Контакт

Македонија

Заев: На Централниот одбор на СДСМ ќе разговараме за актуелните случувања

Објавено пред

Пред почетокот на Централниот одбор на СДСМ претседателот на партијата, Зоран Заев, изјави дека тема на партискиот состанок ќе бидат актуелите политички случувања.

Тој не прецизира за што конкретно ќе се разговара, но рече дека ќе дискутираат за партиски теми, како изборот на претседатели на партиските комисии.

„Ќе разговараме за изборот на претседатели на комисиите. Извршниот одбор утврди, сега треба Централниот. Ќе го соопштиме изборот на новата координаторка на Форум на жени. Ќе дискутираме за актуелните политички случувања и идните теренски активности на партијата“, рече Заев.

Тој додаде дека денес нема да разговараат за потпретседатели на партијата затоа што сè уште немаат донесено одлука кои ќе бидат.

Македонија

Отстранети 322 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Објавено пред

Во текот на изминатата недела (28.11 – 04.12.2019 година) со специјалните возила „пајак“ се подигнати 322 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 45 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 277 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 431 возилo, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 45 возила се отстранети со пајак-службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС-порака или со греб-картичка.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Објавено пред

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за „Макфакс“. Одложено ќе биде донесувањето на конечните одлуки што ги носи Комитетот за одобрување инвестиции на Фондот за иновации. Повикот за технолошки развој ќе биде распишан следната недела и очекуваат да заврши пред распуштање на Собранието, но постапката за сите останати ќе биде пролонгирана.

„За жал, морам да кажам дека изборите како процес ќе имаат свое влијание врз динамиката на нашето работење. Неодамна Владата ни даде согласност за изменетата среднорочна програма којашто се протега до крајот на 2020 година којашто предвидува неколку нови иницијативи шо ги развиваме по барање и на самите компании. Пред сè ќе ја споменам воведување на посебна скратена постапка за аплицирање којашто досега не беше предвидена како можност. Тоа го воведуваме веќе наредната недела со првиот следен повик за технолошки развој. Очекуваме дека тој повик по скратена постапка ќе бидеме во можност да го реализираме пред одлуката за распуштање на Собранието, но сето она што следи, повикот за технолошки развој во редовна постапка, повикот за стартап-компании што планираме да го објавиме до крајот на годината ќе бидат, за жал, делумно пролонгирани во смисла на носење конечна одлука до завршување на изборниот процес. Тоа подразбира дека повиците ќе ги отвориме, компаниите ќе можат да аплицираат, фазата на административна проверка, претселекција и селекција ќе може да се случува и да тече, меѓутоа иако немаме законски ограничувања, самото носење на одлуката, решивме интерно, да го пролонгираме до прогласување на изборниот процес за завршен“, најави директорот Деспотовски.

Пролонгирањето ќе биде до втората половина на мај кога Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за иновации ќе може да ги донесе одлуките. Новите повици планирани за 2020 година ќе бидат темпирани за објава во јануари или по завршување на изборниот процес. Откако ќе се распушти Собранието Фондот за иновации нема да отвора повици.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груевски ја брани финансиската зона: Немавме намера таа да функционира како офшор

Објавено пред

Експремиерот Никола Груевски преку статус на „Фејсбук“ ја коментираше замислата што ја имала неговата Влада за креирање на меѓународна финансиска зона во Скопје.

„Во некои медиуми прочитав текст со многу невистини поврзан со замислата на владата која ја предводев за креирање  меѓународна финансиска зона во Скопје. Текстот изобилува со многу неточни работи и информации, но ќе се осврнам само на најважните. Од првиот ден откако почнавме да разработуваме идеја за меѓународна финансиска зона, како економски тим имавме замисла дека финасиската зона нема да функционира на принцип на ‘оф-шор’. По тоа прашање немавме дилеми, како што немавме дилеми дека во никој случај зоната не смее да дозволи што било нелегално или компромитирачко, вклучувајќи каква било можност за перење на пари“, вели Груевски во статусот.

Тој додава дека идејата и визијата била да се привлечат мултинационалните финансиски компании, своите главни седишта да ги префрлат во Македонија и од тоа Македонија да има повеќестрана корист.

„Идејата беше со цел да добие кредибилитет и доверба, како и атрактивност, во зоната да важат финансиските и регулаторни закони на Англија, имаше и идеи да важат законите на Луксембург или комбинација од двете, иако повеќе преовладуваше Англија. Додадената атрактивност ќе беше што ќе понудевме прилично пониски даноци и севкупни трошоци од Англија, земја чии главен град е еден од најголемите финансиски центри во светот. Двете се земји членки на ЕУ, со законодавство усогласено со европските директиви и не сум слушнал дека се пералници на пари или некакви офшор дестинации“, додава Груевски.

„Имаше размислувања низ работните дискусии регулаторните тела кадровски да се екипираат со поранешни или речиси пензионирани висококредибилни и авторитетни личности од земјите од кои ќе се применеше законодавството, како поранешни гувернери или заменик-гувернери на централна банка на Англија или поранешни членови на комисија за хартии од вредност или поранешни членови на супервизија на осигурување, поранешни високоценети судии од Англија и други лица со високо ниво на стручност, искуство и пред сè личен кредибилитет и интегритет.  Се размислуваше такви висококредибилни и авторитетни личности на светско ниво покрај домашните претставници да влезат и во бордот на зоната, чие присуство за финансискиот свет на глобално ниво требаше да претставува гаранција за сериозноста на проектот. Само така можеше да се надеваме на финансиски центар кој би бил меѓународно респектиран и кредибилен.

За таа цел беше потребна промена на уставот во смисла дека со посебен закон на одреден дел од територијата на земјата може да се примени законодавството на друга држава. Имаше повеќе меѓународни консултанти кои преку повеќе мои соработници се понудија да дадат идеи и да пружат услуги во развојот на таа идеја. Се сеќавам дека имаше некои од Германија или Швајцарија и од други, главно европски држави, но не исклучувам некои од нив да биле регистрирани во Лондон. Ги слушавме идеите и предлозите на сите нив, но ние градевме наш, а не нивен концепт. Нашиот концепт се засноваше на финансиска зона со многу висок кредибилитет, прифатена од ММФ и ЕУ и контролирана од нив.

Не можам да знам дали некој од нив имал нечесни намери и планови, но знам дека ние имавме чесни намери со кои, доколку проектот се спроведеше, Македонија ќе добиеше една сериозна додадена вредност во финансиската сфера, сериозни приливи во буџетот, вработување, знаење и искуство на стотици и илјадници наши граѓани, а корист ќе имаа и услужните дејности, како многу сметководители, адвокати, авиокомпании, хотели, агенции за недвижности, ресторанти, кетеринг-служби, рент-а-кар агенции итн. имајќи  предвид дека во земјата ќе доаѓаа голем број многу богати луѓе. Со никој од заинтересираните консултанти не склучивме договор за соработка. Ако некој од нив навистина имал такви планови, како што е наведено во текстот, сигурно ќе бил многу разочаран доколку се реализираше меѓународната финансиска зона во Скопје, каков што работен наслов имаше“, додава експремиерот на социјалната мрежа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура42 минути

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион2 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет2 часа

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија2 часа

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет2 часа

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт3 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа3 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет3 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет3 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион4 часа

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија14 часа

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија17 часа

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија18 часа

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Македонија20 часа

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13. „Апелациониот...

Европа21 час

(Видео) Трамп се налути поради озборувањето, го нарече Трудо дволичен и го напушти НАТО-самитот

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја откажа прес-конференцијата и го напушти самитот на НАТО во Лондон. Непосредно пред тоа,  за...

Македонија21 час

Уставните судии не ја прифатија иницијативата на Чавков за амнестијата

Со шест наспрема три, уставните судии одлучија да не ја прифатат иницијативата на екссиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој го...

Македонија22 часа

(Видео) Вилма Русковска: Не очекував повисока казна

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели дека е задоволна од пресудата за Зоран Милески –...

Македонија23 часа

Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор

Tретообвинетиот за случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец е осуден на 3 години затвор откако тој вчера призна вина за случајот и...

Досие