на такви средби е разговарано за некакви бизниси и дали во тоа е вклучен неговиот брат Вице? Спасовски и Заев биле мрежа и логистика на ваквите незаконски дејанија и затоа треба да си поднесат оставка, а министерот Спасовски испаѓа дека не се борел против мафијата туку станал нејзин најдобар другар. Повикуваме ЈО веднаш да утврди и да изврши увид во целокупниот изборен материјал во ДИК и да се утврди колку од овие лица го оствариле два пати своето право на глас, и како со тоа е влијаено на изборниот резултат“, рече Петрушевки.
Според него, се отвора сериозен сомнеж дека на власт имаме коалиција која ги украла изборите.
Македонија
Докторите ѝ се поклонија на девојката чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи

На Клиниката за кардиохирургија ноќеска беше извршена втората трансплантација на срце во Македонија. Станува збор за 27-годишно момче кое доби срце од почината млада девојка.
Министерот за здравство, Венко Филипче, објави фотографија, која ја нарече историска, а на која докторите ѝ се поклонуваат на девојката чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи.
Историска фотографија, докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи….
Posted by Венко Филипче on Saturday, April 17, 2021
„Историска фотографија, докторите ѝ се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи. Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејството. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост“, напиша Филипче.
Претходно, тој ја објави веста дека трансплантацијата завршила успешно.
Македонија
Продолжен рокот за пријавување за вакцинација за новинари и медиумски работници

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги информираат новинарите и медиумските работници дека рокот за пријавување за втората фаза од вакцинацијата против Ковид-19 е продолжен и трае до 23 април (петок).
На овој повик нема ограничувања и може да се пријават сите новинари и медиумски работници кои имаат активен ангажман поврзан со некој медиум, како и слободни новинари и медиумски работници.
Имунизацијата, во соработка со Министерството за здравство се очекува да биде организирана наскоро, за што пријавените навремено ќе бидат известени, како за термините, така и за локацијата.
Лицата кои се пријавија на првиот повик, а кои не ги исполнија условите за првата фаза од вакцинацијата, се ставени на списокот за вториот круг на вакцинирање.
Повеќе информации се објавени ТУКА.
Во врска со терминот и локацијата за вакцинирање, пријавените ќе бидат контактирани од претставник на Министерството за здравство или од претставник од новинарските организации.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш