Контакт

Македонија

Заев: Нема да има лидерска средба за името

Објавено пред

Нема да има лидерска средба за прашањето за името поради тоа што немаше некој посебен исчекор во Охрид на средбата меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, изјави премиерот Зоран Заев. Тој рече дека најверојатно ќе има само меѓусебно информирање меѓу него, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на државата и на шефот на опозицијата.

„Нема да има лидерска средба поради тоа што тие заклучуваат дека навистина нема нешто толку значајно што би било основа за лидерска средба. Ние го почитуваме тоа, за нас е важно да бидат сите информирани и секако да ги споделиме идеите за следните стратешки чекори. Ред е не само да се информираме туку и заемно да се консултираме за стратегиите и чекорите што ќе ги преземеме за конечно да очекуваме национално единство и консензус во државата по вака важни прашања“, рече Заев.

Во врска со пишувањата во грчките медиуми кои веќе ги пренесуваат ставовите на грчката опозиција и власт, Заев вели дека граѓаните треба да знаат дека, како што рече, Македонија и Грција водат грижа меѓусебно и дека е точно дека постојат разлики од самиот почеток.

„Разликите постоеле 27 години, но исто така е точно дека имаме и исчекор во преговарачкиот процес. Секако  не се решени работите до крај, но добро е што граѓаните на двете земји се прилично упатени, второ е добро што навистина никогаш не постоеле подобри услови за преговарачкиот процес, ниту, пак, поголема извесност за пронаоѓање решение на овој горлив проблем. Јас само испраќам порака дека треба да продолжиме навистина со заемна грижа за позициите од другата страна на преговорите, буквално ние да водиме грижа за грчката страна, а и тие за нашата страна за да можеме до крај да се обидеме да направиме сè, со целата памет што ја имаме, со целата креативност, двете страни да бидат задоволни од конечното решение и подеднакво незадоволни“, рече Заев.

Тој вели дека воопшто не размислува дека нема да се постигне компромис меѓу двете земји.

„Ако не се постигне, веројатно ќе продолжиме со разговорите, реформите ќе продолжат во државата, економијата ќе продолжи. Оваа е важна лента по која се движи Македонија, но и неколку други ленти се исто така отворени. Знам дека и да не најдеме решение на проблемот со Грција мораме да градиме пријателство. Јас ќе продолжам да градам пријателство, ќе подадам рака и ќе се обидувам за два месеци, за пет месеци, за година дена да се изнајде решение“, рече Заев.

Македонија

Викендов второ прскање против комарци во Скопје

Објавено пред

Од

Градот Скопје известува дека претстојниов викенд ќе почне втората дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на град Скопје.

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот ќе се одвива в сабота и в недела во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција ќе почне в недела и ќе заврши најдоцна до четврток, во периодот од 23 до 4 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Прикажи повеќе...

Македонија

Да не се шпекулира дека смртта на родилката е поврзана со породувањето, велат од Здравство

Објавено пред

Од

Триесет и едногодишна родилка од Гевгелија вчера почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Од Министерството за здравство апелираат да не се шпекулира дека смртта е поврзана со породувањето со оглед на тоа што таа била донесена во Клиничкиот центар пет дена по породувањето. Од таму велат дека е потребно да се почека обдукцискиот наод за да се утврдат точните причини за смртта.

„Министерството за здравство е запознаено со случајот на 31-годишната родилка која била донесена од Општата болница во Гевгелија петтиот ден по породувањето поради епилептични напади од непознато потекло во Клиничкиот центар во Скопје“, се вели во соопштението.

Од КАРИЛ информираат дека родилката била примена во исклучително тешка состојба и дека било постапено во согласност со сите протоколи.

„Направени се сите иследувања, но по две недели во кома, починала и телото е предадено на обдукција“, велат од КАРИЛ.

Од МЗ велат дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат постапува во рамките на своите надлежности и дека се врши вонреден инспекциски надзор во болницата во Гевгелија и кај матичниот гинеколог на починатата родилка.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше на дневен ред на собраниската Комисија за европски прашања. Со оглед на тоа што амандманите беа поднесени непосредно пред почетокот на Комисијата, таа за кусо време беше одложена за да се архивираат и преведат амандманите.

ВМРО-ДПМНЕ претходно побара да не се усвои дневниот ред на Комисијата за да не почне да тече рокот за разгледување на амандманите.

Според Деловникот, Комисијата има два дена за да ги разгледа амандманите и да гласа за измените на Изборниот законик што ги предложи Владата.

Амандманите треба да бидат заведени во архивата, да бидат преведени и потоа да бидат ставени на дневен ред за да почне расправата по нив. Претседателот на Комисијата, Артан Груби, рече дека гласањето за измените може да биде в сабота кога истекува рокот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше...

Македонија8 часа

Власта бескомпромисна за амнестијата, од опозицијата велат дека не ни разговараат за тоа

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба рече дека нема да има амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Македонија8 часа

(Видео) Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача Мицкоски

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашање...

Македонија8 часа

(Видео) Заев: Броени се деновите до референдумот, решение за ДИК на следната лидерска средба

Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната...

Македонија9 часа

(Видео) Ахмети: Очекувам решение во наредните денови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба, рече дека постојат разлики меѓу партиите и дека очекува храброст од сите...

Македонија9 часа

(Видео) Касами: Државата е во критична состојба

Беса цени дека државата е во критична состојба и во сериозна позиција за да продолжи со процесот за евроинтеграции, изјави...

Топ9 часа

Обвинение за три лица што тргувале со малолетничка и сексуално ја искористувале

Основното јавно обвинителство денеска до надлежен суд поднесе обвинение против еднa жена за сторено кривично дело трговија со дете, а...

Топ10 часа

Власта бара гаранции за успешен референдум, опозицијата реагира дека дошле неспремни на лидерска

По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот. Според неофицијалните информации што...

sovetnicka, vlada, dolg sovetnicka, vlada, dolg
Македонија11 час

(Видео) Советничка на Заев стопирала наплаќање долг кон приватна фирма, сопствениците ќе останат на улица

Петнаесет лица, сопственици на кумановската фирма „Кридеа“, стравуваат дека ќе станат  бездомници бидејќи испорачувале услуги за државната фирма „Економија Идризово“,...

Македонија11 час

Власта и опозицијата едногласни – пратениците ја изгласаа Декларацијата за членство во НАТО

Со 76 гласа „за“, без „воздржани“ и „против“, пратениците ја изгласаа Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија...

Македонија13 часа

(Видео) Четворицата лидери пристигнаа на средбата во Клубот на пратеници

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца од власта. На средбата учествуваат...

Македонија13 часа

Нема фер пристап на референдумот ако цензусот се книжи како „против“

Поважно од карактерот на референдумот е фактот дали политичките партии ќе ги почитуваат резултатите, велат експретседателот на Собранието, Стојан Андов,...

Македонија13 часа

Села нема покана, Касами доаѓа на лидерска

Денешната лидерска средба, која е закажана за напладне, треба да се одржи во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца...

Македонија14 часа

Советот за етика бара Владата да го испита инцидентот со фоторепортерите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во...

Свет15 часа

(Видео) Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските...

Регион15 часа

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот...

Свет15 часа

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени од страна на спасувачки тимови на вчерашната прес-конференцијата...

Европа15 часа

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал...

Македонија1 ден

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција?

По завршувањето на лидерската средба, на која присуствуваа претставници на политичките партии за договарање на деталите за референдумот, премиерот и...

Досие